Спорт
Шакира првпат отворено за разделбата со Пике: Нашиот развод не е вообичаен
Колумбиската поп-дива Шакира првпат јавно проговори за шокантната разделба со фудбалерот на Барселона Жерард Пике по 12 години заедно, но реши да не ја коментира неговата врска со многу помлада жена. 45-годишната Шакира во интервју за магазинот „Еле“ зборуваше за врската со 35-годишниот Пике и за нивните деца, 9-годишниот Милан и 7-годишниот Саша.
„Тешко е да се зборува за личните работи, посебно бидејќи ова е првпат да ја коментирам ситуацијата. Останав тивка и се обидов да ги процесирам работите, бидејќи уште поминуваме низ тоа во очите на јавноста и нашата разделба не е вообичаена. Беше многу тешко за мене и за моите деца, кои се обидов да ги заштитам. Но, кога ќе слушнат работи во училиште или ќе наидат на некои непријатни вести на интернет, тоа влијае на нив“, вели Шакира.
Двојката ја објави разделбата во јуни, а Пике веќе е во врска со 23-годишната студентка Клара Кија Марти, но Шакира не сакаше да го коментира тоа.
„Некои детали се премногу лични за да се споделат. Барем во овој момент, кога работите се свежи. Само ќе кажам дека дадов сè што имам за таа врска и моето семејство. Во нашиот живот, каков што беше, еден мораше да се жртвува. И го направив тоа. Ја ставив кариерата во втор план, дојдов во Шпанија за да го поддржам и тој да има шанса да игра фудбал и да освојува титули. Така, моите деца имаа мајка која беше постојано присутна и затоа имаме таква нераскинлива врска“, објаснува Шакира.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

