Контакт

Спорт

Шаќири се повлече од швајцарската репрезентација

Објавено пред

Џердан Шаќири по 14 години реши да се повлече од швајцарската репрезентација Својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи, поточно преку својот Инстаграм профил.

dobivaj vesti na viber

„Седум турнири, многу голови, 14 години во швајцарската репрезентација и незаборавни моменти. Време е да се збогуваме. Остануваат одлични спомени и време е да се збогувам со сите. Благодарам”, напиша Шаќири.

Шаќири за швајцарската репрезентација одигра 125 натпревари и постигна 32 гола.

Шаќири е првиот европски играч кој постигнал гол во шест последователни големи натпреварувања. Серијата ја започната на Светското првенство во 2014 година. Тогаш беше стрелец за Швајцарија против Хондурас, па погоди на ЕП две години подоцна, па на уште едно СП, па на ЕУРО 2020, а постигна гол и на Мундијалот во Катар.
На ЕУРО 2024, кое заврши вчера, во фазата по групи постигна гол против селекцијата на Шкотска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Дибала ја прифатил понудата од Саудиска Арабија

Објавено пред

Паоло Дибала до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Рома. Аргентинецот решил а ја прифати понудата од Саудиска Арабија. Од Ал Кадисија му понудиле три годишен договор тежок 75.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Трансферот на Дибала во Саудиска Арабија ќе биде реализиран кога клубот ќе постигне договор со Рома. „Волчицата“ ќе добие само трошки од заминувањето на Дибала. Според исталијанските медиуми од Ал Кадисија понудила само 3.000.000 евра како обесштетување.

Тренер на Ал Кадисија е Шпанецот Мичел, сопственик е најбогатата компанија во светот, нафтениот гигант Арамко.

Прикажи повеќе...

Спорт

По Гундоган, крај и за Нојер

Објавено пред

Долгогодишниот прв голман на германската репрезентација Мануел Нојер денеска објави дека става крај на репрезентативната кариера!

dobivaj vesti na viber

По Илкај Гундоган, а претходно и Томас Крос и Томас Милер, од „панцерите“ се прости уште еден столб на Германија – Мануел Нојер.

Голманот на Баерн помина 15 години на голот за Германија, а за тоа време забележа 124 настапи и го освои најважниот трофеј – Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Германските медиуми истакнуваат дека сега веќе нема никаква дилема и дека голманот на Барселона Марк-Андре Тер-Штеген по 10 години ќе ја дочека позицијата број 1 меѓу стативите.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мартинес уште пет години ќе остане во Астон Вила

Објавено пред

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез го продолжи договорот со Астон Вила.

dobivaj vesti na viber

Легендарниот Дибу ваквата успешна кариера ја продолжува во тимот од Бирмингем со кој минатата сезона избори пласман во Лигата на шампионите.

Мартинез моментално е еден од најдобрите голмани во светот. Ова особено се однесува на настапите во репрезентацијата на Аргентина, со која ги освои Светското првенство и Копа Америка.

Аргентинецот во тимот на Астон Вила дојде во 2020 година и според новиот договор ќе остане во тимот до 2029 година.

Пред тоа, тој помина речиси осум години во тимот на Арсенал, но за сето тоа време одигра само 15 натпревари, додека кариерата најмногу ја мина на позајмица во други клубови.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион24 минути

Одекна експлозија во Сараево

Во местото Илијаш, недалеку од Сараево, во текот на ноќта имало пожар, на кој, според сведоштвата на мештаните, му претходела...

Свет33 минути

Најмалку 11 лица загинаа во израелските напади на северот на Газа

Најмалку 11 лица загинаа утрово во израелски напад врз станбена зграда во градот Беит Лахиа во северниот дел на Газа,...

Регион35 минути

Земјотрес со јачина од 4,2 степени во близина на Родос

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала се случи рано утринава во близина на грчкиот остров Родос. Епицентарот...

Свет52 минути

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди Кина

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди автономната област Ксинџијанг во северозападна Кина, а засега...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна

Данела Арсовска имаше разочарувачко лошо интервју, во кое се натпреваруваше со дното. Сите други и се виновни, само таа не...

Македонија15 часа

Покачувањето на пензиите води кон зголемување на старосната граница за пензионирање и покачување на придонесот за пензиско, предупредуваат експертите

За едни очекувано и неопходно за други неправедно и неправично, линеарното покачување на пензиите од 2.500 денари, кое треба да...

Македонија18 часа

(Видео) Тошковски: Целосно расчистено убиството пред трговскиот центар „Мавровка“

„СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела убиство и убиство во обид, кои беа извршени на 20.8.2024 на паркинг-просторот зад...

Македонија18 часа

Еден осомничен за убиството кај „Мавровка“, обид за убиство и недозволено поседување оружје

По поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице, Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување...

Македонија19 часа

Мицкоски: Пајазити има многу пресуди кои се дискутабилни, оставам на Судскиот совет да одлучи за неговата кариера

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за улогата на Блерим Рамадани во Македонија...

Регион20 часа

(Видео) Детали за масакрот во БиХ: домарот на училиштето ги убил директорот, секретарот и еден професор, откриен и мотивот

Се случи масакр во средното училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина. Полицијата потврди дека во нападот загинале директорот...

Македонија22 часа

(Видео) Наим Рамука, а не раководителот на смена, е тој што одобрил незаконско поминување на границата, вели Кузеска

Под притисок на СДСМ, Панче Тошковски ги потврди сите објавени информации за скандалот со свадбената поворка на Африм Гаши и...

Македонија22 часа

Лекари од приватното здравство сакаат да се вратат во јавните болници, ќе се ангажираат таму каде што нема кадар

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека на седница на Владата се дискутирало за изнаоѓање решение со кое ќе...

Скопје22 часа

(Видео) „Наместо да се препукуваат за хаосот во Скопје, Мицкоски и Арсовска да се фатат за работа“, вели Шутаров

„Советничката група на СДСМ во Советот на Град како опозиција секогаш делувала исклучиво во интересите на граѓаните на Град Скопје....

Македонија22 часа

Позитивната листа дополнета со лекови за висок притисок, срцеви заболувања, антиагреганси, лекови за третман на депресија, појасни Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека девет лека стануваат дел од позитивната листа. Според министерот, станува збор за девет...

Македонија23 часа

Македонски концепт: Алијансата за Албанците како докажани соработници на корумпираните елити на ДУИ и Ахмети имаат најмалку право да зборуваат за морал, правичност или заштита на граѓанските права

Во одговор на неодамнешното соопштение од Алијанса за Албанците, Македонски Концепт истакнува дека обвинувањата и навредите кои тие ги пласираат...

Свет23 часа

Медведев: По нападот на регионот Курск, нема преговори со Украина

По нападот на Киев врз областа Курск, Русија нема да води никакви преговори со Украина додека непријателот не биде целосно...

Македонија24 часа

Дали Блерим Рамадани бил на Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Дали Блерим Рамадани бил на Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дали...

Македонија24 часа

ДУИ: Скандалозно, „Вреди“ ги нарекува албанските администратори мувлосани

Не поминува ден без скандал. Демократската унија за интеграција е шокирана од секојдневните навреди на вредните вазали, поразени на претседателските...

Свет1 ден

(Видео) Обама за Трамп: „Тој е опседнат со величина“

Поранешниот американски претседател Барак Обама го исмеваше поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп за време на говорот на Националната...

Македонија1 ден

„Вреди“: Апелираме до Димитриевски да не ѝ прави ќеф на ДУИ

Секој политички субјект има демократско право да си гради идентитет врз основа на сопствените уверувања. Не мора да се согласуваме...