Спорт
Шампионот Баерн се сопна во Берлин

Унион Берлин усепаја да освојат бод во дуелот со Баерн Минхен. Во 11.коло, екипата од германската престолнина одигра 1:1 со актуелните германски и европски шампиони.
Унион Берлин, на самиот почеток постигнаа гол. Во четвртата минута, Промел го совлада Нојер.
Двата тима потоа имаа свои шанси, но резултатот не се менуваше до 67.минута, кога гол постигна Левандовски.
До крајот на натпреварот, голманот на Унион Берлин со брилијантна интервенција го спречи Сане да постигне гол.
Баерн остана лидер на табелата, но сега првото место го дели со Лајпциг. Унион Берлин се наоѓа на шестото место со 17 бодови, колку што имаат Штутгарт и Борусија Менхенгладбах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Стоичков и легендите на бугарскиот фудбал ќе им помагаат на повредените во трагијата во Кочани

Фондацијата „Национали 94“ од Бугарија составена од легендарните фудбалери Христо Сотичков, Красимир Балаков и Борислав Михаилов, кои беа дела од репрезентацијата на Мундијалот во 1994 година во САД, изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани.
Пожарот во нелегалната дискотека „Пулс“ ги однесе животите на 59 лица, а преку 150 се повредени.
„Трагедијата не бира ниту датум, ниту време. По неа останаа само солзи и неизлечива болка! Ние од Фондацијата „Национали 94“ сакаме да изразиме најискрено сочувство до семејствата на загинатите во Кочани. Фудбалот сите нас нѐ спријатели со луѓето од Македонија. Сега е најважно да им дадеме да им дадеме поддршка. Се молиме за повредените. Бог да биде со нив!“, се вели во соопштението.
Фондацијата „Национали 94“, најави е и финансиска помош и донација за погодените семејства во трагедијата во Кочани.
Спорт
Лајпциг бара 80 милиони евра за Чави Симонс

Играчот од средниот ред Чави Симонс е подготвен да го напушти Лајпциг, а германскиот клуб е подготвен за преговори.
Новинарот Флоријан Плетенберг денеска откри дека Лајпциг бара 80 милиони евра за неговиот трансфер.
Лајпциг оваа зима го откупи договорот на Чави Симонс од ПСЖ за 50 милиони евра и очекува добра добивка од најмалку 30 милиони евра.
Чави Симонс пристигна во Лајпциг на позајмица во летото 2023 година, подоцна не сакаше да се врати во Париз, па ПСЖ во јануари го продаде на Германците.
Тој е „дете“ на Барселона, но како тинејџер замина во ПСЖ на слободен трансфер во 2019 година.
Тој летово беше поврзуван со Баерн Минхен, но се споменуваа и некои премиерлигаши.
Симонс може да игра на неколку позиции во нападот и средниот ред, останува да се види кој ќе плати 80 милиони евра за неговиот потпис.
Спорт
Јанелт ќе игра за Босна и Херцеговина

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина успеа да извојува голема административна победа.
Во овој квалификациски циклус Витали Јанелт ќе може да го носи дресот на оваа репрезентација.
Овој фудбалер кој е роден во Германија, поточно во Хамбург во 1998 година, до моментот кога се оженил за Босанка нема никаква врска со Босна и тоа било доволна причина да добие државјанство.
Тој нема да биде во составот за стартот на мундијалските квалификации против Романија и Кипар, но Германецот треба да го облече дресот на БиХ веќе во јуни, на натпреварите против Сан Марино и Словенија.
Јанелт е играч на Брентфорд и оваа сезона одигра 28 натпревари во Премиер лигата.
Според веб-страницата „Трансфермаркт“, вредноста на новиот фудбалер на Босна и Херцеговина се проценува на 22 милиони евра.