Спорт
Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Фудбалскиот сојуз на Шпанија не го прифати барањето на реал Мадрид, 36.шампионска титула да им биде врачена по натпреварот со Алавес на 14.мај.
Реал, во саботата, математички ја обезбеди шампионската титула во Шпанија. Планот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија беше трофејот на „кралскиот клуб“ да му биде врачен во сабота во Гранада.
Овој предлог Реал го одби од почит кон противникот. Одбија да слават на теренот на тимот кој испаѓа од Примера.
Поради тоа Флорентино Перез побара титулата на играчите да им биде врачена на 14.мај кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува Алавес. Овој предлог Фудбалскиот сојуз на Шпанија го одби и најави дека трофејот ќе биде врачен во 12 мај наутро во тренинг центарот на Реал во Валдебебас, зад затворени врати.
Федерацијата го извести Реал Мадрид да ги извести играчите дека треба да бидат во Валдебебас во недела наутро, бидејќи планот е церемонијата да се во 9:30 часот, а на доделувањето на трофејот нема да присуствуваат навивачите.
Трофејот ќе го врачи претседателот на шпанската фудбалска федерација Педро Роча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фалкао ќе игра фудбал во третата шпанска лига

Радамел Фалкао, некогаш еден од најдобрите напаѓачи во светот, нема намера да се пензионира.
Брилијантниот централен напаѓач е слободен агент откако се раздели со Милионарис, клубот од неговата татковина. Колумбискиот напаѓач добил интерсна понуда од третата дивизија на Шпанија. Интерес за него покажа Мурсија.
На Фалкао му беше претставен амбициозен проект, а планот е клубот веднаш да стигне до втората лига, а главната улога би ја играл поранешен член на Атлетико Мадрид.
Искусниот централен напаѓач сериозно ја разгледува оваа опција, а претседателот на Мурсија, Фелипе Морено, верува дека двете страни ќе се согласат на соработка.
Спорт
Вест Хем најде голман во Лестер

Мадс Хермансен се пресели од Лестер во Вест Хем.
Данскиот голман потпиша петгодишен договор со „Чеканите“, кои платија 23 милиони евра за него, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
„Навивачите можат да очекуваат од мене да донесам добра енергија за да му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Среќен сум што се приклучив на Вест Хем, одлуката да дојдам тука беше многу лесна. Слушнав многу добри работи за клубот, играв против Вест Хем во Лондон минатата сезона и тоа беше одлично искуство. Олимпискиот стадион е неверојатен со гласни, страствени навивачи, тоа е она за што сонувате“, рече Хермансен, кој ќе го носи дресот со број еден во својот нов клуб.
Хермансен одигра 28 натпревари за Лестер во сите натпреварувања минатата сезона. Во текот на својата кариера, тој настапуваше и за Брондби.
Вест Хем ќе биде домаќин на Сандерленд во првото коло од Премиер лигата на 16 август.
Спорт
Њукасл нема да го пушти Исак ова лето

„Ливерпул Ехо“, медиум кој е апсолутно наклонет кон клубовите од нивниот град и за тоа е награден со ексклузивни информации и од црвениот и од синиот табор, објави оваа сабота дека трансферот на Александар Исак ова лето нема да се случи.
„Њукасл јунајтед е решен да го држи Александар Исак колку што е потребно пред да се согласи на трансфер во Ливерпул ова лето“, објави Ехо.
Незадоволниот Швеѓанец се труди да изнуди преселба од „Сент Џејмс Парк“, пред почетокот на сезоната 2025/26.
„Црвените“ нудат 127 милиони евра за напаѓачот, но Њукасл ја одби понудата, главно затоа што не е во можност да ангажира соодветна замена во нападот.
Последниот во низата фудбалери кои избраа други клубови и им се заблагодарија на црно-белите е Бенјамин Шешко.