Спорт
Шефот на ИОЦ збесна: Зошто не коментираа за другите 70 војни низ светот

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах вели дека е крајно разочаран од критиките од дел од европските влади на планот на ИОЦ за „постепено“ враќање на руските и белоруските спортисти во интернационалните натпреварувања, велејќи дека се работи за дволичен чин кој ја нарушува автономијата на спортот.
ИОЦ вчера ги објави препораките за интернационалните федерации за враќање на Русите и Белорусите за да можат да „бркаат“ олимписки норми, по што владите на Украина, Полска и Чешка јавно реагираа со порака дека тие не заслужуваат место во светскиот спорт додека трае војната.
„Понижувачки е да се види дека некои влади не сакаат да го почитуваат мнозинството во олимпиското движење, ниту автономијата на спортот. Понижувачки е да не се посочи на двојните стандарди. Не сме виделе коментар за учество на спортисти од земји од други 70 војни и воени конфликти низ светот. Ваквите интервенции само ќе го засилат олимпиското движење. Владите не смеат да одредуваат кои спортисти ќе учествуваат на натпреварувања. Тоа би значело крај на светскиот спорт каков што го познаваме“, вели Бах во изјава за „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марко Верати го купува клубот каде што ја започна кариерата

Италијанскиот фудбалер Марко Верати сака да го купи клубот каде што ја започна импресивната кариера.
Во текот на кариерата, која се уште трае, Верати заработил значителна сума пари, пред сè благодарение на долгогодишното играње за Пари Сен Жермен. Дресот на „светците“ го носеше 11 сезони. Потоа се пресели во Ал-Араби, во 2023 година.
Според италијанските медиуми, тој одлучил дел од своето богатство да го инвестира во клубот каде што ја започнал кариерата.
Тие понатаму наведуваат дека Верати е блиску до купување на значаен удел во Пескара, клубот на кој му се приклучи во 2008 година.
Иако нема да има мнозински удел, се очекува да купи околу 40 проценти од акциите, за кои треба да издвои приближно 1,5 милиони евра.
Според информациите што ги објави „Ил Центро“, 32-годишниот играч од средниот ред веќе потпишал прелиминарен договор и сите формалности треба да бидат завршени во текот на следните неколку недели.
Во сезоната 2024/25, Пескара учествуваше во Серија Ц, заврши на четвртото место, а останува да се види дали клубот може да направи чекор кон повисок ранг со помош на Верати.
Спорт
Дукуре го напушта Евертон

Поранешниот репрезентативец на Мали, Абдулае Дукуре, го напушта Евертон во јуни, објави клубот од Ливерпул.
„Абдулае Дукуре ќе го напушти Евертон кога ќе му истече договорот во јуни“, се вели во соопштението на деветкратниот шампион на Англија.
Дукуре (32) е роден во Франција, но играше за сениорската репрезентација на Мали. Тој е во Евертон од 2020 година и одигра 165 натпревари за клубот во сите натпреварувања и постигна 21 гол.
Пред Евертон, Дукуре играше во Англија за Вотфорд, како и за шпанска Гранада и француски Рен.
Спорт
(Видео) Пеп се расплака додека Де Брујне го држеше својот проштален говор

Манчестер сити го победи Борнмут со 3:1 во претпоследното, 37-мо коло од Премиер лигата. Кевин Де Брујне го одигра последниот натпревар во светло синиот дрес пред домашната публика. Еден од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата го напушта клубот по 10 години како слободен играч.
Клубот го искористи последниот натпревар од сезоната на „Етихад“ за да се збогува со фудбалерот, за кого многумина тврдат дека е најдобриот што играл за Сити.
Де Брујне ја напушти играта во 69-та минута со овации, а по натпреварот се збогува со клубот со трогателен говор.
Додека го слушаше Де Брујне, Пеп Гвардиола се расплака.
Pep Guardiola crying at KDB’s farewell I’m hurt pic.twitter.com/DVxLLAy8za
— ⚡️🇧🇼 (@Priceless_MCI) May 20, 2025
Белгискиот офанзивен играч од средниот ред дојде во 2015 година од Волфсбург за сума од 75 милиони евра, што тогаш беше рекордна сума што Сити ја плати за играч. Оттогаш, КДБ одигра 421 натпревар за Сити, постигна 107 гола и забележа 177 асистенции.
Тој освои шест англиски титули, една Лига на шампиони, два ФА купа и пет Лига купови. Два пати беше прогласен за најдобар играч на сезоната од Премиер лигата и Здружението на фудбалски професионалци, а пет пати беше избран во тимот на сезоната на англиското првенство.