Спорт
Шефот на Премиерлигата не е загрижен од саудиската фудбалска „инвазија“
Ричард Мастерс, извршниот директор на англиската Премиерлига вели дека во моментов не е „премногу загрижен“ за растечкото влијание на парите од Саудиска Арабија во фудбалскиот свет.
Кристијано Роналдо си замина од Манчестер јунајтед и потпиша за Ал-Наср во јануари, по што ова лето, голем број на фудбалски имиња му се приклучија, како Карим Бензема, Роберто Фирмино, Калиду Кулибали, а Ал-Ахли денеска даде рекордна понуда од 300 милиони евра за ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.
„Нешто очигледно се случува, а Саудиската Про лига јавно порача дека планира да биде топ 10 лига до 2030 година. Тие инвестираат во играчи и во тренери во обид да го кренат профилот на лигата и на клубовите. На англиската Премиерлига и беа потребни 30 години да дојдеме во позицијата која ја имаме со приходите за клубовите. Во моментов не сум загрижен, а саудиските клубови имаат право да купуваат играчи како сите други. Премиерлигата носи 6 милијарди фунти годишно во приходи и затоа растеме“, вели Мастерс за „Би-би-си“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

