Спорт
Шефовите признаваат – може нема да има Ф1-трки во 2020
Претседателот на Формула 1, Чејс Кери, призна дека сопствениците на спортот се подготвуваат за можноста во 2020 година да нема ниту една трка. Кери во изјава за Би-би-си вели дека фокусот е како да се покријат губитоците поради отсуството на трки.
„Сепак, ние сме постојано уверени, без гаранции, дека ќе имаме шампионски трки во 2020 година“, вели Кери.
Ова доаѓа по вестите дека Формула 1 во првиот квартал на 2020 година има 84 отсто помалку приходи од 2019. Во 2020 спортот заработил 39 милиони долари во споредба со 246 милиони долари во истиот период минатата година. Овие цифри покажуваат дека на Ф1 итно ѝ се потребни трки за да се одржи спортот.
Кери потврди дека целта е да се почне сезоната на австриската патека Ред бул ринг со трка во првата недела од јули по што би следувала и втора трка една недела подоцна. Шампионатот би имал од 15 до 18 трки, низа европски трки во август и септември пред азиските трки во финишот на годината.
„Очекуваме европските трки да бидат без гледачи, а за понатаму ќе видиме, иако се надеваме дека на некои од трките ќе може да има навивачи“, додава Кери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

