Спорт
Шејн Ларкин: Нула на дресот носам оти толку луѓе веруваа во мене
Американскиот кошаркар Шејн Ларкин во дресот на Анадолу Ефес прерасна во еден од најдобрите кошаркари во Европа. Рекордер е по бројот на постигнати поени на еден меч во Евролигата (49).
Во разговор за израелскиот портал „Vala“, Ларкин појасни зошто го носи бројот нула на дресот.
„Кога ќе ме погледнете, ќе разберете дека не изгледам како кошаркар. Не сум највисок, ниту најјак. Додека растев никој не веруваше дека во НБА ќе стигнам од првата рунда на драфтот, дека ќе го освојам АЦЦ шампионатот, дека во Европа ќе оборувам шутерски рекорди и ќе бидам така доминантен. Така одлучив бројот на дресот да ми е нула. Тој број претставува колку луѓе веруваа дека ќе стигнам таму каде што сум денес. Тоа е нешто што ме мотивира. Кога ќе одиграм лошо или ќе осетам болка, ќе погледам на градите и ја гледам целата приказна која ме потсетува дека морам да се борам и кога не оди најдобро“ вели Ларкин.
За неговиот тренер, Ергин Атаман американскиот кошаркар вели дека не запознал тренер со поголема самодоверба.
„Ниту еден тренер со кој сум работел нема таква самодоверба, која ја пренесува на нас. Многу се разликува од останатите тренери во Евролигата кои веруваат дека се би требало да биде во нивните раце и на нивниот начин“ смета тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико остана без Ле Норман
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин ле Норман, го повреди левото колено на натпреварот против Унион Сен Жилоа во Лигата на шампионите, објави денес неговиот клуб.
Атлетико Мадрид го победи Унион со 3:1, а Ле Норман се повреди во средишницата на првото полувреме, по дуелот со Адем Зорган.
Клубот објави дека станува збор за сериозна повреда на левото колено, но дека не се оштетени лигаментите и менискусот.
Атлетико не соопшти колку долго 28-годишниот дефанзивец ќе биде надвор од терените.
Спорт
Црвена звезда ја продолжи победничката низа, го декласира Панатинаикос во Белград
Кошаракарите на Црвена звезда ја запишаа седмата последовна победа во Евролигата. На отворањето на деветтото коло, во Белград, Црвена звезда го декласира Панатинаикос со 86:68 (20:12, 26:20, 21:8, 19:28)
.
Црвена звезда го надигра европскиот првак од пред две сезони и го изедначи клупскиот рекорд од седум последователни победи во Евролигата.
32.минути црвено-белите доминираа во нападот и одбраната, славеа со 18 разлика со само три погодени троки од 22 обиди.
Домашните „лета“ по теренот 32 минути кога стекнаа предност од 28 поени. Тука застанаа, Панатинаикос го искористи тоа со серија тројки се доближи на негатива од 13 поени, но поблиску од тоа не можеа.
До победата Црвена звезда ја предводеа Мекинтаер со 14 поени, 9 скока и 7 асистенции, Монеке забележа 14 поени и 8 скока, Добриќ 10 поени. Кај Панатинаикос се истакнаа Слукас со 16 поени (10 од нив во последната четвртина) и Осман со 14.
Главниот играч на Панатинаикос, Кендик Нан одигра скандалозен меч, постигна шест поени имаше и нереални седум изгубени топки. Кога го напушти теренот поради петтиот фаул, публиката иронично му скандираше „MВП, MВП“ алудирајќи на наградата за минатата сезона.
Спорт
(Видео) Само бод за Челзи во Карабаг, Пафос го шокира Виљареал
Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2).
Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар за Пафос, од четири, во кој не прими гол(Олимпијакос, Каират, Виљареал).
Доживеаја само пораз од Баерн (1:5).
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Холанѓанецот Дерик Лукасен во 47-та минута кога авторитативно скокна на првата статива и ја затресе мрежата на гостите.
Резултатите на Карабаг во Лигата на шампионите веќе не се изненадување. На домашен терен шампионот на Азербејџан одигра 2:2 со Челзи.
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска ротираше во тимот и тоа скапо го плати. Млафиот Холанѓанец Хато им подари два гола на противниците.
Естевао постигна убав гол во 16-та минута, но до 39-та Карабаг направи пресврт. Леандро Андраде изедначи во 29-та по киксот на Хато, а десет минути подоцна 19-годишниот Холанѓанец направви пенал. Стрелец од белата точка беше репрезентативецот на Црна Гора, Јанковиќ.
Бод на Челзи му обезбеди Гарначо во 53-та минута.

