Спорт
Шек е најголемата легенда – им купи лаптопи на куп деца
Шекил О’Нил е еден од најголемите НБА играчи во историјата, успешен бизнисмен, но како што уште еднаш покажа многу голем човек, и тоа не зборуваме за височината.
Четирикратниот НБА шампион неодамна потроши 200.000 долари да ги реновираат тениските терени во комплексот „Дулитл“ во Лас Вегас, и во исто време, даде ветување дека ќе им купи на сите присутни деца лаптоп доколку еден од нив успее да го погоди слободното фрлање (сегмент во кој тој не беше најдобриот на светот).
.@Shaq (and IcyHot) not only donated 200k to renovate the courts at the Doolittle Complex.
He then said if this kid makes the FT everyone gets a free laptop.
This man is a treasure. pic.twitter.com/KJph9w2ZAl
— Kevaney Martin (@KevaneyMartin) October 24, 2021
Шек вели дека секогаш сакал да биде филантроп бидејќи го така го научил неговиот татко, кој постојано донирал и помагал и покрај тоа што семејството не било во благосостојба.
„Го правам ова бидејќи така сум научен. Кога ќе видам семејство, сакам да им дадам причина за насмевка еден ден. Нема подобро нешто. Еднаш татко ми нашите хамбургери кои ги купи ги даде на еден бездомник-ветеран. Потоа ми кажа: ‘Ако некогаш успееш во животот, мораш да помогнеш на тие кои им е потребно’“, изјави Шекил.
Капа долу, мајсторе!
Шек е легенда – одбил 40 милиони од „Рибок“ за да прави евтини патики
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

