Спорт
Шекил О’Нил: И со вишок килограми Дончиќ е подобар од 99 отсто од бековите во НБА

Лука Дончиќ и понатаму е главна тема во НБА кулоарите. Сè уште јавнста е во шок по трејдот меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс, по кој Дончиќ замина во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас.
Меѓу бројните шпекулации за причините, ЕСПН објави дека една од нив е тежината на Дончиќ, која наводно е тежок 122 килограми, 20 повеќе од времето кога тој влезе во НБА.
За многумина оваа приказна нема апсолутно никаква смисла бидејќи Дончиќ и претходно имаше вишок килограми, но и покрај тоа беше и еден од најдобрите кошаркари во светот.
За ова зборуваше и легендарниот Шекил О’Нил.
„Треба да знам кој е точно терминот. За што зборувате? Кога велите дека не е во форма, дали е дебел? Дебелиот Лука Дончиќ е подобар од 99,9 отсто од бековите во НБА“, рече О’Нил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо останува – ќе игра дури и на 43 години

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо одлучи да остане во Ал Наср.
Како што објави Фабрицио Романо, само формалности го делат 40-годишникот од останувањето во Саудиска Арабија.
Тој треба да потпише едногодишно или двегодишно продолжување на соработката со клубот, во зависност од тоа што играчот претпочита. Доколку се одлучи за втората опција, тоа значи дека сè уште би играл фудбал професионално на 43 години.
Тој потпиша за Ал Наср во јануари 2023 година и оттогаш одигра 105 натпревари и постигна 93 гола. Моментално има 938 гола во кариерата и е главната мотивација за него да продолжи да игра 1.000 гола.
Минатата сезона, тој постигна 35 гола на 41 натпревар и имаше четири асистенции.
Тој одигра 221 натпревар и постигна 138 гола за Португалија. Неодамна го освои својот трет трофеј со репрезентацијата, славејќи во финалето на Лигата на нации по втор пат во кариерата.
Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.