Спорт
Шекил О’Нил: САД нема да го освојат златото на ОИ во 2028
Легендата на НБА, Шекил О’Нил во ексклузивно интервју за германски „Билд“, изјави дека европската кошарка по квалитетот ја стигнала НБА лигата и дека разликите кои некогаш постоеле веќе не се толку изразени.
О’Нил верува дека европските репрезентации сега можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите тимови во светот.
„Ги гледав натпреварите на Светското првенство во Манила и не сум изненаден што Германија ги победи САД. Кога играв бевме многу пред Европа, но тоа се смени, не стигнавте. Сигурен сум дека репрезентацијата на САД нема да освои злато на Олимпијадата во Лос Анџелес“, рече тој.
О’Нил особено ја истакна Србија како нација која има потенцијал да направи големи работи на претстојните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.
„Леброн Џејмс повеќе нема да игра, веројатно нема да игра ниту Кевин Дурант или Стеф Кари. Не гледам дека тие што доаѓаат можат да ја продолжат својата доминација. Европските тимови се многу добри. Србија, Хрватска и Германија, сите можат да освојат злато на Олимпијадата во 2028 година“, истакна тој.
Да потсетиме, репрезентацијата на САД славеше на неодамнешните Олимписки игри во Париз, во финалето ја победи Франција.
Пред тоа во драматично полуфинале Американците се соочија со Србија и едвај успеаја да победат. Тоа полуфинале беше доказ за напредокот на европската кошарка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Само што дојде во Џирона, Тер Штеген се повреди
Марк-Андре Тер Штеген доживеа нова повреда.
Тој штотуку пристигна во Џирона, како позајмен од Барселона, а поради повредата тој би можел експресно да се врати на „Ноу Камп“.
Каталонски извори денес потврдија дека Тер Штеген доживеал повреда на мускулот што ќе го оддалечи од терените помеѓу два и три месеци.
Не е невозможно Џирона да ја прекине позајмицата бидејќи паузата со која се соочува Германецот воопшто не е кратка. Џирона има проблем, бидејќи остана само со Газанига, откако Ливаковиќ го напушти клубот и се врати во Динамо Загреб.
Што се однесува до Тер Штеген, сигурно е дека оваа повреда дополнително ги намали неговите шанси да биде прв голман на Германија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Foto/ EPA
Спорт
Нико Вилијамс на нова пауза
Нико Вилијамс, навистина нема среќа оваа сезона. Повторно се повреди и мора да направи уште една долга пауза.
Шпанскиот репрезентативец страда од повреда на пубалгија. Третманот што му го препишаа лекарите на клубот не донесе никаков напредок и сега ќе мора да ги променат терапиите, бидејќи Нико Вилијамс игра со болки веќе некое време.
Исто така, клубот направи ризик поради настапот во Лигата на шампионите, на крајот тој ризик не му донесе ништо добро на Атлетик. Клубот заврши на 29-то место и не се пласираше ниту во плејофот.
Сега новиот проблем е што Нико Вилијамс ќе направи пауза до крајот на март, кога е репрезентативната пауза, па сигурно е дека ќе игра за тимот на Ернесто Валверде од април.
Во среда, Атлетик Билбао ќе биде домаќин на Валенсија во Кралскиот куп, а потоа ќе има натпревари со Леванте, Овиедо, Елче, Рајо Ваљекано, Барселона, Џирна и Бетис. Сите овие натпревари Нико Вилијамс ќе ги пропушти.
Се очекува тој да биде подготвен за гостувањето кај Хетафе на 5 април.
Foto/ depositphotos
Спорт
Во Рајо бесни по поразот од Реал: Сите сте исти еб.те си ја мајката
Фудбалерите и челниците на Рајо Ваљекано го напуштија „Сантијаго Бернабеу“, огорчени од судијата откако загубија со 2:1 од Реал Мадрид. Натпреварот беше решен во 99-та минута, кога судијата Дијаз де Мера досуди пенал за Реал, кој Килијан Мбапе го претвори во гол за победа.
Спорната одлука и острите зборови што следеа можат скапо да го чинат гостинскиот тим, пишува Марка.
Судијата Дијаз де Мера ги евидентираше навредите упатени кон него од Давид Кобењо, спортскиот директор на Рајо Ваљекано, по натпреварот. Според извештајот на судијата, Кобењо постојано им викал на судиите на пат кон соблекувалната: „Секој натпревар иста приказна со вас“.
Инцидентот продолжил и подоцна.
„Кога четвртиот судија влегуваше во соблекувалната, Кобењо му се обрати викајќи и повторувајќи неколку пати: „Сите сте исти, еб.те си ја мајката“.
„Овие настани се случија во присуство на делегатите на натпреварот“, се вели во записникот.
Тренерот на Рајо Ваљекано, Ињиго Перез, не сакаше да коментира за судењето на прес-конференцијата.
„Не зборувам за судиите“, рече кратко. Додаде дека очекува долго надополнување на времето од страна на судијата, но дека тимот дејствувал сигурно.
„Видов дека тимот се бранеше доста добро во шеснаесетникот, немав чувство дека можат да постигнат гол против нас“, рече Перез.
За разлика од него, играчот Пеп Чаварија, кој беше исклучен во финишот, не ги криеше своите фрустрации на социјалните мрежи. „Ова е еден од најтажните денови откако сум на теренот. Овој тим заслужува почит. Ви благодарам навивачи на Рајо, ќе продолжиме да се бориме против сè и секого. Бог е праведен и гледа сè“, напиша Чаварија.
Марта Соријано, сопругата на играчот Иси Паласон, исто така беше многу остра во својот коментар.
Таа објави порака на социјалните мрежи со слика од кловн. „Кутри луѓе, мора да плачат, да добијат дополнителни 10 минути, да добијат пенал во последната минута и да исклучат двајца наши играчи за да го победат Рајо“, напиша Соријано и ја заврши објавата со еден збор: „Срамно!“
Foto/ EPA

