Спорт
Шервуд: За 18 месеци, Кристијано Роналдо ќе биде менаџер на Јунајтед
Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Тим Шервуд, смета дека е сосема возможо во следните 18 месеци Кристијано Роналдо да го замени Оле Гунар Солскјер како менаџер на клубот, бидејќи има доволно познавање на фудбалот.
36-годишниот Роналдо беше критикуван од Рио Фердинанд за тоа што се обидуваше да се расправа со судиите при 1:2 поразот од Јанг бојс во Лигата на шампиони, бидејќи сметаше дека тоа е работа за менаџерот. Шервуд гледа на ситуацијата поинаку.
„Мислам дека е океј што Роналдо е на линијата за тренери и Оле ќе мора да го прифати тоа. Ако донесеш такво име во својот клуб, треба да знаеш со што се соочуваш. Ова е сосема поинаков Роналдо од тој кој беше на ‘Олд Трафорд’ првиот пат. Знае што е потребно во секој момент на натпреварот и ако смета дека треба да стои до менаџерот и да дава инструкции, тогаш мора да му го дозволат тоа. Не сум сигурен дека ќе го правеше истото под Жозе Мурињо. Го видовме како го прави со Португалија во нивните мечеви, така што е јасно дека ќе биде тренер во иднина. Би се обложил дека ќе стане менаџер на Манчестер јунајтед во следните 18 месеци. Кога ќе престане со фудбалот, тој ќе биде тренер и секако ќе биде прв избор на Јунајтед. Ако освојат Премиер лига, Лига на шампиони, ФА куп, некој од тие трофеи, тогаш Солскјер ќе остане, но ако не освојат ништо имаат менаџер во својот тим. Ќе донесе некој искусен тренер со него, како Карлос Кеироз и ќе функционира подобро“, вели поранешниот играч и менаџер на Тотенхем.
Five years ago today, Cristiano Ronaldo went full-on coach mode to help Portugal win EURO 2016 ?
(?: @EURO2020)pic.twitter.com/xbcANoqJAX
— B/R Football (@brfootball) July 10, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американките во драматично финале го освоија олимпиското злато
Поделени се медалите на женскиот хокеарски турнир, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. САД го освоија златото со победа од 2:1 над Канада во финалето по продолжение. Швајцарија ја освои бронзата.
Како и во претходните три, САД и Канада се сретнаа и во ова финале. И приредија спектакл. На крајот, сè беше решено во продолжението.
Херој на третото злато за Американките беше Меган Келер. Таа го постигна победничкиот гол во петтата минута од продолжението.
Но, Канада има многу за жалење. Водеше од почетокот на вториот период со голот на Кристин О’Нил, па сè до две минути пред крајот. А потоа Хилари Најт, на асистенција на подоцнежната хероина Келер, постигна гол за 1:1 и продолжение. Во кое Келер погоди за голема победа.
И Швајцарија забележа голема победа. За третото место, ја поразија Шведска, исто така по продолжение, со 2:1, и со тоа Швајцарките го освоија својот прв олимписки медал по 12 години.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Звезда победи во Лил, Штутгарт го декласира Селтик
Фудбалерите на Лудогорец ја спасија честа на домашните тимови во Лига Европа. Во првите осум натпревари, шест победи забележаа гостите, само Лудогорец победи на домашен терен, а Панатинаикос успеа да извлече реми.
Изненадувањето на вечерта го направи Црвена звезда со победата во Лил. Српскиот првак победи со голот на Тебо Учена во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Црвено-белите доминираа против Лил и само можат да жалат што победата не е изразена со повеќе голови разлика.
Инаку, Црвена звезда ја забележе првата победа на француска почва, во својата историја. Во претходните девет гостувања, црвено-белите имаа две нерешени и седум порази.
Селтик доживеа тежок пораз од Штутгарт (1:4). Во првото полувреме се истакна Мароканецот Билал Ел Ханус, кој игра за Штутгарт како позајмен играч од Лестер Сити.
Прво, во 15-та минута, искористи „бразилска“ асистенција со петицата на Денис Ундав, а во 28-та минута реагираше добро по центаршутот на Анџело Стилер и, заборавен од домашните играчи, повторно го совлада ветеранот на Селтик, Каспер Шмајхел.
Помеѓу двата гола на Штутгарт, Бенџамин Нигрен ја искористи конфузијата во одбраната на „Швабите“.
Сепак, во вторите 45 минути, Германците беа уште поубедливи.
Првиот, со прецизен удар на Џејми Левелинг, а потоа Тијаго Томас го постави конечниот резултат на крајот од натпреварот.
Лудогорец е единствениот тим што победи на домашен терен. Шампионот на Бугарија се сретна со Ференцварош во Раздград и победи со резултат од 2:1 (1:1).
Домашниот тим поведе со голот на Кванд Ду, Деле израмни за Унгарците.
Победата за Лудогорец ја донесе Шпанецот Сон во 67-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Меншик го победи Синер
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го победи Јаник Синер во четвртфиналето на турнирот во Доха.
Меншик славеше по два часа и 13 минути борба, со 2-1 во сетови – 7:6(3), 2:6, 6:3.
Ова е втората најголема победа во неговата кариера, откако го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во Мајами минатата година.
За 20-годишниот Чех, ова беше прв дуел со Синер во кариерата, а првото полуфинале во Доха, ќе му го донесе и 13-то место на АТП листата.
Foto/ EPA

