Спорт
Шест факти за „вечниот“ Федерер на неговиот 38. роденден
Тениската легенда Роџер Федерер денеска го прославува својот 38. роденден, но не со размислувања за повлекување, туку со подготовки за Мастерсот во Синсинати следната недела, каде што ќе оди на осма титула.
На возраст на која повеќето тенисери ја имаат завршено својата тениска авантура, Федерер е број 3 на светот со 38-5 скор и три трофеи само во 2019 година.
Во својата 22. сезона како професионалец Федерер има 102 титули и 1.222 победи, со што е на чекор поблиску до Џими Конорс, кој е рекордер со 109 титули и 1.274 победи. Еве уште шест интереси факти за единствениот Фед-Екс.
- РОЏЕР ФЕДЕРЕР НИКОГАШ НЕ ПРЕДАЛ МЕЧ
Роџер Федерер во својата кариера, во која има одиграно над 1.500 мечеви, тој ниту еднаш не се повлекол поради повреда откако мечот започнал.
2. РЕКОРДИ, ФАКТИ, БРОЈКИ
Федерер има најголем број на Гинисови рекорди во еден спорт, вкупно 29. Покрај тоа, тој има најмногу недели на првото место на АТП листата (310), најмногу гренд слем титули (20) и две олимписки медали (злато во двојки со Стен Вавринка и сребро во индивидуална конкуренција).
3. КРАВИТЕ ЏУЛИЕТ И ДЕСИРЕ
Кога ја освои својата прва титула од Вимблдон во 2003 година, тој доби на подарок крава од жителите на Гштад. Таа доби име Џулиет, а во 2013 година доби уште една крава, овојпат со име Десире пред стартот на Швајцарскиот опен.
4. КВИН, МАЈКЛ ЏЕКСОН И РОКСЕТ
Запрашан каква музика најмногу сака, како човек роден во 1980-тите, тој призна дека ги следел „вообичаените“ артисти – Квин, Мајкл Џексон и Роксет. Меѓутоа, минатата година во интервју тој призна дека во последно време слуша повеќе „диџеј музика“.
5. ПРОБЛЕМИ СО БЛИЗНАЦИТЕ
Сите знаат дека тој и неговата сопруга Мирка се горди родители на два пара близнаци. Мајла и Шарлин се родени во 2009, а Лео и Лени во 2014 година. Покрај тоа, тој исто така е и вујко на близнаци, бидејќи неговата сестра Дајана исто така е родител на близнаци.
6. ПОШТЕНСКИ МАРКИ И УЛИЦИ
Во 2007 година тој стана првиот жив Швајцарец кој ја имал честа да биде на поштенска марка, откако Свис Пост објави марка од 1 франк.Во 2012, градот Хале, каде што тој редовно се подготвува за Вимблдон, именуваа улица според него „Роџер Федерер Алеја“. Во 2016, и швајцарскиот град Бил именуваше улица во негова чест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Нијанг во 93.минута избори опстанок за Емполи, Фросиноне испадна од Серија А
Нестварен расплет во борбата за опстанок донесоа последните натпревар сезонава во Серија А. Фросиноне во последното коло влезе од најдобра позиција, на крајот им се придружи на Сасуоло и Салернитана кои претходно испаднаа во Серија Б. Емполи од испаѓање се спаси со гол во 93.минута.
Емполи на домашен терен ја совлада Рома со 2:1. Емполи поведе во 13. минута со голот на напаѓачот Матео Канчелери, но Хусем Ауар им ја расипа вечерта на домашните навивачи со гол во судиското надополнување на првото полувреме. Сепак, во 93. минута се експлодираше на стадионот „Карло Кастелани“. Стрелецот на првиот гол Канчелери го пронајде Ембаје Нијанг во шеснаесетникот на гостите, кој ја испрати топката во голот и му обезбеди опстанок на Емполи.
NIANG SCORES!!!! EMPOLI ARE SAVED!!! pic.twitter.com/vRspn6ruy1
— Follow @footitalia1 (@footitalia2) May 26, 2024
Од друга страна, се слави и во Удине. Удинезе го совлада Фросиноне со 1:0 како гостин и со тоа избори опстанок. Голот за победа го постигна Кеинан Дејвис на 14 минути до крајот на натпреварот.
Спорт
Панатинаикос ја освои Евролигата, во финалето го декласира Реал
Панатинаикос ја освои титулата на завршниот турни во Евролигата. Во Берлин Панатинаикос го победи бранителот на титулата Реал Мадрид со 95:80. Ова е седма титула за Панатинаикос, прва од 2011 година. Тренерот на зелените, Ергин Атаман трет пат во кариерата стана европски првак, првите две титули ги освои со Анадолу Ефес.
Панатинаикос во финалето го предводеа Костас Слукас со 24 поени, Кендрик Нан со 21 поен, односно Матијас Лесор со 17 пени и шест скока. Кај Реал Џана Муса уфрли 15 поени, Факундо Кампацо 12 со четири асистенции, Чачо Родригез 11. Потфрли Марио Хезоња со само осум поени (шут за три 1/8) и осум скока.
Панатинаикос во големото финале одигра брилијантен натпревар. Во првиот дел имаа негатива од 14 поени, но во вториот дел одиграа нестварно во одбраната и на крајот заслужено дојдоа до трофејот.
МВП на завршниот турнир е Костас Слукас. Плејмејкерот ја освои третата титула во Евролигата, претходно по една освои со Олимпијакос и со Фенербахче.
Спорт
Барселона го сака Луис Дијаз
Барселона е серизоно заинтересирана за крилниот напаѓач на Ливерпул и колумбиски репрезентативец Луис Диас, пренесуваат шпанските медиуми.
„АС“, наведува дека каталонскиот клуб планира засилување во нападот во текот на летниот преоден рок, а изборот паднал на Дијас, кој наводно сака да го напушти Ливерпул.
Во 2022 година, колумбискиот фудбалер пристигна во Ливерпул од Порто за 45 милиони евра.
Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Барселона Деко веќе разговарал со менаџерот на Дијас, а преговорите би можеле да продолжат во следните неколку недели.
Дијас (27) сезонава за Ливерпул одигра 51 натпревар и постигна 13 голови.