Спорт
Шест години не пропуштил натпревар – Апсолутен рекорд во Примера

Шест години, напаѓачот на Алтлетик Билбао, Инаки Вилијамс, не пропуштил натпревар во Примера. Апсолутниот рекордер, последен пат, во Примера, не бил во составот на Алтлетик Билабо на 17.април 2016 кога баските ја победиле Малага со 1:0.
Четири дена подоцна, Вилијамс како резерва влезе на теренот против Атлетико Мадрид. Од тој натпревар ја започна неверојатната серија, ги одиграл наредните 226 натпревари. Не бил повреден, суспендиран, не добил црвен картон, ниту добил одмор од тренерот.
Во овој период има постигнато 44 гола, седум од нив оваа сезона.
Инаки Вилијамс во кариерата за Атлетик одиграл 266 натпревари, постигнал 53 гола и забележал 36 асистенции.
Со баските два пати го освоил Суперкупот на Шпанија, во 2016 и 2021 година. Напаѓачот има договор со Атлетик до јуни 2028 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Силекс и Македонија ЃП ќе се борат за трофејот во Купот
Фудбалерите на Македонија ЃП и Силекс, утре на нашиот најголем стадион, ќе се борат за трофејот во 29.финале во Купот на Македонија. Силекс го брани трофејот освоен минатата година. Екипата од Кратово ќе се бори за четвртиот, Македонија ЃП за вториот трофеј во Купот.
„Сите знаете дека Силекс минатата сезона испадна, меѓутоа го освои Купот и ние сме бранители. Ние сме првиот второлигаш во едно финале. Како екипа се собравме минатата сезона, работите во Втората лига си ги завршивме навреме и тоа ни беше приоритет. Верувам дека кој и да игра утре ќе го даде максимумот. Го респектирам противникот, до последното коло беше во игра за Европа преку лигата. Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред се ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено. Меѓутоа, блага предност има противникот, затоа што тие, сепак, доаѓаат од повисок ранг. За мене ова е трето финале, едно освоив, едно загубив со Тетекс, па зошто да не биде трета среќа?“, изјави тренерот на Силекс, Горазд Михајлов
„Македонија ЃП сосема заслужено е во финалето од Купот на Македонија, но знаеме што не очекува во пресметката со Силекс. Ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи и Струга, и сосема заслужено сме во мечот за титула. Мислам дека имаме квалитет и можеме да го освоиме трофејот. Имаме голема почит кон Силекс, тим кој е актуелен освојувач на Купот, без разлика на тоа што оваа година влегоа како второлигаш во финалето. Направивме добра анализа, гледавме повеќе нивни натпревари. Се работи за одличен тим, воден од тренер со којшто знаат што сакаат на теренот. Силекс условно се прошета во Втората лига, така што очекувам доста интересен натпревар, но јас верувам во мојот тим. Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“, вели предводникот на екипата од Ѓорче Петров, Муарем Бајрами.
Силекс и Македонија ЃП финалето ќе го започнат во 18 часот.
Фото/FFM.mk
Спорт
Астрономскиот договор на Синер со „Најки“

Според Газета дело спорт, италијанскиот тенисер Јаник Синер потпишал десетгодишен договор со „Најки“. Синер од оваа компанија ќе добива 15 милиони евра годишно.
Младиот, 20-годишен тенисер е еден од најголемите потенцијали во белиот спорт и веќе е магнет за спонзори.
Синер досега освои пет титули, беше деветти во светот, а моментално е на 12-та позиција.
Два пати во кариерата играл четврт-финале на турнирите од гренд слем серијата, на Ролан Гарос 2020 и на Австралија Опен оваа година.
Во недела започнува вториот Грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.
Спорт
Кубица ќе вози на првиот тренинг во Шпанија
Тимот на Алфа Ромео кој се натпреварува во Формула 1 шампионатот објави дека искусниот Полјак Роберт Кубица, викендoв ќе го вози болид Ц42, на првиот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Шпанија.
Кубица ќе влезео пилотската кабина на автомобилот што вообичаено го вози Гуан Жоу. Кинезот потоа ќе го вози вториот тренинг.
Интересно е што Кубица овој автомобил го возел на сезонските тестови, кои се организираа и во „Каталонија“, а зад воланот на Ц42 седеше за време на тест сесијата на Пирели во Имола.
Тимот вели дека ова искуство, заедно со возачките вештини на Кубица, ќе му обезбеди на техничкиот тим одличен фидбек. Од Алфа Ромео наведуваат дека поради ваквите работи тимот е исклучително задоволен што во својот состав го има Кубица..
Кубица возеше во Ф1 шампионатот од 2006 до 2010 година, а потоа се врати во 2019 и 2021 година. Во минатото возел и за БМВ Заубер, Рено и Вилијамс. Единствената победа во Ф1 ја постигна во 2008 година на трката за Големата награда на Канада.