Спорт
Шест натпревари суспензија за Ридигер

Антонио Ридигер е суспендиран шест натпревари поради инцидентот што го предизвика во саботата, во финалето на Купот на кралот помеѓу Реал и Барселона.
Во фантастичен натпревар, Барселона го победи Реал со 3:2 по продолженијата, а Ридигер, во напад на неверојатен бес, најпрвин фрли пластично шише кон судијата, а потоа и сакаше физички да се пресмета со него.
Ридигер веќе беше заменет, но сепак доби црвен картон.
Со оглед на тоа што останаа уште пет кола пред крајот на сезоната, а Ридигер го оперираше коленото, тој ќе го отслужи преостанатиот натпревар од суспензијата на почетокот на следната сезона.
Џуд Белингам исто така доби црвен картон на крајот од натпреварот, но не беше казнет. Беше оценето дека судијата направил грешка во својата проценка.
Лукас Васкез доби казна за црвениот картон, тој е суспендиран на два натпревари бидејќи беше меѓу оние кои протестираа на крајот од второто продолжение. Тој го предводеше тој протест фрлајќи мраз кон судијата, додека Винисиус мина без казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трипл-дабл на Шенгун, Турција се пласира во полуфиналето

Турската репрезентација ја победи Полска во првиот четвртфинален натпревар од Европското првенство во кошарка со 91:77.
Во полуфиналето, Турција ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Литванија и Грција, кој е на програмата од 20:00 часот.
Победничкиот тим го предводеше Алперен Шенгун.
Центарот на Хјустон Рокетс постигна голем успех: го забележа шестиот трипл-дабл во историјата на Евробаскетот, го заврши натпреварот со 15 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Дфцифрене ефект кај Турците имаа и Шејн Ларкин (13 поени, 5 скока), Шехмуз Хазер (13 поени) и Ерџан Османи и Џеди Осман, кои го завршија натпреварот со по 10 оени.
Кај Полска се истакнаа Матеуш Понитка (19 поени, 5 скока, 6 асистенции) и Џордан Лојд (19 поени, 3 скока).
Михал Соколовски го заврши натпреварот со 13 поени и 3 асистенции, а Александар Дзиева со 11 поени.
Турција клучната предност ја стекна во втората четвртина која ја доби со 27:13, откако по првиот период беше 19:19. Во последната четвртина Турција водеше и со 21 поен, но Полјаците успеаја да намалат на осум разлика, тој налет на Послка Турција го одби со две тројки.
Foto/ EPA
Спорт
Исак за трансферот во Ливерпул: Не знате што сè се случуваше

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, изјави дека е среќен што го засилил шампионот на Англија по долгата сага, но дека медиумите и навивачите не знаат што се се случувало.
За Швеѓанецот, сагата успешно заврши, откако го уцени клубот. Њукасл неволно, но сепак, ја послуша неговата желба да се пресели на Енфилд.
Замените пристигнаа на „Сент Џејмс Парк“, тоа се Јоан Виса од Брентфорд и фудбалерот на Штутгарт, Ник Валтемаде, а Исак беше претставен како нов член на „Црвените“ на последниот ден од преодниот рок.
По шокантниот пораз на Шведска од Косово, 25-годишникот за прв пат проговори за околностите на трансферот.
Исак одби да игра за Њукасл во предсезоната и на почетокот на новата сезона.
Напаѓачот влезе од клупата во второто полувреме од поразот на Шведска од Косово со 2-0 во квалификациите за Светското првенство во Приштина. Исак го замени играчот на Њукасл, Ентони Еланга, кон крајот на натпреварот кога Шведска губеше со два гола.
„Не се позанти сите околности, но тоа е тема за друг ден“, изјави Исак за шведските медиуми и додаде:
„Не можам да контролирам сè што е кажано или напишано. Но, среќен сум што станав играч на Ливерпул.“
За време на поразот во Приштина, Исак упати три удари, два кон голот и доби жолт картон.
Швајцарија е прва во групата, Косово е на второто, а Шведска на третата позиција.
Foto/ EPA
Спорт
Реал Мадрид повторно ќе го бојкотира доделувањето на „Златната топка“

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и оваа година ќе ја бојкотира церемонијата на доделувањето на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златна топка.
Една година подцна, Флорентино Перез се уште е лут. „Марка“, медиуми блиско поврзан со Реал, тврди дека никој од клубот нема да писуствува на доделувањето на Златната топка на 22 септември.
Првиот човек на Реал, се однесува како мало дете, лут е што минатата година престижната награда, која се доделува со гласање на капитените, тренерите и новинарите, му припадна на Родри и покрај тоа што се тврдеше дека главен фаворит е Винисиус Жуниор.
Реал и оваа година во најтесниот круг има свои фудбалери: Килијан Мбапе, Џуд Белингем и Винисисус. Но оваа година е јасно дека ниту еден од нив нема да ја добие наградата.
Фаворити се Усман Дембеле, Ламин Јамал и според некои шпекулации Витиња.
Фото/ Принтскрин