Спорт
Шевченко му се заблагодари на Милан за поддршката за Украина
Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко му се заблагодари на својот поранешен клуб Милан за „неверојатната“ поддршка која ја даваат на неговата земја. Популарниот Шева, кој има над 300 настапи за „росонерите“, вели дека средствата кои се собрани со помош на клубот придонеле многу за бегалците од Украина, кои веќе пристигнале во Украина.
„Фондацијата на Милан заврши неверојатна работа за Украина од почетокот на војната. Со само еден телефонски разговор направивме добра програма со градоначалникот на Милано за помош на украинските бегалци“, вели Шевченко за Си-ен-ен.
Шевченко заедно со програмата „Милан за мир“ собраа 200.000 евра со посебно дизајнираните дресови со бројот и името на легендарниот напаѓач, откако првата тура се продаде за неколку дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мурињо оди во Истанбул, но не во Фенербахче туку во Бешикташ
Жозе Мурињо, еден од најтрофејните тренери во историјата, е многу блиску до преземање на Бешикташ. Ова го пишуваат турските медиуми, а го потврди и претседателот на клубот од Истанбул.
„Го контактиравме Мурињо. Тој е подготвен да дојде во нашиот клуб. Договоривме нов состанок следната недела во Италија. Финансиските детали од договорот се решени”, изјави Хусеин Јуџел, претседател на Бешикташ.
Мурињо неодамна беше поврзуван со Фенербахче, но Бешикташ очигледно е далеку поконкретен. Тој клуб и оваа сезона ги разочара своите навивачи, далеку е зад најголемите ривали Галатасарај и Фенербахче.
Доколку дојде Мурињо ќе треба да се вмеша во борбата за титулаѕа, која последен пат Бешикташ ја освои пред три години.
Славниот Португалец е без работа од јануари кога доби отказ од Рома поради лошите резултати.
Спорт
Ферстапен најбрз во Имола
Макс Ферстапен во Имола ја забележа 59.победа во кариерата. Актуелниот светски првак триумфираше на трката за Големата награда на Емилија Ромања. Покрај Ферстапен место на победничкиот подиум изборија Ландо Норис (Мекларен) и Шарл Леклер (Ферари).
Траката во Имола речиси и да не донесе никакви возбудувања. На почетокот во првите 10 кругови Пасјтри се обидуваше но не успеа да го мине Карлос Санц на четвротто место. Она што не на младиот Австралиец му успеа на патеката му успеа низ боксот.
Мала незивеснот имаше во последните седум круга, кога Ферстапен се пожали на проблеми со пенвматиците. Норис тоа го искористи, разликата од седум секунди ја намали на седум десетинки, но не дојде во позиција за напад.
Покрај најдобрите тројца бодови во Имола освоија Пјастри, Саинц, Хамилтон, Расел, Перез, Строл, и Цунода.
Шампионатот во Формула 1 продолжува наредниот викенд со трката за Голмата награда на Монако.
Спорт
(Видео) Каљари избори опстанок во Серија А
Фудбалерите на Сасуоло загубија на домашен терен од Каљари со 2:0. Екипата од Сардинија, која од клупата ја предводи Клаудио Раниери де на коло пред крајот дефинитивно обезбеди опстанок во Серија А.
За разлика од Каљари, Сасуоло во последното коло гостува кај Лацио, а ниту победа не му гарантира опстанок.
До победата Каљари го предводеа Матео Прати, кој ја погоди мрежата на домаќините во 72. минута и Џанлука Лападула, кој погоди од пенал во судиското надополнување.
Ова беше прва победа на Каљари по пет кола.
Тимот од Сардинија сега има четири бода повеќе од Фросиноне и Емполи, а седум бода повеќе од Сасуоло пред последниот натпревар сезонава.
Тимот предводен од Клаудио Раниери од клупата ќе ја пречека Фиорентина во последниот натпревар од сезоната.