Спорт
Шифрин е незапирлива – лесно до триумфот во супер-џи во Банско

Микаела Шифрин е апсолутно неверојатна. Два дена откако изненадувачки триумфираше на спустот во Банско, денеска триумфираше и во супер-џи трката во бугарскиот ски-центар за да се зацврсти на првото место во генерален пласман. Ова е 66. победа во кариерата за Американката.
Иако е попозната по своите квалитети во техничките дисциплини (слалом, велеслалом), Шифрин со време од 1:10.88 триумфираше во Банско, за 0.29 секунди пред Италијанката Марта Басино и 0.70 секунди пред Швајцарката Лара Гут-Бехрами.
Со победата, Шифрин е убедливо прва во генерален пласман со 1.225 поени, пред Италијанката Федерика Брињоне (855) и Словачката Петра Влхова (830). Во супер-џи, Шифрин е нов лидер со 186 поени пред Швајцарката Корин Зутер (150).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Се подготвува блокбастер размена, Јанис за Шенгун

НБА би можела да добие неверојатна блокбастер размена во која ќе бидат вклучени Јанис Адеткумбо и Алперен Шенггун.
Според новинарот на „Ен-Би-Си“, Хјустон Рокетс го сакаат Јанис Адетокумбо, кој наводно решил да ги напушти Милвоки Бакс.
Јанис е незадоволен од тимот што го има околу себе и не гледа шанси да освои уште една титула со Бакс, па затоа е отворен трејд ова лето или во блиска иднина.
Хјустон е тим кој многу би сакал да го доведе Гркот, а за да го направи тоа се подготвени дури и да го испратат најдобриот играч, Алперен Шенгун во Милвоки.
Во својот прв настап во плејоф во кариерата, Шенгун беше одличен, скоро како Никола Јокиќ, со просек од 20,9 поени, 11,9 скока, 5,3 асистенции и 1,9 украдени топки по натпревар. Хјустон во првото коло испаднаа од Голден Стејт Вориорс.
Адетокумбо, од друга страна, имаше 33 поени, 15,4 скока, 6,6 асистенции и по една украдена топка и блокада во елиминацијата од Индијана Пејсерс.
Спорт
(Видео) Шчесни запали пура, а Педри и тимот на велосипеди кај Торес

Барселона теоретски ја обезбеди титулата во Шпанија во четврток вечерта со победа на гости против Еспањол (0:2).
Целиот натпревар беше засенет од настанот што се случи пред стадионот кога автомобил влета во група навивачи и повреди најмалку 13 лица.
Оваа ситуација не беше повод за славење, а од Еспањол не беа расположени да им дозволат на ривалите барем кратка прослава на градскиот ривал, па прскалките веднаш беа активирани на теренот.
Espanyol turned on their sprinklers to prevent their rivals and Champions Barcelona from celebrating their league win 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/mKSBSfmhhg
— george (@StokeyyG2) May 15, 2025
Ханси Флик исто така знаеше дека во таква ситуација не треба да се претерува со прославата, буквално ги тераше своите играчи во соблекувалната.
Но, далеку е од фактот дека навистина не се славеше.
Видеа од соблекувалната каде што имало пеење, пиење и скокање кружат на социјалните мрежи. Но, она што привлече најголемо внимание беше реакцијата на Војчех Шчесни, ветеранот кој се врати од пензија кога на Барселона ѝ беше потребна помош.
UN DIA DE PARTIT! 💙❤️ pic.twitter.com/ugs41n0m1T
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 16, 2025
Додека неговите соиграчи слават, Шчесни седи во соблекувалните и со насмевка на лицето пуши пура. Како што напишаа од Барселона, тој ужива во пензионерските денови.
Внимание привлече и одличниот гест на Дани Олмо, Ерик Гарсија, Иниго Мартинез и Педри.
Четворицата го напуштија стадионот со велосипеди и отидоа директно во болница за да го посетат Феран Торес, кој не можеше да биде со нив бидејќи се опоравува од операција на слепо црево, а тој сигурно е еден од најзаслужните за освојувањето на титулата.
Pues no van Dani Olmo, Eric, Iñigo y Pedri y pillan la bici para ir a ver a Ferran al hospital😭
Todo lo que rodea a este club es tan imprevisible pic.twitter.com/ytMJfRqR6d
— Álex (@LxoMessismoFCB) May 16, 2025
Спорт
УЕФА: Инфантино ги става личните политички интереси пред фудбалот

Конгресот на ФИФА во Парагвај, на кој во четвртокот учествуваа делегати од 210 национални асоцијации, првично беше одложен за еден час, но започна со повеќе од два часа доцнење.
Неколку водечки европски фудбалски делегати, вклучувајќи го и претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, го напуштија 75. Меѓународен конгрес на ФИФА во Парагвај поради доцнењето на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој се враќаше од патување на Блискиот Исток со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Промена на распоредот во последен момент поради она што се чини дека е прашање на приватна политичка корист не му користи на фудбалот и се чини дека ги става неговите интереси на второ место“, се вели во соопштението на УЕФА.
Конгресот на ФИФА во Парагвај, на кој во четвртокот учествуваа делегати од 210 национални асоцијации, првично беше одложен за еден час, но започна со повеќе од два часа доцнење.
Инфантино ги наведе проблемите со летот како причина за одложувањето, а претседателот на ФИФА ја бранеше важноста на неговото патување во Катар, кој беше домаќин на Светското првенство во 2022 година, и Саудиска Арабија, која ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година.
„Како претседател на ФИФА, моја одговорност е да донесувам одлуки во најдобар интерес на организацијата. Чувствував дека морам да бидам таму за да го претставувам фудбалот и секој од вас“, рече Инфантино.
Претседателката на Норвешката фудбалска асоцијација, Лиза Клавенес, изјави дека го напуштила Конгресот заедно со „неколку европски колеги“ во првично закажаното време.
-„Ситуацијата е загрижувачка, 210 делегати од целиот свет учествуваат на овој Конгрес, очекувајќи професионално водство и дијалог на највисоко ниво“, рече Клавенес.
Таа додаде дека ја разбира „фрустрацијата и разочарувањето на некои од европските членки на ФИФА“ и дека ќе „обезбеди гласовите на членките да бидат слушнати и почитувани во иднина“.
Неколку часа по заминувањето на Клавенес, УЕФА изрази „длабоко жалење“ поради промената во организацијата на Конгресот, еден од „најважните состаноци во светскиот фудбал“.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го напушти состанокот за време на паузата, заедно со другите европски претставници.
„Сите сме тука да му служиме на фудбалот, од улиците до трибините, а членовите на УЕФА и Советот на ФИФА почувствуваа потреба да нагласат во оваа пригода дека спортот е на прво место“, се вели во соопштението на Европската фудбалска унија.
Инфантино го придружуваше американскиот претседател Доналд Трамп во официјална посета на Блискиот Исток, откако минатата недела ја посети Белата куќа.
САД ќе бидат домаќини на Светското клупско првенство ова лето, додека во 2026 година, заедно со Канада и Мексико, ќе бидат домаќини на Светското првенство.