Спорт
Шикшарев заминува од Вардар

Тешката финансиска ситуација во која се наоѓа актуелниот европски првак Вардар веројатно ќе предизвика нов бран заминувања од клубот.
Дел од македонските медуми шпекулираат дека по завршувањето на сезоната од клубот ќе замине еден од староседелците, Данил Шишкарев.
Искусниот ракометар меѓу првите пристигна во клубот во ерата на Сергеј Самсоненко. Тој е во Скопје од 2014 година и учествуваше во походот на двете европски титули што ги освоија црвено-црните во 2017 и 2019 година.
Левото крило се поврзува со трансфер во унгарскиот клуб Веспрем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ мора да сруши делови од вилата
Новак Ѓоковиќ и шпанските власти најдоа решение, за вилата на тенисерот во Марбеља.
Покрај казната што српскиот тенисер ќе мора да ја плати, тој ќе мора да отстрани одредени помошни објекти за кои немал градежна дозвола.
„Ла Опин де Малага“ пишува дека проблемот е всушност тремот, надворешниот туш и пренамената на подрумот во гаража.
„Во февруари 2025 година, општината го предупреди српскиот ас да ги отстрани неправилностите во рок од два месеци – што не се случи. Ова е трета казна откако купи вила во Марбеља во 2020 година, а вкупната сума сега изнесува 15.000 евра“, пишува „Нова“.
Ве потсетуваме дека Ѓоковиќови се заљубиле во вилата додека престојувале во Марбеља како закупци, плаќајќи околу 10.000 евра неделно. во 2024 година.
Спорт
Грилиш наскоро потпишува за нов клуб?

Евертон напредува во преговорите за потписот на Џек Грилиш. „Карамелите“ имаат намера да го позајмат оваа сезона од Манчестер сити. 29-годишниот англиски репрезентативец, кој беше отстранет од првиот тим на Сити и не беше во составот за последниот натпревар од Премиер лигата против Фулам, како и за Светското клупско првенство во САД.
Извори потврдија за Би-би-си, дека договорот за Грилиш, кој наводно заработува 354.000 евра неделно во Сити, сè уште не е финализиран. Грилиш пристигна во Сити од Астон Вила во август 2021 година за тогаш рекордни 118 милиони евра и одигра повеќе од 150 натпревари, освојувајќи три титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот. Сепак, тој минатата сезона одигра само седум натпревари во лигата, а Сити ја заврши сезоната без голем трофеј.
Во јуни беше познато дека Грилиш сака да го напушто клубот, но сега се чини дека ќе мора да прифати позајмица. Тој би претпочитал да оди во клуб кој игра во Лигата на шампионите, но засега нема понуди од Њукасл јунајтед или Тотенхем.
Трансферот во Евертон нема да му донесе европски натпревари, но ќе му даде шанса да ја оживее кариерата и да преземе водечка улога на новиот стадион „Хил Дикинсон“.
Грилиш, исто така, ќе се обиде да се врати во националниот тим откако минатото лето призна дека бил „разочаран“ што не бил поканет на Европското првенство.
Спорт
Голманот Хендерсон частел по триумфот над Ливерпул

Само неколку часа откако беше еден од хероите во победата на Кристал Палас против Ливерпул во англискиот Суперкуп, голманот Дин Хендерсон повторно ги воодушеви навивачите.
По натпреварот, Хендерсон влегол во локален паб каде што се собираат навивачите на Кристал Палас и ги почестил сите присутни.
Тој влегол во пабот со победничкиот медал околу вратот и, според англиските медиуми, оставил 1.000 фунти кај келнерите за да ги плати пијалоците на сите.
Бројни навивачи на лондонскиот клуб го искористија моментот за да се фотографираат со ѕвездата на Палас. Во неделата на Вембли, Кристал Палас го победи Ливерпул со подобро изведување на пенали и го освои англискиот Суперкуп.