Спорт
Шкендија го доведе Зија Мерџани од шампионот Струга ТЛ

Македонскиот прволигаш Шкендија доведе уште едно засилување ова лето. Нов фудбалер на тетовскиот тим е Зија Мерџани, кој всушност се враќа во Шкендија откако минатата сезона настапуваше за Струга Трим Лум, тим со кој ја освои шампионската титула.
Мерџани потпиша двегодишен договор со Шкендија.
„Шкендија е голем клуб и секој фудбалер сака да дојде овде. Ја познавам околината и го знам патот по кој треба да одиме, се знае што се очекува од нас, треба помалку да зборуваме и повеќе да работиме, да дадеме 100% од себе за да ги постигнеме целите на клубот и на спонзорот“, изјави Мерџани веднаш по официјализирањето на новиот договор со Шкендија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фиго веќе го знае победникот во Лигата на шампионите

Легендата на европскиот и светскиот фудбал Луис Фиго (52) има фаворит во Лигата на шампионите. Интересно, Фиго кој во кариерата настапуваше за Барселона и Интер, не смета дека тие се фаворити за титулата.
„Мислам дека тоа ќе биде ПСЖ – рече Фиго на доделувањето на наградите Лауреус наградите.
„Тимот е многу конзистентен во однос на резултатите и моментално е во одлична физичка форма“.
Откако тренерот Луис Енрике го презеде тимот во 2023 година, многу работи се сменија во ПСЖ. Францускиот шампион, некогаш познат по своето големо его и гигантските трансфери, сега многу повеќе се потпира на функционална тимска структура.
ПСЖ го елиминираше Ливерпул во осминафиналето, а во претходната рунда и Астон Вила. Во полуфиналето пред „светците“ повторно стои клуб од Премиер лигата, Арсенал.
„Топџиите“, со две победи во четвртфиналето го елиминираа се уште актуелниот европски првак.
Фиго, и покрај тоа што го стави ПСЖ на првото место, подели комплименти и за другите клубови.
„Тешко е да се направи цврсто и јасно предвидување – признава освојувачот на Златната топка за 2000 година. Секој што мисли дека Интер е фокусиран само на одбраната, прави голема грешка. Инзаги има солидна одбрана, но и играчи кои можат да направат разлика“.
Победа над Арсенал би го одвела ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите по втор пат во својата историја, откако во финалето во 2020 година загубија од Баерн Минхен со гол на Кингсли Коман.
Спорт
Астон Вила ќе го откупи договорот на Асенсио

„Естадио Депортиво“ објави дека се во тек разговори помеѓу Астон Вила и Пари Сен Жермен во врска со трансферот на Марко Асенсио во летниот преоден рок.
Шпанскиот репрезентативец пристигна на „Вила Парк“ оваа зима, со опција Вила да го откупи неговиот договор. Асенсио ги оправда очекувањата, па Вила ќе ги плати бараните 15 милиони евра. колку што бара ПСЖ.
Поранешниот шпански репрезентативец во јули 2023 година без обесштетување од Реал се пресели во Париз. Не се снајде на „Паркот на принцовите“, одигра само 31 натпревар, постигна шест гола.
Кариерата ја започна во Реал во 2014, а првите две сезони ги мина на позајмици во Мајорка и Еспањол. За реал одигра 191 натпревар, постигна 37 голови.
Спорт
ЛШ: ПСЖ во Лондон кај Арсенал, Барселона го чека Интер

Натпреварувањето во Лигата на шампионите продолжува со првите полуфинални натпревари, Арсенал ќе го пречека Пари Сен Жермен во Лондон во вторник, додека Барселона ден подцна ќе игра против Интер.
Арсенал ќе го пречека Пари Сен Жермен во Лондон во вторник од 21 часот.
„Топџиите“, во претходната рунда го елиминираа актуелниот шампион Реал Мадрид, со две победи (3:0, 2:1).
Пари Сен Жермен ја елиминираше Астон Вила во четвртфиналето. Во двомечот „светците“ беа подобри за еден гол, славеа дома со 3:1, доживеаја пораз 3.2 во Бирмингем.
ПСЖ веќе ја освои титулата во Франција, на шест кола до крајот стекна недостижна предност над конкурентите, додека Арсенал остана без шанса да ја освои титулата во Премиер лигата, која Ливерпул ја обезбеди со триумф над Тотенхем во неделата (5:1).
Барселона ќе го пречека Интер во среда во 21 часот.
Шпанскиот клуб убедливо го доби првиот натпревар од четвртфиналето против Борусија Дортмунд (4:0), а во реваншот имаше проблеми, загуби во Дортмунд со 3.1
Интер го победи Баерн Минхен со само еден гол разлика во четвртфиналето (4:3), откако го доби првиот натпревар (2:1) и го одигра реми во вториот натпревар (2:2).
И двата клуба влегуваат во овој дуел откако неодамна ги одиграа своите натпревари во националниот Куп. Барселона го освои Купот на Шпанија во саботата со победа над Реал Мадрид по продолженијата, додека Интер загуби од својот градски ривал Милан во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија во средата.
Интер загуби и во претходниот натпревар од Серија А против Рома и му ја препушти првата позиција на Наполи.
Реваншот од дуелот Арсенал – Пари Сен Жермен е закажан за 7 мај во Париз, додека реваншот од натпреварот Барселона – Интер ќе се игра на 6 мај во Милано.