Спорт
Шкендија се доближи до Вардар, Ренова со пресврт против Шкупи
Актуелниот шампион Шкендија со 4:1 ја совлада Македонија Ѓорче Петров во Тетово за да се доближи на осум поени до лидерот Вардар, откако „црвено-црните“ вчера одиграа само 0:0 против Работнички.
Имери им донесе водство на тетовци во 39. минута, но гостите израмнија од пенал во 58. минута преку Јашароски, пред за само четири минути Шкендија да го комплетира пресвртот. Незири во 60. минута стрелаше за 2:1, а Имери со вториот гол во 64. минута ја потврди победата, пред Зејнулаи во 79. минута да зголеми на 4:1.
Шкупи пак, во лутото дерби, загуби со 2:3 од тимот на Ренова. Сержињо им донесе водство на домаќините во 24. минута, но во финишот на полувремето, Ренова направи пресврт со головите на Кадриу и Адеми. Иако во второто полувреме останаа со два играчи помалку по црвените картони за Глишиќ и Бианор, финишот беше интересен ,бидејќи Сержињо во 80. минута намали на 2:3.
ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО
Академија Пандев – Борец 0:0
Шкендија – Македонија Ѓорче Петров 4:1
Шкупи – Ренова 2:3
ВЧЕРА
Вардар – Работнички 0:0
Струга – Силекс 0:0
Табела: 1.Вардар 43, 2.Шкендија 35, 3.Силекс 32, 4.Македонија ЃП 29, 5.Академија Пандев 28, 6.Шкупи 25, 7.Струга 25, 8.Ренова 25, 9.Работнички 22, 10.Борец 21.
Фото: ФК Шкендија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

