Спорт
Шкупи направи чекор назад, но преку Приштина може во групите од Конференциската лига (Фотогалерија)

Македонскиот првак Шкупи загуби од косовскиот тим Балкани со 1:2 на арената „Тодор Проески“ во првиот дуел од плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Гоце Седлоски направи чекор назад на патот кон најголемиот клупски успех. Сепак, ќе има уште една шанса за поправен испит, на реваншот во Приштина следниот четврток.
Шкупи беше подобар ривал, создаде повеќе шанси, но Балкани знаеше како да ги искористи слабостите на ривалот. Тоа е лекција која Шкупи ќе мора веднаш да ја совлада и да ја примени на реваншот, доколку сака да остане во Европа уште долго оваа сезона.
Фото: Игор Паневски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Канело го претепа противникот и ја одбрани титулата

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез ја одбрани титулата во супер велтер категорија. Tој на поени го победи Жермел Шарло.
Канело славеше во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите – 119:108, 118:109 и 118:109.
Мексиканецот го нокаутира Шарло во седмата рунда на патот до неговата 60. победа во 64 борби во кариерата.
Canelo makes Charlo take a knee in round 7🤯
— 🌴ᴛʜᴇᴀʀᴛᴏꜰᴡᴀʀ🌴 (@TheArtOfWar6) October 1, 2023
Спорт
Баскиското дерби му припадна на Реал Сосиедад

Реал Сосиедад го доби дербито на Баскија и го скокна Атлетик Билбао на табелата. Во Сан Себастијан, Сосиедад го победи Атлетик со 3:0.
Баскиското дерби донесе динамичен фудбал, а победи екипата која знаеше да ги искористи своите шанси.
Серијата ја отвори дефанзивецот Ле Норман во 29.минута, кога добро реагираше по центашутот на Меднез.
Вториот дел започна со шансата за Атлетик, која не ја реалзиира Ињаки Вилијамс. Казната следуваше во наредниот напад. Таке Кубо зголеми на 2:0 со својот петти гол оваа сезона.
Точка на натреварот стави Ојерзабал, по одличното додавање на Зубименди.
Сосиедад се искачи на четвртото место со 15 поени, еден повеќе од Атлетик.
Спорт
(Видео) Лаутаро шоу во Салерно – Покер голови на Аргентинецот

Лаутаро Мартинез го врати Интер на делба на првата позиција во Серија А. Аргентинецот го предводеше Интер до шестата победа во седмиот натпревар сезонава. Ги постигна головите во триумфот на Интер кај Салернитана со 4:0 (0:0).
За првиот покер голови во кариерата на Лаутаро Мартинез му беа потребни 27.минути во последната третина од натпреварот. Аргентинецот натпреварот го почна како резерва, на теренот влезе во 54.минута и го започна своето шоу.
Првиот гол го постигна во 62. минута на асистенција на Тирам, а потоа го удвои водството во 77. минута кога Барела му ја додаде топката.
Тој постигна хет-трик во 85. минута кога реализираше пенал, за конечните 4:0 да ги постави во 89. минута кога му асистираше Карлос Аугусто.