Спорт
Шкупи „падна“ во Кратово и пропушти шанса да се врати на врвот

Кратово повторно се покажа како тежок терен за македонскиот шампион Шкупи, откако Силекс стигна до 2:1 победа над скопскиот клуб и го спречи да ја помине Струга на врвот на табелата во Првата лига. Шкендија, пак извлече тесна 1:0 победа над Победа во Тетово, додека Работнички дома претрпе разочарувачки 0:1 пораз од Брегалница.
Стефан Милосављевиќ ги донесе Силекс во водство по само четири минути игра, додека Марко Ѓорѓиевски во 30. минута го удвои водството за тимот на Горазд Михајлов. Мамаду Данфа во 57. минута даде надеж дека Шкупи може да стигне барем до поен, но до крајот на мечот не стигнаа до уште еден гол и го претрпеа само третиот пораз оваа сезона.
ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО
Скопје – Тиквеш 0:0
Работнички – Брегалница 0:1
Шкендија – Победа 1:0
Силекс – Шкупи 2:1
Фото: ФК Шкупи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Феликс го одложи враќањето дома, се сели во Саудиска Арабија

Извесно е дека португалскиот фудбалер Жоао Феликс ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Некогаш големиот талент за чии трансфер од Бенфика, пред седум години, Атлетико Мадрид издвои 136 милиони евра, ќе се пресели во Ал-Наср.
Ова е претставува изненадување за фудбалската јавност, бидејќи детали го делеа Феликс од враќањето во Бенфика.
Во приказната реши да се вмеша Ал Наср и букввално да го украде веќе виденото засилување од португалскиот гигант. Челзи ќе добие околу 57.000.000 евра, а Феликс ќе добие голема плата и можност да игра со Кристијано Роналдо.
Освен финансиите, тоа беше и негова голема желба бидејќи станува збор за човек кого го идолизира.
По заминувањето од Атлетико, Феликс не се снајде во Барса, Челзи, Милан…
Foto/ Prinskrin
Спорт
(Видео) Бруно за триумф на Јунајтед над Вест Хем, Борнмут славеа над Евертон

Фудбалерите од Премиер лигата се во екот на подготовките за следната сезона, а една од омилените дестинации е САД. Преку Атлантикот, се одржува второто издание на Летната серија на Премиер лигата, а натпреварите од првото коло веќе се одиграни.
Овогодинешните учесници се Манчестер јунајтед, Вест Хем, Евертон и Борнмут. Победи во натпреварите од првото коло забележаа Манчестер јунајтед и Борнмут.
„Црвените ѓаволи“ го победија Вест Хем со 2:1 на „МетЛајф“ во Њу Џерси, на крилата на најдобриот играч Бруно Фернандес. Двата гола за трофејниот клуб од „Олд Трафорд“ ги постигна Португалецот. Во петтата минута беше прецизен од 11 метри и го донесе тимот на Рубен Аморим во водство.
Тој го зголеми резултатот на 2:0 во 52-та минута. Единствениот гол за Вест Хем го постигна Џаред Бовен во 63-та минута.
Многу поубедлив беше Борнмут против Евертон. Немаше голови до 55-та минута. Потоа Билинг го донесе Борнмут во водство. Само четири минути подоцна, Уатара го дуплираше водството. Конечните 3:0 ги постави Абу Аџеи во 69-та минута.
Летната серија на Премиер лигата продолжува во среда навечер со натпреварите од второто коло Манчестер јунајтед – Борнмут и Евертон – Вест Хем во четврток.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гибс-Вајт го извиси Тотенхем, потпиша нов договор со „шумарите“

Еден од најдобрите играчи на Нотингем Форест минатата сезона, Морган Гибс-Вајт, нема да оди во Тотенхем, откако реши да го продолжи договорот со „шумарите“.
Тотенхем ја активираше клаузулата, практично се договори за сè со играчот. Дури беа закажани и лекарски прегледи, но… Гибс-Вајт не се појави таму, туку реши да го продолжи договорот со Форестерс до 2028 година.
Нотингем се пожали дека Спарс му пристапиле на играчот на нелегален начин и гласно протестираа против овој трансфер. Но, малкумина очекуваа таков исход.
На крајот, Нотингем не загуби уште еден важен играч, бидејќи Ентони Еланга замина во Њукасл.