Спорт
Шкупи покажа шампионски амбиции со „петардата“ за Брегалница
Лидерот во македонската Прва лига, Шкупи покажа дека е подготвен за освојување на шампионската титула оваа сезона, откако стигнаа до доминантна 5:0 победа над Брегалница во првиот меч од 12. коло.
Гол-шоуто почна во осмата минута со голот на Матеј Цветаноски, Абдул Рватубјаје во 30. минута зголеми на 2:0, на полувреме отидоа со предност од 3:0 со голот на Адетуџи во 40. минута. Цветаноски во 61. минута зголеми на 4:0, пред Фреди Алварез да ги постави конечните 4:0 три минути подоцна.
Пред комплетното 12. коло, Шкупи има 29 поени на врвот на табелата, осум повеќе од Ренова и Академија Пандев, додека Брегалница, која ја прекина низата од три победи, е четврта со 19 поени.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1950-37708”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Судењето на Манчестер Сити ќе започне во „блиска иднина“
Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека „во блиска иднина ќе се одржи рочиште за случајот со Манчестер Сити по сите 115 точки“.
Бен Рамсби, истражувачки новинар на англиски Телеграф, ја објави веста на својот профил на мрежата „Х“.
Со коментар дека „ова е најблиску до кое Мастерс дошол да спомне конкретен датум“.
Некои информации кои се појавија во јавноста на крајот на минатата година укажуваа дека судењето би можело да започне есента 2024 година.
Сити е обвинет по 115 точки од обвинението за повеќекратни финансиски прекршоци. Истрагата започна уште во 2018 година и продолжи до почетокот на 2023 година, а беа проверени и одлуките и работењето на клубот од сезоната 2009/10.
Што значи тоа „во блиска иднина“ останува да видиме. Судењето веќе е одложено поради откривање на нови докази и сведоци подготвени да сведочат.
Спорт
Ибрахимовиќ му препорача тренер на Милан
Златан Ибрахимовиќ (42) од оваа сезона е советник за спортски прашања во фудбалскиот клуб Милан. Легендарниот шведски центарфор учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе треба да одберат нов тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено Скудето.
Италијанските медиуми пишуваат дека Златан лобира функцијата да ја преземе Марк ван Бомел (47). Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгиски Антверпен.
Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година. Наводно клубот веќе стапил во контакт со тренерот.
Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ и Волфсбург, а работеше и како асистент во репрезентациите на Австралија и Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.
Раководството на Милан размислува уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги. Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома.
Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Волвс, додека најпознат е по менаџирањето на Шпанија, Реал Мадрид и Севилја.
Спорт
Енис Барди: Шпанците ме споредуваа со Меси
Капитенот на фудбалсата репрезентација на Македонија, Енис Барди, во интервју за „haber61.net“, зборуваше за периодот кога беше во Леванте. Потенцираше дека во еден период бил подбар изведувач на слободните удари од Лионел Меси.
„Навистина, бев подобар од Меси. Постигнав седум гола од 25 слободни удари, а Меси имаше осум од 52, имав многу подбар процент на реализација. Според процентот бев подобар. Да бидеме сериозни, прекрасно беше чувството што луѓето ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Се гордеев со тоа“, рече Барди.