Спорт
Шкупи загуби и на Косово, Балкани со сензационален пласман во Конференциската лига
Косовскиот шампион Балкани Сува Река успеа да обезбеди сензационален пласман во групната фаза на Конференциската Лига Европа, откако и во Приштина со 1:0 го совлада македонскиот шампион Шкупи, во разочарувачки крај на европскиот пат на тимот на Гоце Седлоски.
По шокантниот пораз во Скопје, Шкупи мораше да оди на победа на гостувањето, но наместо тоа уште во 2. минута остана со играч помалку по директниот црвен картон на Џелил Абдула. Меритон Кореница во 69. минута ја затресе мрежата на Шкупи за да го потврди пласманот.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, РЕВАНШ
Балкани (Кос) – Шкупи (МКД) 1:0, прв меч 2:1, вкупно 3:1
АИК Стокхолм (Шве) – Словацко (Чеш) 0:1, прв меч 1:3, вкупно 1:4
Базел (Шва) – ЦСКА Софија (Буг) 2:0, прв меч 0:1, вкупно 2:1
ЦФР Клуж (Ром) – Марибор (Сло) 1:0, прв меч 0:0, вкупно 1:0
Хаопоел Бер Шева (Изр) – Универзитетае Крајова (Ром) 1:1, 4:3 пен., прв меч 1:1, вкупно 2:2
МОЛ Фехервар (Унг) – Келн (Гер) 0:3, прв меч 2:1, вкупно 2:4
Славија Прага (Чеш) – Раков (Пол) 1:0, 2:0 по продолженија, прв меч 1:2, вкупно 3:2
Твенте (Хол) – Фиорентина (Ита) 0:0, прв меч 1:2, вкупно 1:22
Виборг (Дан) – Вест хем (Анг) 0:3, прв меч 1:3, вкупно 1:6
Викинг (Нор) – ФЦСБ (Ром) 1:3, прв меч 2:1, вкупно 3:4
Волфсбергер (Авт) – Молде (Нор) 0:4, прв меч 1:0, вкупно 1:4
Андерлехт (Бел) – Јанг Бојс (Шва) 0:1, 3:1 пен., прв меч 1:0, вкупно 1:1
Хамрун (Мал) – Партизан (Срб) 3:3, прв меч 1:4, вкупно 4:7
Ница (Фра) – Макаби Тел Авив (Изр) 1:0, 2:0 по продолженија, прв меч 0:1, вкупно 2:1
Дуделанж (Лук) – Лех (Пол) 1:1, прв меч 0:2, вкупно 1:3
Слован Братислава (Свк) – Зрињски (БиХ) 1:0, 2:1 по продолженија, 6:5 пен., прв меч 0:1, вкупно 1:1
Антверпен (Бел) – Башакшехир (Тур) 1:3, прв меч 1:1, вкупно 2:4
Линфилд (СИр) – РФС (Лет) 0:0, 1:1 по продолженија, 2:4 пен. прв меч 2:2, вкупно 3:3
Жил Висенте (Пор) – АЗ Алкмар (Хол) 1:2, прв меч 0:4, вкупно 1:6
Хајдук (Хрв) – Вилјареал (Шпа) 0:2, прв меч 2:4, вкупно 2:6
Рапид Виена (Авт) – Вадуц (Лих) 0:1, прв меч 1:1, вкупно 1:2
Фото: ФК Шкупи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
Меси и Интер Мајами со пораз ја почнаа сезоната
Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Гол за „Пушкаш“ во режија на Пједраита
Името на Алехандро Пједраита, не е многу позанто во светот на фудбалот, но она што го направи Колумбиецот во дербито на Софија го направи хит на социјалните мрежи. Масовно се дели неговиот гол против Сзлавија.
Во 82-та минута, Колумбиецот го постигна единствениот гол за ЦСКА Софија во победата од 1:0 над нивниот голем ривал.
Интересно, ова е прв пат за Колумбиецот откако пристигна во Бугарија. Тој дојде како слободен агент оваа зима, откако му истече договорот со аргентинска Гимназија.
POTENTIAL PUSKAS WINNER 🤯🤯🤯
Colombian winger Alejandro Piedrahita with an absolute beauty for CSKA Sofiapic.twitter.com/dkJEpxebrV
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) February 21, 2026
🇧🇬 | Alejandro Piedrahita'dan sezonun golü. Olağanüstü. Puskas adayı.
⚔️ CSKA Sofia 1-0 Slavia Sofya
📷 @CSKA_Sofia pic.twitter.com/QnlD8roHL8
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) February 21, 2026

