Спорт
Шмајхел: Бевме во игра, а потоа судијата реши да стане херој“
Голманот на Лестер Каспер Шмајхел му бил лут на судијата Мајкл Оливер по поразот на „лисиците’ од Ливерпул (0:4) во 19 рунда, во Премиер лигата.
Ливерпул првото полувреме го добија со голот на Фирмино, а во второто, во интервал од седум минути постигнаа три гола, еден од нив од пенал.
На прашањето дали конечниот резултат е реален, Шмајхел рекол.
„Мислам дека е малку превисок, бевме во игра се додека судијата не реши да се направи херој. Тие во моментов се најдобриот тим во светот, заедно со Манчестер сити. Ние целиме да бидеме како нив, но нашето патување е во раната фаза“, рекол Шмајхел.
Данскиот репрезентативец не може да го преболи досудениот пенал за Ливерпул.
„Како му беше името…Дермот (Галагер, поранешен судија) сега на Скај телевизија ќе каже дека одлуката била сјајна, дека судијата бил храбар. Не знам што требаше Сујунџу да направи, имаше милисекунда да реагира кога го погоди топката в рака“.
Лестер и покрај поразот останаа на второто место на табелата. сега имаат 13 поени помалку од Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
За малку од готово вересија, Костески во последната секунда погоди за победа на Македонија
Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Романија со 24:23, во последното коло од Б групата. Македонија сигурно е трета во групата, се избори за полесен пат во квалификациите за Светското првенство, за да биде втора, Данска ќе мора да ја победи Португалија со 17 или повеќе голови разлика.
Во Хернинг, избраниците на Кирил Лазаров за малку ќе направеа од готово вересија, мечот го реши Никола Костески со гол на една секунда до крајот.
Македонија одлично влезе во натпреварот, не и дозволи на Романија гол во почетните 11 минути, но впечатокот е дека требаше да има поголем предност од 4:0.
И околу тие четири гола разлика се „вртеше“ натпреварот речиси до самиот крај. Имаше Македонија во вториот дел предност и од пет гола, но имаше и два периоди, од пет и шест минути без постигнат гол.
Упорните Романци, кои во втроиот дел ја сегнаа одбраната трпеливо ја топеа предноста, изедначија на 22:22 на три ипол минути до крајот, потоа и на 23:23 на осум секунди до крајот, но брзиот центар на Македонија даде резултат со голот на Костески.
Капитенот Кузмановски беше најефикасен со девет гола, четири постигна Костески,а по три Митев и Ѓоргиев. На спротивната страна Нистор постигна осум гола, а 40-годишниот голман Попеску, кој го одигра последниот меч за Романија, забележа 10 интервенции.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Бриж убедливо победи во Казахстан
Фудбалерите на Бриж остварија важна победа (4:1) и со тоа ги задржаа шансите за пласман во плејофот во Лигата на шампионите.
Белгискиот, со втората победа сезонава, по некомплетната седма рунда скокна на 23-то место со седум бода.
Бриж успеа да ја оправда улогата на фаворит против најслабиот тим оваа сезона на Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ, синот на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ го постгна рпвиот гол,а до крајот на првиот дел гол постигна и капитенот Ванакен.
🚨🚨| GOAL: STANKOVIC WITH A BRILLIANT GOAL TO PUT CLUB BURGGE AHEAD!!!
Kairat Almaty 0-1 Club Bruggepic.twitter.com/VZo5v1QHZG
— Goals Side (@goalsside) January 20, 2026
Истиот играч го запечати триумфот на својот тим во 74-та минута, кога повторно успеа да се запише во листата на стрелци. Кон крајот на натпреварот, Ванакен успеа да забележи асистенција, а Брендон Мекеле беше стрелец.
🎥⚽️ Brandon Mechele GOAL 🆚 Kairat Almaty. Great assist by Vanaken too#BrandonMechele #ClubBrugge #UCL
— Absolute Belgian Fans 🇧🇪 (@BelgianFans) January 20, 2026
Честа на домашниот Каират ја спаси Садибеков со голот во 92-та минута.
Во последното коло, Бриж ќе игра против Марсеј на домашен терен, додека Каират ќе го игра својот последен натпревар во лигашкиот дел од Лигата на шампионите против Арсенал во Лондон.
Foto/ EPA
Спорт
Арбелоа: Знам кој ги организира акциите за да го ослабне Реал
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција пред натпреварот од Лигата на шампионите против Монако, кој ќе се игра вечерва во 21 часот.
Коментирајќи ги свирежите на дел од публиката на „Сантијаго Бернабеу“, Арбелоа застана во одбрана на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор.
„Сакам и очекувам поддршка од „Бернабеу“ за сите играчи, а пред сè за Винисиус“, рече тренерот. Тој ја нагласи важноста на навивачите за неговата игра, додавајќи дека „му е потребен „Бернабеу“ за да ја даде својата најдобра верзија“.
Арбелоа го опиша Винисиус како играч со „огромно срце“, кој е многу емотивен, што се рефлектира во неговиот фудбал. Тој ја отфрли можноста да го остави надвор од тимот за да го заштити.
„Тој секогаш ќе биде на теренот кога е достапен и кога настапува вака. Како тренер на Реал, ако сакам да имам шанса да победам, потребен ми е Винисиус на теренот“, заклучи тој.
Арбелоа ги изнесе обвинувањата, тврдејќи дека има организирани напади врз клубот.
„Знам дека има акции за ослабување на Реал Мадрид и знам кој ги организира“, рече тој, но не сакаше да открие повеќе детали.
Кога еден новинар го праша да ги разјасни своите тврдења, тој кратко одговори: „Вие сте новинари. Јас сум тренер на Реал Мадрид и сум фокусиран на натпреварот против Монако. Ја вложувам целата моја енергија и ентузијазам во тоа“.

