Спорт
Шок на „Велордом“, Сампаоли ќе поднесе оставка
Хорхе Сампаоли решил да го напушти Олимпик Марсеј. Незадоволен од клупската трансфер политика, Аргентинецот го известил претседателот Пабло Лонгорија дека нема намера да го одработи договорот, кој му истекува во јуни наредната година.
Сампаоли успеа да го врати славниот клуб во Лигата на шампионите, очекуваше засилувања достојни за големината и амбициите на Марсеј, со надеж дека ќе направи добар резултат во домашното првенство и во ЛШ.
Сепак клупските челници не ги следат неговите амбиции. До денес тие ги реализираа трансферите на 19-годишниот Сулејман Исак Туре од Авр и Самуел Ижо.
Колку Сампаоли е решен да го напушти Марсеј, доказ е информацијата дека тој не го водел тренингот во петокот, туку се сретнал со претседателот Пабло Лонгорија за да ги разјасни деталите за заминувањето.
Ваквиот исход е резултат на долгогодишната луда политика на Велодром, која доведе до ситуација Марсеј да нема пари за засилувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Карлсон ја прегази конкуренцијата на 10 километри, Цветановска заврши на 105-то место
Неверојатната Швеѓанка, Фрида Карлсон ја прегази конкуренцијата во трката на 10 километри, на Зимските олимписки игри во Милано и Коритна. На оваа трка настапи и македонската репрезентативка, Ана Цветановска.
Карлсон го освои вториот златен медла на овои Зимски олимписки игри, со најбрзата трка во историјата на светските првенства и олимписките игри. Карлсон во целта забележа време 22.49.2.

Речиси 47 секунди зад неа беше сонародничката Еба Андресон (+46.6), додека бронзениот медал го освои 34-годишната Американка, Џесика Дигинс (+49.7).
Цвенановска на крајот во конкуренција на 111 натпреварувачки го освои 104-то место, со време од 31.32.4., односно за осум минути и 43 секунди послаб резултат од победничката Карлсон.
Foto/ facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok
Спорт
Емил Рајковиќ замина од Тофаш
Македонецот, Емил Рајковиќ, повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Тофаш. Клупските челници, решија да се разделат со Рајковиќ, поради серијата лоши резултати.
Рајковиќ го презеде клубот на почетокот на сезоната, започна добро, но како што одминуваше сезоната резултатите беа се полоши и полоши. Во турското првенство, Тофаш, во конкуренција на 16 екипи, се наоѓа на 10-то место со осум победи и 11 порази. Бурса се наоѓа во серија од четири порази.
Разочарувачки настап Бурса има и во Лигата на шампионите, има една победа по четири одиграни натпревари.
Фото/ Архива, Топспорт
Спорт
Италија слави – Федерика Брињоне прв пат освои олимписко злато
Федерика Брињоне го освои првиот златен медал на Олимписките игри во својата кариера. Италијанката победи на трката во Супер-Џи, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Брињоне претрпе повеќекратна фрактура на левата нога 10 месеци пред ЗОИ во Милано и Кортина, кога доживеа ужасен пад во финишот од минатата сезона на патеката Лузија во Вал ди Фаса.
Помалку од една година по ужасниот инцидент во април, двократната освојувачка на големиот Кристален глобус возеше бестрашно, како ништо да не ѝ се случило, а на патеката Олимпија дела Тофане, недалеку од Кортина, во целта влезе со време 1:23,41.
Фактот дека само 26 од 43-те пријавени натпреварувачки успеаја да стигнат до целта зборува многу за тоа колку тешка беше патеката. Особено беше драматично на стартото, поточно во групата од 15 најквалитетни, шест од нив не стигнаа до целта.
За среќа, за разлика од спуштањето кога Линдзи Вон претрпе ужасна фрактура, овој пат немаше сериозни повреди.
Доминацијата на Брињоне во оваа трка укажува и фактот дека таа имаше дури 41 стотинка предност пред Французинката Роман Мирадоли, која го освои сребрениот медал. Подиумот го пополни Австријката Корнелија Хитер, која заостануваше 0,52 секунди зад победничката, а нејзината сонародничка Аријана Редлер на четвртото место имаше послаб резултат за само една стотинка.
Меѓу многуте учеснички кои не стигнаа до целта, се издвојуваат миленичката на локалните фанови, Софија Гоџа, како и Чехинката Естер Ледецка, додека најдраматичните падови ги доживеаа Американките Бризи Џонсон (олимписка и светска шампионка во спуст) и Мери Бокок.
Foto/ EPA

