Спорт
Шок во Бергамо – тешка повреда на Скамака
Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака ги скинал вкрстените лигаменти на коленото, пренесуваат локалните медиуми.
Скамака блесна минатата сезона и беше еден од клучните играчи за историската сезона на Аталанта која го освои трофејот во Лига Европа и се пласира во Лигата на шампионите.
Се очекува тој да отсуствува од терените меѓу шест и седум месеци, а би можел да се врати на почетокот на пролетта и евентуално да биде подготвен за крајот на сезоната.
Повредата ја заработи на подготвителен натпревар, само десет дена пред натпреварот од Суперкупот на Европа против Реал Мадрид.
Се претпоставува дека Аталанта сега ќе излезе на пазарот и ќе се обиде да ангажира играч со сличен профил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ракитиќ мораше да избира помеѓу Иниеста, Чави и Модриќ
Техничкиот директор на Хајдук, Иван Ракитиќ (37), беше гостин на настан во Шпанија, земјата каде што мина најголем дел од успешната кариера. Во таа прилика, тој имаше краток разговор со новинар на „ДАЗН“, кој го замоли брзо да го избере најдобриот играч од средниот ред меѓу двајцата играчи.
Беа понудени пензионирани и активни играчи, претежно поранешни и сегашни членови на Реал Мадрид и Барселона.
За време на разговорот, Ракитиќ покажа поголема преференција кон своите поранешни соиграчи од Барселона, но кога дојде редот на Лука Модриќ, тој го избра него пред легендите на Барселона, Андрес Иниеста и Чави.
Соочен со тежок избор, Ракитиќ рече „како да избираш мама или тато“, но на крајот сепак го избра Модриќ.
Ракитиќ има 436 настапи во Ла Лига за Севилја и Барселона во својата кариера. Со каталонскиот клуб, играјќи заедно со Чави и Иниеста, ги освои сите трофеи на клупско ниво, додека со Лука Модриќ во хрватската репрезентација, освои сребро на Светското првенство во Русија во 2018 година.
Спорт
Тудор добил отказ преку телефон?
Мандатот на хрватскиот тренер Игор Тудор на клупата на Јувентус траеше кратко. Тудор беше назначен за тренер на Јувентус во март оваа година. Тој го водеше тимот од Торино вкупно 24 натпревари, а беше отпуштен откако неговиот тим не успеа да забележи победа на ниту еден од последните осум натпревари (пет нерешени резултати и три порази).
По последниот пораз од Лацио (1:0) и наводната реакција во соблекувалната насочена кон играчите, крајот беше неизбежен. Како што објавува „Тутоспорт“, генералниот директор на клубот, Дамиен Комоли, во телефонски разговоро му соопштил на Тудор дека повеќе не е тренер на „старата дама“.
Тоа не треба да биде премногу изненадување, особено кога се знае дека двајцата отсекогаш имале ладни односи. Тудор не беше изборот на Комоли, тој сакаше да се ослободи од него. Изборот на генералниот директор беа Конте и Гасперини, но едниот реши да остане во Наполи, а другиот ја прифати понудата од Рома.
Оваа сезона, Јувентус не само што не изгледаше добро на теренот под водство на хрватскиот тренер, туку тој и отворено ја критикуваше администрацијата во медиумите во неколку наврати.
Спорт
Роџерс си замина од Селтик
Брендан Роџерс, поднесе оставка од функцијата менаџер на Селтик. Роџерс си замина од функцијата откако се скара со мнозинскиот сопственик на клубот, Дермот Дезмонд, кој го обвини дека се однесува „себично“. Неговото место привремено ќе го заземе поранешниот менаџер Мартин О’Нил.
Веќе некое време се шпекулираше за неговата иднина поради лошиот почеток на сезоната, а по поразот од Хартс минатиот викенд, по кој Селтик има осум поени помалку од Хартс, Роџерс одлучи да ја преземе одговорноста и да си замине.
Клубот ја прифати оставката и ги назначи Мартин О’Нил и Шон Малони да го водат тимот како привремени менаџери.
Се претпоставува дека двајцата ќе бидат на клупата за претстојниот натпревар од „Олд Фирм“ на 2 ноември.
Роџерс освои 11 трофеи во два мандата на клупата на Селтик, за четири години.

