Спорт
Шок за Ѓоковиќ: Дали ќе мора принудно да го напушти Вимблдон?

Бранителот на титулата на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, можеби ќе мора принудно да го напушти престижниот турнир во Лондон. Ова откако бил во контакт заразен со коронавирус.
Хрватот Марин Чилиќ има симптоми на Ковид-19, а Ѓоковиќ пред почетокот на Вимблдон имал тренинзи со него. Поради ова би можел да биде ставен во изолација. Последниот збор ќе го имаат здравствените власти на Велика Британија.
„Ги следиме инструкциите на владата на Велика Британија поврзани со коронавирусот и ќе направиме се за да спречиме потенцијално ширење на коронавирусот на нашите терени“, соопштија организаторите на Вимблдон.
Србинот вчера во првото коло го совлада Кореецот Квон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо добил дозвола да го напушти Јунајтед

Манчестер јунајтед му дал дозвола на Кристијано Роналдо да си замине, пренесува „talkSPORT“, повикувајќи се на извори блиски до клубот . Португалецот пред еден месец побара дозвола да го напушти клубот, бидејќи Јунајтед сезонава нема да играат во Лигата на шампионите.
Незадоволен што клубот не одговори позитивно на неговото барање, тој ги пропушти практично сите подготовки и се приклучи на тимот само една недела пред почетокот на сезоната.
Во текот на целото лето се зборуваше за различни опции на кои размислува Кристијано Роналдо, се споменуваше враќање во Шпанија, па дури и во Спортинг, а пред само два дена се пишуваше дека го одбиле и двата клуба од Милано, Интер и Милан.
Незадоволството секако е големо во целиот тим на Манчестер Јунајтед, се навестуваше дека цел тим сака Роналдо да си замине, а како што пишуваа британските медиуми во вторникот, клубот конечно му дал дозвола да си замине.
Прашањето е само каде може да оди и дали воопшто ќе замине.
Спорт
Суспендиран ФС на Индија

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го суспендира Фудбалскиот сојуз на Индија. Одлуката стапува на сила веднаш, а е донесена поради „јасно мешање на трета страна во работата на алијансата“.
ФИФА во понеделникот објави дека ќе донесе одлука за суспензија на индиската ФА и дека одлуката ќе стапи на сила веднаш по усвојувањето.
Одлуката е донесена поради „јасно мешање на трета страна во работата на здружението“, што е сериозно кршење на прописите на ФИФА.
Суспензијата значи дека на Индија ѝ е одземена организацијата на Светското првенство за жени до 17 години, кое требаше да се одржи од 11 до 30 октомври оваа година.
ФИФА ги разгледува следните чекори по ова прашање и нагласува дека е во постојан контакт со луѓето од Министерството за млади и спорт на Индија за да се отстранат причините за суспензијата.
Високиот суд на Индија во мај го распушти ФС на Индија и назначи тричлен совет да го замени бидејќи ФС на Индија го прекршил рокот од 18 месеци за спроведување избори. По сите обиди да се реши ситуацијата, ФИФА на крајот ја суспендираше индиската ФА.
Спорт
Историско коло во Серија А

Првото коло во италијанската Серија А донесе неколку интересни резултати и победи на фаворитите.
Победија сите оние на кои им беше предвидено добар почеток на сезоната, некои убедливо (Милан, Наполи, Јувентус), некои се мачеа (Интер, Рома, Лацио), но нема дилема дека битката за врвот на табелата во актуелната кампања ќе биде возбудлива до последното коло. Сите тимови кои минатата година завршија меѓу осумте најдобри – освоија три бода.
Она што се издвојува за првото коло на Серија А е информацијата дека ниту еден натпревар не завршил нерешено. Ова се случи за прв пат по сезоната 1971/72, претходно уште само два пати, немало нерешен резултат во воведното коло, во 1933/34 година и во сезоната потоа.