Спорт
Шок за Шпанија, Љуљ нема да игра на Евробаскетот

Еден од најискусните и најдобри кошаркари на шпанската репрезентација Серхио Љуљ поради повреда ќе го пропушти претстојното Европско првенство.
Кошаркарот на Реал Мадрид е уште една ѕвезда која поради повреда ќе мора да го прескокне континенталниот шампионат. Вчера од списокот на Грузија оптадна најдобриот играч, Торнике Шенгелија.
Серхио Љуљ заработи повреда на мускулот на вчерашниот натпревар против Исланд, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Денешниот лекарски преглед покажа дека нема сериозни оштетувања, но доволно тој да не биде меѓу патниците на Евробаскетот, соопштија од шпанската федерација.
Шпанија и има проблеми со ростерот, бидејќи го има најслабиот состав за меѓународни натпреварувања во претходната деценија. Затоа, тие мораа да натурализираат Лоренцо Браун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Почнува расплетот во Лигата на нациите

Со четвртфиналните натпревари од Лигата на нации започнува битката за трофејот на третото најважно меѓународно натпреварување кое беше замислено со идеја пријателските натпревари да се претворат во натпреварувачки.
Титулата ја брани Шпанија која во претходното финале ја совлада Хрватска по подобро изведување пенали.
Пред Шпанија, првак во Лигата на нации беше Португалија, како и Франција една сезона подоцна.
Лига на нации, 1/4 финале:
20:45 Данска – Португалија
20:45 Хрватска – Франција
20:45 часот Италија – Германија
20:45 Холандија – Шпанија
Победниците од четвртфиналните натпревари (20 и 23 март) ќе се пласираат на завршниот турнир.
Спорт
Боксот ќе биде на програмата на ОИ во Лос Анџелес

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) едногласно одлучи боксот да остане на програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Извршниот одбор на ИОК, на состанокот во Коста Наварино, Грција, гласаше да се задржи боксот на олимписката програма, по долгогодишна неизвесност и исфрлањето на Меѓународната боксерска федерација (ИБА) од олимпиското движење во 2019 година.
„Имавме само една правилна одлука, а тоа беше да го вклучиме боксот во програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес“, изјави на прес-конференција претседателот на МОК, Томас Бах.
ИОК го призна Светскиот бокс како раководно тело во февруари, и покрај тоа што имаше само 78 федерации членки, што е далеку од другите признати раководни тела. Сепак, ИОК изјави дека Светскиот бокс покажал дека 62 отсто од боксерите и 58 отсто од победниците од претходните игри во Париз биле поврзани со тие федерации.
По суспензијата на ИБА поради обвинувања за корупција, лошо управување и финансиски малверзации и неуспешни обиди за реформи, ИОК мораше да организира боксерски турнири во Токио и Париз и оттогаш бара сигурен партнер за оваа задача.
„Ви благодариме што го одобривте враќањето на боксот. Се радуваме на одличен боксерски турнир“, рече Бах.
Спорт
Во чест на Андреј Лазаров Тиквеш го повлече дресот со број 16

ГФК Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16. Овој број во периодот додека настапуваше за ГФК Тиквеш го носеше Андреј Лазаров, кој настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Лазаров, на 16.март кога се случи пожарот кој однесе 59 животи им помагал на луѓето. Иако првичните информации беа дека неговата состојба е стабилна, тој им подлегна на повредите.
„Во чест и знак на благодарност за АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број 16кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен.
Ангелите живеат вечно
Збогум Андреј“.