Спорт
Шпанците на крајот ја „решија“ Словенија за четврт-финале
Шпанската ракометна репрезентација обезбеди пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Шведска и Полска, откако во второто полувреме ја „скршија“ Словенија за на крајот да победат со убедливи 29:25.
„Фуријата“ водеше од почетокот на мечот, но Словенците успеаја да израмнат за 15:15 на полувреме, за потоа на почетокот на второто дури и да дојдат во водство. Меѓутоа, тимот на Жорди Рибера успеа да ја преземе контролата на мечот, и потоа да направат убава разлика која беше недостижна за Словенците.
Каулди Одриозола ги предводеше Шпанците со седум гола, Даниел Душебаев заврши со пет гола, додека МВП на мечот беше невојатниот голман Гонзало Перез де Варгас, а кај Словенците, капитенот Јуре Доленец имаше седум постигнати гола.
Во групата 2, Португалците ги заддржаа шансите за четврт-финале, откако рутински со 35:23 ги совладаа Кабо Верде (Зелено’ртските Острови).
СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 1
Словенија – Шпанија 26:31 (15:15)
Иран – Франција 18.00 ч.
Црна Гора – Полска 20.30 ч.
ГРУПА 2
Кабо Верде – Португалија 23:35 (12:14)
Бразил – Унгарија 18.00 ч.
Исланд – Шведска 20.30 ч.
ПРЕЗИДЕНТ КУП, ГРУПА 1
Чиле – Уругвај 34:24 (17:13)
Саудиска Арабија – Јужна Кореја 18.00 ч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Никогаш не стапнал на Хаити, а може да ја однесе репрезентацијата на СП
Фудбалската репрезентација на Хаити, еднаш во 1974 година играше на Светското првенство, вечерва (02.00 часот) има можност да го повтори тој подвиг. Ако ја победат Никарагва, а Хондурас не ја совлада Костарика. Хондурас и Хити имаат ист број на бодови, по осум, но Хундурас има подобра гол разлика.
Она што ја прави оваа приказна особено привлечна е тоа што селекторот Себастијан Миње никогаш не стапнал на почвата на оваа земја во Карибите.
Не затоа што францускиот стручњак сакал, туку едноставно морал, бидејќи во земјата владеат криминалните банди, пред сè во главниот град, место каде што вообичаено се собира националниот тим.
„Невозможно е да се работи на Хаити, бидејќи е премногу опасно. Обично живеам во земјите каде што работам, но во овој случај тоа не е можно. Нема повеќе меѓународни летови што слетуваат таму“, рече шефот на стручниот штаб на можен учесник на Мундијалот во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.
Сите негови избрани играчи играат во странство, репрезентацијата е домаќин на неутрални терени, а главна поддршка во работата му биле информациите од луѓе од Сојузот, врз основа на кои, како што вели, го управува тимот од далечина.
Миње во кариерата работел во Кенија, Екваторијална Гвинеја, Конго…

Спорт
Се повреди клучниот дефанзивец на Арсенал
Рeпрезентативната пауза донесе лоши вести за Арсенал. Габриел Магаљаеш, стопер кој е еден од клучните играчи на актуелниот лидер во Премиер лигата, се повреди на натпреварот со Сенегал, кој Бразил го доби со 2:0.
„Габриел го повреди бутниот мускул и првите информации укажуваат дека би можел да отсуствува од четири до осум недеали“, објавува новинарот Дејвид Орнштајн.
Габриел ќе направи дополнителни тестови кои уште подобро ќе покажат за каква повреда станува збор и колку време ќе трае закрепнувањето, но ова би можело да биде тежок удар за Арсенал.
Покрај неговиот одличен дефанзивен придонес, Габриел има и два гола и три асистенции во 17 настапи оваа сезона.
Заедно со него, дефанзивците на Арсенал, Јуриен Тимбер и Рикардо Калафиори, исто така имаа проблеми со повреди во текот на овој репрезентативен циклус, но се чини дека нивните повреди не сериозни.
Габриел е во Арсенал од 2020 година и стана еден од најдобрите играчи во тимот на Микел Артета. Во Арсенал пристигна од Лил за сума од 26 милиони евра.
Спорт
Хамилтон откри – го напушта Ферари?
Луис Хамилтон им откри на медиумите дека нема да го обнови договорот со тимот на Ферари во Формула 1.
Луис Хамилтон јавно кажа што им е на ум на повеќето фанови на Формула 1, ќе го напушти Ферари кога ќе му истече договорот со италијанскиот тим.
Кога седумкратниот шампион во Формула 1 пристигна во Ферари, никој не го оспори потегот, но немаше потврда дека станува збор за повеќегодишен договор.
Се шпекулираше дека Хамилтон потпишал почетен двегодишен договор, кој логично би ја вклучил првата година од новите правила во 2026 година.
Хамилтон навистина се мачи оваа сезона и за прв пат во својата кариера нема ниту еден подиум.
„Имам договор. Под нормални услови, започнувате преговори за нов договор најмалку една година претходно. Далеку сум од тоа во моментов“, рече Луис.
Кога го прашаа дали ќе преговара со Ферари следната година, тој кратко рече:
„Не“.
Во овој период младиот Оливер Берман, возач од академијата на Ферари, покажа импресивен талент и се очекува да добие шанса во Ферари при првата можност.
„Тој е одличен возач и многу сум среќен за него. Погледнете колку се подобри од првата трка. Тој е одличен човек“, го пофали Хамилтон.

