Спорт
Шпанската полиција влезе во просториите на Фудбалскиот сојуз
Во средата наутро полицијата влезе во просториите на Шпанскиот фудбалски сојуз поради сомневање за коруптивни активности. Овие сомнежи се засноваат на незаконски договори преку кои наводно се переле пари. Во објавата на оваа вест шпанските медиуми пренесоа дека во полициската акција има уапсени.
Шпанските медиуми јавуваат дека досега се уапсени седум лица. Нивните имиња не се споменуваат. Под истрага се уште пет лица.
Во исто време полицијата изврши претрес и во домовите на вработени и поранешни вработени во Сојузот.
Еден од домовите во кои влезе полицијата бил и домот на поранешниот претседател на Шпанската фудбалски сојуз, Луис Рубиалес. Тој во моментов не е во Шпанија.
Да потсетиме, Рубиалес беше суспендиран од сите фудбалски активности на три години поради сексистичкиот скандал на финалето на Светското првенство за жени. Причината е што за време на доделувањето на златните медали во женска конкуренција, тој ја бакнал во уста репрезентативката Џени Хермосо против нејзина волја.
Судот, кој ги истражува договорите што ги потпиша Шпанскиот фудбалски сојуз со Саудиска Арабија, домаќинот на натпреварите од шпанскиот Суперкуп, издаде наредба за увид во спорните документи.
Првиот контакт пред потпишувањето на тој договор го оствари компанијата Космос, чиј сопственик е поранешниот шпански репрезентативец и стопер на Барселона Џерар Пике.
Врз основ на тие договори, Шпанскиот фудбалски сојуз остварува профит од 40 милиони евра годишно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дон Карло, апсолутен рекордер во Лигата на шампионите
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти стана најтрофејниот тренер во историјата на Лигата на шампионите.
На „Вембли“, петти пат во кариерата стана европски првак. Реал во финалето ја победи Борусија Дортмунд со 2:0.
Дон Карло трипати го освојуваше овој трофеј со Реал, а уште два пати со тимот на Милан.
По натпреварот тој имаше интересна изјава за тоа како ќе го прослави овој апсолутен рекорд и уште еден трофеј во низа.
„Ќе славам во карактеристичен стил, со уште една пура на плоштадот Цибелес во Мадрид“, беше одговорот на Анчелоти во изјавата за шпански „Мовистар“.
Секако, имаше и неколку зборови за самиот натпревар.
„Малку го турнавме Винисиус понапред, бидејќи во првото полувреме бевме малку мрзеливи, ја губивме топката. Играа како што сакаа, влегоа во многу опасни ситуации и многу опасно не нападнаа“, изјави Анчелоти.
Имаше што да каже и за Тони Крос кој со оваа титула се збогува од Реал Мадрид.
„Малку е тажно што Тони вака не остава. Но тој е на врвот на кариерата и тоа мора да се почитува“, заклучи Анчелоти.
Спорт
Модриќ е играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид
Лука Модриќ стана фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид.
Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 на „Вембли“ во Лондон и ја освои Лигата на шампионите. Тоа е 15-та европска титула во историјата за „кралскиот клуб“.
Стрелци за Реал беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.
Капитенот на Хрватска влезе во игра во 85. минута и го освои својот шетти пехар во ЛШ и на клупската листа се изедначи со Пако Хенто.
Воедно, ова е 26. титула за Модриќ во дресот на Реал, што значи дека тој е фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал.
Модриќ ги претекна поранешните соиграчи Карим Бензема и Марсело.
Актуелниот капитен на Реал, Начо Фернандеш е изедначен за првото место со Модриќ.
Модриќ стана и најстариот играч кој некогаш играл за Реал во финалето на Лигата на шампионите. Рекордот доаѓа од фактот дека Модриќ е најстариот играч на Реал во ЛШ воопшто.
Тој го собори овој рекорд во полуфиналето против Баерн, кога настапи на возраст од 38 години и 234 дена.
Модриќ е и играчот со најмногу настапи во финалето на ЛШ откако елитното натпреварување се игра во овој формат.
Тој по шести пат играше во финалето на Лигата на шампионите, што досега го имаат постигнато само Паоло Малдини и Кристијано Роналдо и неговите соиграчи Начо и Тони Крос.
Досега, со пет настапи во финалето, Модриќ беше изедначен со Бензема, Патрис Евра, Кларенс Сидорф и Едвин ван дер Сар.
Спорт
(Видео) Навивачи го прекинаа финалето, еден си направи „селфи“ со Винисиус
Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по 15. пат во својата историја. Во финалето одиграно на стадионот „Вембли“ во Лондон пред 86.000 гледачи Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Стрелци за Кралскиот клуб беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута од натпреварот.
Финалето во Лигата на шампионите беше прекинато уште во првата минута бидејќи на теренот влегоа тројца навивачи, најверојатно Реал.
😡 Embarrassing start for UEFA & Wembley as series of pitch invaders go unchallenged & disrupt start to game. Delay of 2 minutes #UCLfinal pic.twitter.com/hP3etCMJRI
— Craig Hope (@CraigHope_DM) June 1, 2024
Обезбедувањето ги бркаше натрапниците на теренот, а прекинот траеше речиси две минути. Еден навивач го извадил мобилниот телефон и направил „селфи“ со Винисиус.