Спорт
Шпански велосипедист ќе завршеше во бездна, ограда му го спаси животот (фото)
Шпанскиот велосипедист Андони Азкарате (18) е тешко повреден на аматерското првенство во велосипедизам кое се одржува во Баскија.
Азкарате се спуштал од планината Гонтзеграин меѓу градовите Наркин и Мунтилибар, па изгубил контрола врз велосипедот и завршил во заштитна ограда.
Оградата малку недостигало да го пресече, но сепак да не билаа таа ќе завршел во длабока бездна. Сега ќе носи посекотина на градите како сеќавање на несреќната случка.
„За среќа повредата е само површинска. Повредена му беше и внатрешната вратна вена. Баш изгледаше страшно“ – рекол Давид Ечеберија, спортскиот директор на клубот за кој возел младиот велосипедист.
Ayer ganamos Sin ganar..
fue Solo un susto.
Pero vaya susto.
2019 y seguimos con las Cuchillas..( quitamiedos ) en las Carreteras.
El chaval esta bien.
Pero piensas lo que pudo ser..?
A ninguno se nos ha pasado el susto
Ojala desaparezcan estas cuchillas de nuestra carreteras? pic.twitter.com/QAHLA8CB7l— David Etxebarria (@tatxu73) June 17, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шампионот падна во Минеаполис – Минесота ја победи Оклахома
Ноќта помеѓу петокот и саботата ни донесе низа интересни натпревари во НБА лигата, а најинтересниот натпревар се одигра Минеаполис. Минесота Тајбервулвс славеа против лидерите во Западната конференција Оклахома Тандер со 112:107, со што ја прекинаа одличната серија на актуелниот бранител на титулата.
Ниту брилијантната игра на Шеј Гилџес-Александер не беше доволна за франшизата на Оклахома триумфално да се врати од Минесота.
Актуелниот МВП го заврши натпреварот со 35 поени. Канаѓанецот немаше доволна од соиграчите, пред се од вториот најдобар играч во тимот, Џејлен Вилијамс кој постигна 17 поени, па затоа е јасно во што лежи клучот за поразот на лидерот на Западот.
Од друга страна, Ентони Едвардс, со дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока со три асистенции, беше најрасположен кај домаќините, кои и трет пат од почетокот на годината, како домаќини ја победија Оклахома.
Резултати:
Бостон – Мајами 129:116
Њујорк – Филаделфија 107:116
Атланта – Сан Антонио 98:126
Кливленд – Чикаго 125:136
Минесота – Оклахома Сити 112:107
Спорт
(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол
Шест рунди му беа потребни на британскиот тешкаш Ентони Џошуа да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол во борба која од самиот почеток беше прогласена за една од најнееднаквите во историјата на боксот.
Пол го помина поголемиот дел од борбата избегнувајќи да влезе во дуел со Џошуа, на крајот потклекна на моќта на двократниот светски шампион.
Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го нокаутира јутјуберот двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот во шестата рунда пред Џошуа да го изведе тврдиот и чист десен удар, му ја скрши вилицата на Пол, што донесе ненадеен крај на надреалната ноќ во центарот Касеја во Мајами. Иако Американецот не успеа да се стане од подот на време, во салата имаше олеснување кога стана и го напушти рингот без помош.
Anthony Joshua finally lands the knockout blow in round 6! #JakeJoshua pic.twitter.com/fLBZKhZW4Y
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) December 20, 2025
„Не беше ова мое најдобро издание“, рече 36-годишниот Џошуа. „Крајната цел беше да се нокаутира Џејк Пол и да се повреди. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десницата конечно ја пронајде својата дестинација.“
Исходот од мечот беше очекуван, а контроверзниот натпревар повторно ги отвори прашањата за безбедносните ризици создадени од таков јаз во искуството, големината и силата.
За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.
Двајцата боксери од борбата заработија по 92 милиони долари.
Foto: Profimedia
Спорт
(Видео) Болоња преку Интер до финалето на Суперкупот
Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот. Болоња во Ријад го победи Интер по изведувањето пенали со 3.2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.
Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, но тоа не успеа да го претвори во победа. Турам му донесе предност на Интер во втората минута. Болоња изедначи од пенал во 35-та минута, преку Орослини.
Во пенал серијата, во херој се претвори голманот на Болоња, Раваља. Тој ги одбрани ударите на Бастони и Бони, а Барела шутираше над голот.
Финалниот натпревар се игра в понеделник од 20 часот. Противник на Болоња ќе и биде актуелниот првак Наполи.

