Спорт
Шпанскиот Суперкуп повторно ќе се игра во Саудиска Арабија
Завршницата на шпанскиот Суперкуп, ќе се игра во Ријад од 10 до 14 јануари 2024 година, а ќе настапат Барселона, Реал, Атлетико и Осасуна.
Четврти пат Суперкупот на Шпанија ќе се игра во Саудиска Арабија, по изданието во 2020 година во Џеда и изданијата од 2022 и 2023 година исто така во Ријад.
Преселбата на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија е дел од договорот потпишан со таа земја, кој на РФЕФ му плаќа околу 30 милиони евра по сезона. Шпанскиот Суперкуп, според договорот во Саудиска Арабија ќе се игра до 2029 година.
Во полуфиналето ќе се сретнат ривалите од Мадрид, Реал (победник на Копа дел Реј) и Атлетико (трет во Примера), како и Барселона (шампион на Шпанија и бранител на титулата) и Осасуна (финалист на Купот).
Полуфиналните натпревари се закажани за 10 и 11 јануари, додека финалето е закажано за 14 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сандерленд го шокира Челзи во 93-та минута – Њукасл го победи Фулам
Два натпревари ја отворија саботната програма во Премиер лигата. Сандерленд покажа дека веќе не е изненадување во шампионатот, победи на „Стенфорд Бриџ“ со 2:1, додека со ист резултат Њукасл славеше во дуелот со Фулам.
Сандерленд, оваа сезона се врати во Премиер лигата и покажа дека нема намера да испадне. „Црните мачки“ во раната фаза оримија гол, Граначо погоди по само четири минути. За Аргентинецот ова беше деби гол во дресот на Челзи.
Гостите успеаја да се вратат во натпреварот во 22-та минута го израмнија резултатот со голот на Вилијам Исидор.
Овој резултат беше актуелен се до 93-та минута, кога молскавичен контранапад изведоа гостите, а „Стенфорд Бриџ“ го шокира Чемсдин Талби.
Челзи го забележа третиот пораз во последните пет натпревари и се наоѓа на деветтото место на табелата, додека Сандерленд со петтата победа, барем за момент се искачи на второто место.
Њукасл против Фулам поведе со голот на Џејкоб Марфи во 18-та минута и со тој резултат замина на полувреме.
Во продолжението од натпреварот, Саша Лукиќ постигна гол во 56-та минута и изедначи на 1:1.
Фулам сепак не успеа да освои бод, во таа намера го спречи Бруно Гимараеш, кој 90-та минута со спектакуларен удар му ја донесе победата на Њукасл.
„Страчките“ сега се на 11-то место, додека Фулам има четири порази по ред и моментално се на 16-то место на табелата.
Foto/ EPA
Домашен
Тажна вест: Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски
На 47-годишна возраст по боледување почина поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски.
Веста ја соопшти клубот од Битола, кој на социјалните мрежи се прости својот поранешен играч и тренер.
Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш.
Кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“.
Спорт
Карл повотрно влезе во историјата на Баерн – Баварците славеа во Менхенгладбах
На отворањето на саботната програма на Бундеслигата, беа одиграни пет натпревари од осмото коло.
Актуелниот првак Баерн остана перфектен од стартот на сезоната. Баварците славеа и на 13-от меч во низа, чудно е само што Хари Кејн не постигна гол.
Баерн од 19-та минута играше со фудбалер повеќе на теренот. ВАР интервенираше и го
исклучи десниот бек на домашниот тим, Јенс Карстроп.
Баерн само го зголеми притисокот од тој момент. Имаше шанси за тимот на Винсент Компани, но Борусија долго време со компактна игра пружаше отпор.
„Виктројата“ конечно даде резултат во 64-та минута, кога водечкиот гол за германскиот шампион го постигна играчот од средниот ред Јосуа Кимих. Пет минути подоцна, Баерн го постигна и вториот, преку Мијкл Олисе.
Во 73-та минута беше досуден пенал за Борусија, но Штегер ја погоди стативата и резултатот остана 2:0.
Тинејџерот на Баерн, Ленарт Карл, кој во средата постигна гол во Лигата на шампионите го постави конечниот резултат во 80-та минута.
Карл, откако стана најмалд стрелец во историјата на Баерн во ЛШ, сега стана и најмладиот стрелец на славниот клуб во историјата на Бундес лигата.

