Спорт
Шпанците го селат Модриќ во Севилја

Шпанскиот медиум „Дифенса Сентрал“, тврди дека фудбалскиот клуб Севилја покажува сериозан интерес за Лука Модриќ (39), чиј договор со Реал Мадрид истекува на крајот на јуни.
„Модриќ за десет дена би можел да потпише договор со Севилја за следната сезона“, е насловот на текстот. Модриќ може да преговара со други клубови од 1 јануари, но се чини дека се уште не е заинтересиран.
Модриќ сезона и пол не е прв избор на тренерот Карло Анчелоти, но оваа есен забележа 26 настапи, не успеа да постигне гол, забележа четири асистенции. Анчелоти го користи во систем на ротација и така функционира договорот помеѓу Реал и Модриќ.
Модриќ досега за Реал одиграл 559 натпревари, 39 гола и додаде 90 асистенции.
Севиља се наоѓа на 14.место на табелата во Примера. минатата и оваа сезона е далеку од конкуренција за местата во европските купови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.
Спорт
Емил Рајковиќ со Тофаш го победи првакот на Евролигата

Најуспешниот македонски тренер во историјата, Емил Рајковиќ, со својот тим Тофаш вечерва приреди сензација во турската кошарка, победувајќи го првакот на Евролигата, Фенербахче со тесни 80-78 на домашен терен.
Победничкиот кош за Тофаш дојде буквално во последната секунда. Херој на мечот стана Максвел Луис, кој ги постигна своите први поени на натпреварот токму во решавачки момент.
Голема заслуга за триумфот има Рајковиќ, кој на само една секунда пред крајот, при резултат 78-78, повика тајмаут и ја нацрта акцијата која тимот ја реализираше за победа.
Најефикасен кај Тофаш беше литванскиот репрезентативец Блажевич со 21 поен, додека Хортон Такер од Фенербахче го предводеше својот тим со 24 поени.
Спорт
Влаховиќ прави трансфер во Баерн Минхен?

Душан Влаховиќ ја започна сезоната во голема форма со Јувентус, но се чини дека неговото заминување од клубот од Торино е само прашање на време.
Алегри го посакуваше Србинот во своите редови на „Сан Сиро“, но трансферот не се реализираше. И Диего Симеоне го имаше Влаховиќ на радарот, но и од тоа не произлезе ништо.
Според доверливите информации на германскиот „Билд“, Влаховиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.Тој ќе се пресели во редовите на баварскиот гигант сосема бесплатно, откако неговиот договор со Јувентус истекува на 1 јули 2026 година.
Пред Јувентус, Влаховиќ настапуваше за Фиорентина и за Партизан.