Спорт
Што навистина Лукаку мисли за Ибрахимовиќ?

Несогласувањата помеѓу некогашните соиграчи од Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ, речиси секојдневно се тема во италијанските медиуми.
Пред два месеци, во текот на градското дерби, малку фалеше Лукаку и Ибрахимовиќ физички да се пресеметаат. Потоа се препукуваа преку социјалните мрежи.
„Губевме 1:0, јас бев лут бидејќи промашив добра шанса. Неговите зборови ме погодија. Не се гордеам со мојата реакција, но не дозволувам никој да ме навредува. Скромен сум, победник и до смрт ќе се борам за своите соиграчи“, рекол Лукаку.
Потоа, Белгиецот открил што навистина мисли за Ибрахимовиќ.
„Тој е одличен фудбалер, победувал секаде каде што играл, постигнал повеќе од 500 голови. Имавме добра однос додека бевме во Манчестер јунајтед. Мислам дека играчи како него му се потребни на италијанскиот фудбал. Тој сака да победи за себе, јас за Интер, Роналдо за Јувентус. Сега е тука и Мурињо. Тоа се добри работи за италијанскиот фудбал“, заклучил Белгиецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шпанија во последната секунда избори пенал серија, па се пласира во финалето на СП

Шпанија, потешко од очекуваното, стана првиот финалист на Светското првенство во Сингапур. Во полуфиналето, актуелниот европски шампион ја победи Грција со 11:9 (3:2, 3:1, 0:1, 1:3, 4:2).
„Црвената Фурија“, обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за прв пат од 2022 година, кога ја освои титулата. Исто така со оваа победа Шпанија обезбеди медал, петти пат по ред на светските првенства, што никој досега не успеал да го направи.
Стрелци за Шпанија беа: Санахуја три, Гранадос два, Бустос и Минураз по еден, додека головите за Грција ги постигнаа: Генидуњас и Гилас по два, Пурос, Аргиропулос и Џуветис по еден.
Грците се самоуништија во финишот, откако ја стигнаа и престигнаа предноста на Шпанија од четири гола, дозволија да примат гол во последната секунда. Мунариз го изедначи резултатот (7:7), а потоа голманот Унаи Рубио блесна во пенал серијата, одбрани два пенали и ја одведе својата селекција во финалето.
Се чинеше дека клучниот момент на натпреварот се случи во третата минута од втората четвртина. Кога Шпанците водеа со 3:2, Калвогеропулос направи „бруталити фаул“, Шпанците добија пенал и четири минути игра со играч повеќе. Шпанија водеше со 6:2, а кога Грција се комплетираше, водството на Шпанија беше 6:3. Тој резултат им даде шанса на Грците да се вратат во играта и со одлична одбрана го сторија тоа. Ја оставија Шпанија речиси 19 минути без постигнат гол.
Во третиот дел, Грција се приближи на минус два. Во последната минута, Гранадос беше исклучен со право на замена.Шпанците паднаа во играта, останаа без вистински решенија во нападот.
Грците се кренаа и на средината од последниот дел израмнија преку Пурос на 6:6. На помалку од две минути пред крајот, Гилас постигна гол за водство од 7:6, за одлична грчка серија од 5:0.
За последниот напад, Шпанија имаше само четири секунди, а Мунариз успеа да погоди.
Во изведувањето на пенали, Шпанците беа непогрешливи. Унаи Рубио ги одбрани ударите на Скумпакис и Какарис.
Вториот финаист ќе биде познат по дуелот меѓу Србија и Унгарија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
По 28 години, Мото ГП се враќа во Буенос Аирес

Големата награда на Аргентина е составен дел од шампионатот Мото ГП повеќе од 60 години. Во 21 век, трките се одржуваа на патеката „Термас де Рио Ондо“ Од 2027 година трките во Аргентина повторно ќе се одржуваат во Буенос Аирес.
Легендарната патека „Оскар и Хуан Галвез“, беше домаќин на трките од шампионатот Мото ГП од 1961 година, а трките се одржуваа повремено во предградијата на Буенос Аирес до 1999 година.
После тоа, Големата награда на Аргентина беше отстранета од календарот, а повторно се врати во календарот во 2014 година.
Оттогаш, до оваа година, Големата награда на Аргентина се одржуваше повремено во „Термо де Рио Ондо“.
Сепак (засега) последната трка на оваа патека се возеше оваа година. Големата награда на Аргентина нема да се вози во 2026, а во 2027 година се враќа во Буенос Аирес.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Саул го одби Трабзон, се сели во Фламенго

Саул Нигез по 17 години го напушти Атлетико Мадрид. Играчот, кој претходната сезона ја мина на позајмица во Севилја, спогодбено се раздели со клубот од „Метрополитано“.
Саул како слободен играч се очекуваше да се пресели во Трабзон. Во неделата, турскиот клуб испрати авион по него во Мадрид, но тој одби да отпатува во Турција. Медиумите објавија дека во договор со семејството решил да го одбие Трабзон.
Сепак причината била поинаква. Саул кариерата ќе ја продолжи во најбогатиот бразилски клуб Фламенго.
Там тренер ќе му биде поранешниот соиграч од Атлетико, Фелипе Луис.
Фото/ Принтскрин