Спорт
Штрлек моли да го вратат во хрватската репрезентација
Левото крило на Веспрем, Мануел Штрлек со писмо побара „милост“ и враќање во хрватската ракометна репрезентација, откако беше исфрлен од тимот пред Европското првенство оваа година, а генералниот секретар на Хрватскиот ракометен сојуз, Зоран Гобац му порача дека „за него патот е завршен“.
Хрватска без Штрлек стигна до среброто на ЕП, и сега тој со писмо до сојузот бара шанса да се врати во составот.
„Јас, Мануел Штрлек, со овој допис го молам Собранието на Хрватскиот ракометен сојуз и управниот одборн а ХРС да ја укине одлуката за моето неиграње за хрватската репрезентација, откако со сопствена одлука одбив да играм за репрезентацијата. Подготвен сум да бидам на располагање на селекторот за претстојните натпревари на репрезентација. Однапред благодарам“, стои во соопштението на Штрлек.
На Хрватска и следуваат важни натпревари во квалификациите за Олимписки игри во април, кога ќе играат со Франција, Португалија и Тунис.
За Штрлек „доживотно“ нема место во хрватската репрезентација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тијаго Силва во Порто
Бразилскиот ветеран, Тијаго Силва (41) се врати во Европа, тој потпиша договор „еден плус еден“ со Порто. Значи тој ќе игра за португалскиот клуб до крајот на сезоната, со можност за продолжување за уште една сезона.
Минатата недела, Силва го раскина договорот со Флуминенсе од родниот Рио де Жанеиро. Во Флуминесе мина две сезони во својот втор мандат во дресот на „триколорите“ .
Силва го носеше сино-белиот дрес на клубот со „Драгао“ во сезоната 2004/05, но беше дел од Б тимот, играше во втората лига на португалскиот фудбал. Сепак, тој не доби можност да игра за првиот тим на Порто, кој го испрати во московски Динамо, но не играше ниту во познатиот руски клуб, па беше испратен на позајмица во Флуминенсе.
Клубот од неговиот роден град го задржа три години, а сонародникот Леонардо, кој го предводеше тренерскиот штаб на Милан во 2009 година, го донесе во „росонерите“, со кои Силва ја освои двојната круна во 2011 година.
Силва остана на „Сан Сиро“ три сезони, по што следеше ангажман со Пари Сен Жермен, каде што помина полни осум години, носејќи ја капитенската лента и освојувајќи седум титули и пет изданија на Купот на Франција.
Потоа четири сезони од 2020 до 2024 го носеше дресот на Челзи. Со „сините“ успеа да ја освои и Лигата на шампионите.
КОга се врати во Бразил, се чинеше дека таму и ќе ја заврши кариерата, но тој се премисли, има голема желба да избори место во бразилската селекција на Мундијало, поради што се реши да се врати во Европа.
Foto/ depositphotos
Спорт
Баерн спогодбено се раздели со Гордон Херберт
Гордон Херберт ја напушти клупата на Баерн Минхен, објави клубот.
Тренерот роден во Канада и германскиот клуб, спогодбено се разделија. Разделбата дојде по серијата порази на Баерн во Евролигата, Баварците ги загубија последните осум натпревари.
Баварците никогаш немале толку долг период без триумф, што на крајот му пресуди на 66-годишниот Херберт, кој претходно светски првак со Германија.
Херберт го презеде Баерн на почетокот на минатата сезона и успеа да го одведе клубот до титулата во Бундеслигата и место во плејофот на Евролигата.
Сепак, со резултат од 5-12, тие во моментов на претпоследната позиција, а во петокот доживеаа дебакл во Монако со 103:77.
Foto/ shutterstock
Спорт
(Видео) Вест Хем немоќни пред Ерлинг Халанд
Во сабота од 16 часот се одиграа уште четири натпревари од 17-то коло на Премиер лигата. Манчестер Сити ја продолжи победничката серија, со убедливиот триумф од 3:0 над Вест Хем. Сити, барем на неколку часа се искачи на првото место на табелата. Лидерот Арсенал од 21 часот гостува кај Евертон.
Играчите на Пеп Гвардиола беа доминантни во текот на целиот натпревар и го забележаа седми по ред во сите натпреварувања.
Домашниот тим поведе во петтата минута, кога напаѓачот Ерлинг Халанд ја затресе мрежата.
Сити ја дуплираше својата предност во 38-та минута, кога Холанд му намести зицер на врска Тижани Рејндерс ја затресе мрежата.
Холанд го постигна својот втор гол во 69-та минута, по акција по десната страна и асистенција од десниот бек Рико Луис.
На овој начин, напаѓачот на Халанд го престигна голгетерскиот учинок во Премиер лигата на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, кој постигна 103 гола за Манчестер Јунајтед – но одигра и 122 натпревари повеќе во англиското првенство од Халанд.
Резултати:
Њукасл – Челзи 2:2 (2:0)
/Волтемаде 4, 20 – Џејмс 49, Жоао Педро 66/
Бурнмут – Барнли 1:1 (0:0)
/Семењо 67 – Броја 90/
Манчестер Сити – Вест Хем 3:0 (2:0)
/Халанд 5, 69, Рејндерс 38/
Вулверхемптон – Брентфорд 0:2 (0:0)
/Луис Потер 63, 83/
Брајтон – Сандерленд (0:0)
Foto/ depositphotos

