Контакт

Спорт

Штутгарт го потврди трансферот на Демировиќ

Објавено пред

Фудбалерот од Босна и Херцеговина Ермедин Демировиќ потпиша за Штутгарт, соопштија од клубот.

dobivaj vesti na viber

Како што е објавено на сајтот на вицешампионот на Германија, 26-годишниот напаѓач потпишал четиригодишен договор.

Аугсбург заработи 21 милион евра како обештетување за довчерашниот капитен. Ова е нов клупски трансфер рекорд за Штутгарт, кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Во претходните две сезони Аугсбург, Демировиќ одигра 66 натпревари. и постигна 23 гола.

Тој особено блесна минатата сезона со „дабл-дабл“ од 15 гола и 10 асистенции.

Пред Аугсбург, Демировиќ играше за Фрајбург, Сент Гален, Алмерија, Сошо и Алавес.

Демировиќ за репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра 26 натпревари има постигнато еден гол.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Баер со драматична победа во Менхенгладбах ја започна одбрната на титулата

Објавено пред

Борусија Менхенгладбах и минатогодишниот шампион Баер Леверкузен приредија вистински спектакл на отворање на 62. сезона во Бундес лигата.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Чаби Алонсо продолжи таму каде што застана минатата сезона, со победа длабоко во судиското надополнување на времетот.

Баер ја започна одбраната на титулата со победа на гостувањето кај Гладбах со 3:2.

По одличната увертира и кореографија на преполниот стадион, Гранит Џака постигна фантастичен гол од далечина, но не сакаше да слави против својот поранешен клуб.

Во 38. минута Флоријан Вирц одлично реагираше на одбиената топка и ја зголеми предноста на Баер.

Гладбах сепак успеа да возврати и да се врати во мечот по еден час игра со голот на
Нико Елведи.

Домашните продолжија со нападите и тоа на домашните им се исплатеше во 85. минута кога Клајндист одлично реагираше и го совлада голманот Храдецки за 2:2.

Гладбах сепак не усшеа да освои бод, кој го заслужи со она што го покажа на теренот.

Во 100. минута беше досуден пенал за Леверкузен. Ударот на Вирц го одбрани домашниот голман, но топата се одби до играчот Баер кој од вториот обид не промаши.

Прикажи повеќе...

Спорт

Брајтон го договори Кадиоглу – „Галебите“ на засилувања потрошија 204 милиони евра

Објавено пред

Турчинот Ферди Кадиоглу, според различни извори, сигурно ќе се пресели од Фенербахче во Брајтон.

dobivaj vesti na viber

Италијанскиот инсајдер Николо Скира објави дека лекарските прегледи и чинот на потпишување на договорот до летото 2029 година ќе се одржат во сабота, додека неговиот сонародник Фабрицио Романо додаде дека двете страни постигнале договор околу трансферот на 24-годишникот роден во Арнем, Холандија.

Пред две недели турскиот „АБЦ“ објави дека „галебите“ ќе му платат на Фенербахче 35,2 милиони евра за трансферот на Кадиоглу.

Кога ќе биде реализиран, овој трансфер ќе биде најскапиот во историјата на турската Суперлига.

Брајтон во досегашниот тек на преодниот рок на засилувања потроши 204 милиони евра на засилувања, а заработи 34,5 милиони.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Јаго Аспас ја нокаутира Валенсија, Димитриевски од клупата го гледаше поразот на „лилјаците“

Објавено пред

Фудбалерите на Селта ја победија Валенсија на „Балаидос“ со 3:1, во првиот натпревар од второто коло во Примера. Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви.

dobivaj vesti na viber

Селта во новата сезона влезе со две победи, ваков старт клубот од Виго немал девет сезони. За разлика од Селта, Валенсија во сезоната влезе со два порази.

Легендата на Селта, Јаго Аспас беше стрелец на еден од трите гола за домаќините, забележа и асистенција и успеа да промаши пенал, поточно неговиот удар го одбрани Георги Мамардашвили, но одличниот Грузиец во голот на „лилјаците“ не можеше да го спречи поразот.

foto/ epa

Гостите поведоа со голот на Диего Лопез во 14. минута, но Селта до полувремето направи пресврт. Оскар Мингеза израмни во 23. минута на асистенција на Аспас, само пет минути подоцна 37-годишниот капитен на Селта го постигна 206-от гол за клубот во 495-от настап во светлосиниот дрес. на својот живот.

Потоа Аспас, во судиското надополнување не успеа да реализира пенал, а точка на натпреварот во 60.минута стави Фран Белтран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Обвинителството со жалба бара повисоки казни за случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелацискиот суд Скопје поднесе жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен...

Европа2 часа

Детали за нападот во Солинген: По случаен избор ги избодел жртвите во врат

Три лица загинаа, а пет се тешко повредени синоќа во напад со нож во градот Солинген во западна Германија. Полицијата...

Македонија15 часа

Петровска: Целосно размонтирање на случајот за убиството пред „Мавровка“ – МВР криеше кои се убијците

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска вели дека е потребно целосно размонтирање на убиството кое деновиве се...

Европа21 час

Путин донесе одлука да одговори на украинската инвазија на Курск, тврдат Русите

Владимир Путин донесе одлука да одговори на упадот на Украина во Русија, изјави рускиот амбасадор во САД. „Искрено ви кажувам...

Регион22 часа

Нови детали за трагедијата во Нови Сад: двегодишното дете пронајдено во рацете на мајката, соседите се обиделе да го скршат ѕидот и да ги спасат

Maja С. (23), Данијел А. (29) и четири деца на возраст од 2, 4, 5 и од 7 години загинаа...

Македонија22 часа

На Богородица запленет златен и сребрен накит со проценета вкупна вредност од над половина милион денари

Запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограм сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден...

Македонија23 часа

Наставниците не се депримирани само поради платите, туку и од непочитувањето од родителите и учениците: Јаневска засега не гледа можност за зголемување на средствата

По вчерашната изјава на министерка за образование и наука, Весна Јаневска, дека нема да има зголемување на платите на наставниците,...

Македонија1 ден

(Видео) Голем пожар во фабриката „Ником“ во Кавадарци

Вчера вечер од 10:30 часот, голем пожар ја зафати фабриката за дрвена амбалажа, Ником ДОО Кавадарци. Пожарот бил локализиран околу...

Македонија1 ден

„СДС очајно се обидува да го спаси судијата Пајазити, а крие и скандал – приведените за убиството кај „Мавровка“ избегале од затвор во нивно време“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС на јавноста и презентира наоди за случајот со Блерим Рамадани ни помалку ни повеќе во прашална форма. Ова зборува...

Регион1 ден

(Видео) Голем пожар во Нови Сад, загинаа родители и четири деца

Во Нови Сад синоќа околу 2 часот и 30 минути избувнал голем пожар во семејна куќа. Како што пренесува српски...

Европа1 ден

(Видео) Повторно еруптира вулкан на Исланд

Вулкан во југозападен Исланд денеска еруптираше, исфрлајќи вжештена лава и чад, по шести пат од декември, соопшти денеска Исландската метеоролошка...

Свет1 ден

(Видео) Камала Харис ја прифати номинацијата, го одржа најважниот говор во својот живот

Потпретседателката на Демократската партија Камала Харис го одржа најголемиот говор во својот живот, на последната вечер од Демократската национална конвенција...

Македонија1 ден

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија2 дена

Во март 2025 година минималната пензија ќе биде 18.192 денара, за дваесет години – петпати се зголемил трошокот на државата за пензиите

Парите со кои државата го помага исплаќањето на пензиите за две децении петкратно се зголемиле. „Макфакс“ направи анализа на трошоците...

Македонија2 дена

МВР: Мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика

Во врска со информациите кои непрекинато се шират по медиумите, а се поврзани со бегството на лицето Блерим Рамадани, МВР...

Македонија2 дена

Движењето ЗНАМ: Епохално неспособниот СДСМ, во чиј мандат ѝ го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции на државата, нема право да го коментира нашето дејствување

„Епохално неспособната СДСМ во чиј мандат му го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции на државата нема право да...

Скопје2 дена

Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени

„Мислам дека за Арсовска периодов премногу се кажа сѐ, би кажал дека е единица мерка на личност што создава непријатели...

Македонија2 дена

Врховниот го укина решението на Кривичниот суд за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани

Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани, со кое...

Македонија2 дена

Мицкоски: Секој што згрешил пред законот – ќе одговара, убиството кај „Мавровка“ е расчистено, институциите експресно реагираа

„Најпрвин дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и за загубениот човечки живот“, рече претседателот на Владата на...

Скопје2 дена

Очекувавме седница, но се закажа само затворена координација со градоначалничката, се жалат советниците во Град Скопје обвинети дека ја кочат Арсовска

Кога станува збор за интересите на граѓаните, особено во делот на јавна чистота, комунална хигиена и јавни претпријатија, сите одлуки...