Спорт
Штутгарт поведе по 23 секунди, но на крај само со реми, Чурлинов доби шанса во финишот
Штутгарт и четврти меч во низа во Бундеслигата остана непоразен, откако се задоволи само со 1:1 реми со Келн на „Мерцедес-Бенц арената“, каде што македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов доби шанса за игра во последните 16 минути.
Домаќините имаа фуриозен старт на мечот, откако по само 23 секунди ја затресоа мрежата на Келн со фантастичниот гол на Орел Мангала, но Келн успеа да се избори до само вториот поен во новата сезона, откако во 23. минута Себастијан Андерсон од пенал израмни на 1:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сон доаѓа во Барселона
Хјеонг Мин Сон, играч на Лос Анџелес, наскоро би можел да пристигне на позајмица во Барселона.
Славниот Кореец, легендата на Тотенхем, ќе ја користи познатата клаузула воведена од Дејвид Бекам.
Тоа правило им овозможува на ѕвездите од МЛС да се преселат во друг клуб за време на паузата во лигата без да им биде раскинат договорот.
На овој начин, фудбалерите можат да ја одржат формата. Бекам беше на позајмица во Милан додека играше за Лос Анџелес.
Спорт
Барселона ќе игра во Перу во декември
Барселона ги финализира плановите за пријателски натпревар во Перу во декември за да ја надомести финансиската загуба поради откажувањето на натпреварот во Мајами против Виљареал.
„Барселона се надева дека ќе заработи седум до осум милиони евра од потенцијален пријателски натпревар во Перу, што би било значајно за клубот бидејќи се бори да ги стабилизира приходите“, пишува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот клуб имаше намера да игра натпревар од лигата против Виљареал на 20 декември на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, доби дозвола од лигата, но плановите беа откажани по бројните критики од клубовите, играчите и навивачите и самиот организатор.
Како што објавија медиумите, претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, им се обратил на играчите, тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко во тренинг центарот и ја потврдил подготвеноста на клубот да ја прифати понудата од Перу.
За време на состанокот, тој ја нагласил финансиската важност на натпреварот, особено имајќи го предвид намалувањето на комерцијалните приходи оваа сезона.
Пријателскиот натпревар би се одржал по последниот натпревар на Барселона во годината во шпанската лига, а пред почетокот на божиќната пауза. Клубот се консултира со Шпанската асоцијација на фудбалери за да се осигури дека датумот се совпаѓа со колективниот договор на играчите во врска со официјалниот почеток на празничниот период.
Јужноамериканскиот пазар, особено Перу, претставува голема комерцијална можност за глобалната стратегија на брендот и напорите на Лапорта да ги зајакне врските низ цела Латинска Америка. Барселона одби пет милиони евра за да одигра пријателски натпревар во Либија на почетокот на октомври од безбедносни причини.
Спорт
Реал нема да го казни Винисиус за срамно однесување
Реал Мадрид нема да го казни Винисиус Жуниор за неговото однесување на натпреварот против Барселона.
Бразилскиот репрезентативец му изнакажа секакви работи на тренерот Чаби Алонсо откако го замени 20 минути пред крајот на натпреварот.
Тој продолжи да ја изразува својата фрустрација по натпреварот кога вербално се пресмета со некои играчи на Барселона, поради што доби жолт картон.
Според информациите од Шпанија, односот меѓу Алонсо и Винисиус е сериозно нарушен. За да се смири недоразбирањето, тие ќе разговараат приватно во среда.
Винисиус, беше изоставен од почетната постава три пати оваа година.
Исто така, неговите преговори за продолжување на соработката со Реал не се поместија од почетната точка. Винисиус е под договор со „кралскиот клуб“ до 2027 година.

