Спорт
Шуми Јуниор: Роден сум да возам во Ф1
Мик Шумахер, синот на легендарниот возач на Ферари, Михаел Шумахер, смета дека е целосно подготвен за настапи во Формула 1 откако постојано ги подобрувал своите квалитети.
21-годишниот Шуми Јуниор е со мотоспортот во крвта, но мораше да го преземе вообичаениот пат до Ф1 – лани настапуваше во Формула 3 шампионатот, а оваа година е лидер во Формула 2 шампионатот на две трки пред крајот.
„Последните години имав цел да се развивам како возач и морам да кажам дека сум задоволен. Затоа мислам дека сум целосно подготвен за Формула 1. Задоволен сум што резултатите се добри и што имам силен тим зад мене“, вели Мик Шумахер.

Првичните најави дека ќе добие место во тимот на Алфа Ромео за следната сезона, но Кими Раиконен и Антонио Џовинаци беа потврдени за 2021, така што сега единствена реална опција е Хас Ф1, уште еден тим кој користи мотори на Ферари, иако шефот на тимот Матија Биното изјави дека конечната одлука не е донесена.
Тој требаше да има прв вкус на Ф1 болид на тренингот за трката во Нирбургринг со Алфа Ромео, но поради дождот сесијата беше откажана. Сега тој ќе добие втора шанса во Абу Даби.
„Ќе беше подобро да возев, но тоа беше добар викенд да се работи со Ф1 тим, да се разговара со инеженерите и да се добие претстава како функционира еден Ф1 викенд. Желбата да бидам Формула 1 секогаш ми била вродена и ќе дадам се за оваа цел“, додаде Шуми Јуниор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Даглас Луиз се врати во Астон Вила
Астон Вила мораше да реагира, на зимскиот пазар, поради големиот број повреди, па Унаи Емери сега повторно го доби Даглас Луиз.
Бразилецот не доби посебна шанса на позајмица во Нотингем Форест од Јувентус, поради што тој ги напушти „шумарите“, а Јувентус му дозволи да се врати во Астон Вила.
Даглас Луиз на овој начин се враќа во тимот на Емери по 18 месеци и трансферот во Јувентус, каде не се прослави.
Тој се пресели од Вила во Јувентус во летото 2024 година за дури 51.500.000 евра. Претходно го носеше дресот на Вила пет полни години, а интересно е што пристигна во Бирмингем од Манчестер Сити, каде што никогаш не доби вистинска шанса.
Вила сега го донесе на позајмица со опција за откуп во лето, но бројката не е позната.
Ова е големото враќање на капитенот, кој одигра дури 204 натпревари за Астон Вила, со улинок од 22 гола и 25 асистенции.
Луиз е ангажиран бидејќи сезоната заврши за Бубакар Камара, додека Мекгин и Тилеманс ќе бидат надвор од теренот неколку недели.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шавјацарија го запре Исланд, натпреварот во Малме заврши без победник
Ракометната репрезентација на Швајцарија одигра нерешено со Исланд 38:38 (19:19) и ја искомплицира ситуацијата во борбата за полуфиналето во групата 2 на Европското првенство.
Швајцарија, која нема шанси да се пласира во полуфиналето, одигра одличен натпревар против Исланд и речиси дури триумфираше против фаворитите.
Предноста беше на страната на Швајцарците во поголемиот дел од натпреварот, најголемата разлика беше во два наврати во второто полувреме (26:23, 28:25, 35:32). Во исклучително драматичен финиш, Исланѓаните прво ја надоместија негативата од два гола, а потоа, кон крајот, имаа напад за победа на околу триесет секунди пред крајот.
За среќа на Швајцарија, Исланд не го искористи најважниот напад на натпреварот и натпреварот заврши без победник.
Леополд Ноам беше подобар за Швајцарците со седум гола од седум шута, Џино Стенертс постигна шест од исто толку обиди, Феликс Ален придонесе со пет.
За Исланд, Елији Видјарсон и Ори Фрајт Боркелсон беа најефикасни со по осум гола.
Нерешениот резултат на Исланд е добра вест за нивните ривали, Шведска, Хрватска и Словенија, репрезентации кои имаат по четири бода и до крајот ќе одиграат по два натпревари.
Спорт
Најмалку седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа
Страшна сообраќајна несреќа, се случи во Романија. Во несреќата загинаа седум навивачи на фудбалскиот клуб ПАОК.
Група навивачи на ПАОК кои патуваа во Франција на натреварот од последното коло во Лига Европа, против Лион доживеаја трагична судбина.
Според првите информации објавени од романските и грчките медиуми, во несреќата загинаа седум лица, од кои пет се грчки државјани.
Навивачите патуваа од Александрија до Франција за да го бодрат својот тим во последното коло од Лигата на Европа, кое ПАОК го игра против Лион во четврток. За жал, нивното патување беше прекинато на романски автопат во една од најлошите сообраќајни трагедии во последно време.
Несреќата се случи на патот ДН6-E70, еден од главните патишта во тој дел од земјата. Мал автобус, кој доаѓаше од Грција и одеше кон Франција со вкупно десет патници, се обиде да престигне друго возило.
Враќајќи се во својата лента, возилото удрило во цистерна, по што биол фрлено во спротивната лента каде што се судрило со камион.
Во страшната несреќа учествувале вкупно четири возила – камион, минибус и два патнички автомобили.
Οχι ρε πο@στη , όχι …#PAOK pic.twitter.com/NkpLiwf8vp
— Veni,vidi,vici (@venividivici444) January 27, 2026
Покрај седумте загинати, како што објавија грчките медиуми, уште три лица се повредени и итно префрлени во болници. Според властите, состојбата на двајца од повредените е критична, додека третото лице е во болница со сериозни повреди.

