Спорт
Швајцарскиот јунак: Французите беа јаки, ама станаа арогантни!
„Ова што екипата го направи е лудо. Заслуживме пласман затоа што игравме храбро и се боревме до последен момент“, рече голманот на Швајцарија, Јан Сомер, откако неговата селекција избори четвртфинале на ЕВРО притоа елиминирајќи го првиот фаворит на првенството – Франција.
Швајцарците на пенали, по промашувањето на Мбапе во последната петта серија ги исфрлија „триколорите“ и закажаа пресметка со Шпанија.
По 90 минути мечот заврши со резултат 3-3, но мора да се напомене дека Швајцарија во 75. минута имаше негатива од 3-1.
„Беше тоа неверојатна фудбалска вечер, покажавме сјаен менталитет и пожртвуваност. Горд сум на целиот тим. При резултат 3-1 никој не веруваше во нас, но пред мечот рековме дека што и да се случи, без оглед на сценариото, одиме до крај. Французите беа јаки, но станаа помалку арогантни. Ова што ние го направивме е едноставно неверојатно. Ми доаѓа да плачам од среќа, бевме на дното и се вративме“, рече Сомер, кој го чува голот на Борусија Менхенгладбах.
Еден од јунаците на Швајцарија, Харис Сеферовиќ, двојниот стрелец, по мечот рече дека се запишаа во историја.
Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, со слично размислување.
„Испишавме историја за оваа фудбалска нација. Одиме на Шпанија во четвртфинале, ќе биде тешко, но сега сонуваме“, рече тој.
Разочарувањето во спротивниот табор е големо.
„Болно е, жално е што испуштивме 3-1. Се боревме до крај, за актуелен светски првак елиминација во осминафинале не е добар резултат. Сите очекуваа повеќе“, рече голманот на Франција, капитенот Уго Лорис.
Своето разочарување по мечот го сподели и дефанзивецот Рафаел Варан.
„Овој резултат е големо разочарување. Во прво полувреме воопшто не игравме, сè ни недостасуваше. Во вториот дел добро реагиравме, а потоа на противникот му оставивме премногу простор и се вратија во игра. Имаше многу фрустрација“, изјави Варан по мечот во Букурешт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

