Спорт
Швеѓаните вознемирени: Плачевме, каде оди овој свет
Светот во понеделникот вечерта го потресе трагедијата што се случи во Брисел.
Виктор Линделоф, капитенот на шведската репрезентација на полувремето побарал мечот со Белгија да не продолжи.
Натпреварот од групата Ф во квалификациите за ЕП 2024 меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска беше прекинат на полувремето откако во терористички напад во Брисел загинаа двајца шведски навивачи.
Одлуката за прекин на натпреварот двете репрезентации ја донесоа заеднички откако на паузата дознаа за нападот.
Прекинот на натпреварот го иницираше капитенот на Шведска, Виктор Линделоф.
„Белгија веќе се квалификуваше на Еврото, а ние немавме никави шанси, дали воопшто требаше да играме? На полувремето веднаш се договоривме да го прекинеме натпреварот, како капитен јас ја презедов иницијативата. Разговарав со моите соиграчи и Белгијците и сите се согласија. Сега е важно навивачите да бидат безбедни. Страшно е да се најдеш во опасност бидејќи ги носиш боите на својата репрезентацијата“, изјави Линделоф по мечот.
Селекторот на Шведска, Џејн Андерсон беше растревожен.
„Каде оди овој свет? Сите сме многу тажни поради тоа што се случи. Плачевме. Би сакал да изразам сочувство до семејствата на загинатите. „Во овој момент не е важно дали натпреварот ќе се игра“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот ќе биде главен тренер, а не менаџер на Ливерпул
Ерата на Јирген Клоп во Ливерпул заврши во неделата. Германецот по девет успешни сезони реши да замине на долг одмор. На заминување самиот го промовираше новиот тренер Арне Слот, кој во Ливерпул доаѓа од Феенорд.
Англиските медиуми објавија дека Слот, за разлика од Клоп нема да биде вработен како менаџер, туку како главен тренер.
Холанѓанецот е 23. предводник на Ливерпул, а прв што нема менаџерска улога.
Според британските медиуми, промената е одраз на следењето на модерните трендови на фудбалот. Повеќето англиски клубови сега го прават она што европските клубови го прават со децении, ја одвојуваат улогата на тренер од онаа на спортски директор или менаџер.
Ливерпул по објавата на Јирген Клоп дека го напушта клубот направи голема реорганизација. Затоа што Клоп не е единствениот што заминува. Клубот го напушта и фудбалскиот директор Јорг Шматке, како и неколку важни членови на стручниот штаб.
Во клубот се враќаат Мајкл Едвардс како шеф на фудбалот и Џулијан Вард како технички директор. Педро Маркез ќе биде директор за фудбалски развој на целата спортска групација Фенвеј, а Ричард Хјуз ќе биде новиот спортски директор. Сите тие, како и Арне Слот, ќе ги преземат своите должности на 1 јуни.
Клубот верува дека титулата главен тренер ќе му даде можност на Слот да се концентрира на најважните аспекти од работата со првиот тим. Тој дефинитивно ќе биде неприкосновен авторитет и ќе има целосна контрола врз тимот.
Спорт
ПСЖ го договори трансферот на Јоро
Лени Јоро има 18 години, сезонава играше станардно за Лил, со што го привлече вниманиетот на големите клубови. За ова момче стручњаците велат дека е најталентиранот стопер во својата генерација. За неговиот потпис се бореа Реал Мадрид и ПСЖ.
Трката за неговиот потпис ја доби ПСЖ. Реал се повлече бидејќи Флорентно Перез на сакал да издвои 50 милиони евра. Медумите пишуваат дека Реал за Јоро понудил 30 милиони евра.
За разлика од Реал, ќелниците на клубот од Парзи веднаш се согласиле да ја платат бараната сума.
Лени Јоро оваа сезона одигра вкупно 44 натпревари за Лил и постигна три гола.
Спорт
Јокиќ: Лука ми е пријател, му посакувам да ја освои титулата
Никола Јокиќ и кошаркарите на Денвер не успеаја да го одбранат шампионскиот прстен оваа сезона. Тие беа поразени во полуфиналната серија на Западот од Минесота со 4-3, последниот, седми натпревар во серијата Минесота го доби во Денвер со (90:98).
Јокиќ не беше расположен по натпреварот, делуваше исцрпено по големата борба. Минесота често играше со тројца високи играчи Руди Гобер, Карл-Ентони Таунс и Наз Рид кои максимално го изморија најдобриот играч во лигата.
Кога Јокиќ на прес-конференцијата беше запрашан да опише што им се случи, можеби со својот одговор индиректно прстот го впери кон челниците на франшизата, се пожали на на недоволниот квалитет што го има Денвер на клупата за резерви.
Јокиќ беше запрашан и кого би сакал да види на местото каде минатата година беше Денвер, со шампионски прстен.
„Тоа му го посакувам на Лука. Тој ми е добар пријател“.