Спорт
Швеѓаните ја „стопираа“ Франција и ќе играат за злато против „фуријата“

Шведска ќе игра за својата рекордна петта европска ракометна титула, но прва од 2002 година, откако во полуфиналето успеаја да ја стопираат фаворизираната Франција за 34:33 победа. Противник на „трите круни“ во големото финале во Будимпешта во недела ќе биде Шпанија, која претходно ја елиминираше Данска.
Стартот на мечот не ветуваше таков исход, откако Французите стартуваа со 5:1 водство, додека до 20-тата минута најдобар стрелец за Шведска беше голманот Андреас Паличка со три гола, вклучувајќи го израмнувачкиот за 10:10. По ова, Швеѓаните имаа одличен финиш на полувремето за да направат предност од три гола (17:14). Во второто полувреме, секој обид на Французите да го намалат водството на помалку од два гола разлика беше неуспешен, пред во финишот да дојдат на 31:32, кога Валентин Порт доби директен црвен картон за груба игра. Швеѓаните се вратија на +2 (34:32) во последната минута, меѓутоа, Французите вратија со брз гол, за потоа противниците несфатливо да ја загубат топката, пред последниот обид да биде одбранет.
Џим Готфридсон со 9 гола беше најдобар за „трите круни“, додека Лукас Пелас заврши со 7 гола, а за Французите, Уго Деска имаше осум гола, а Ајмерик Мине седум.
„Триколорите“ ќе мораат да се задоволат со борба за бронзата, против Данска, која драматично ја совладаа во последниот меч по групи за пласман во борбата за медалите. Швеѓаните пак, ќе се обидат да се одмаздат на Шпанците за поразот во финалето во Хрватска на ЕП во 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нотингем форест по пенал-драмата обезбеди пресметка со Хадерсфилд за влез во ПЛ

Нотингем форест и Хадерсфилд ќе играат во мечот кој „тежи“ милиони фунти – баражот за влез во Премиерлигата, откако вечерва Нотингем загубија дома од Шефилд јунајтед со 1:2, за да си ја уништат предноста од првиот натпревар, по што во пенал-драмата добија шанса по подолга пауза да се вратат во елитата.
Форест имаа 2:1 победа во првиот меч на гости кај Шефилд, и откако поведоа во 19. минута преку Џонсон, изгледаше дека пласманот во баражот е само рутина. Меѓутоа, Шефилд се вратија и со головите на Гибс-Вајт (49.) и Флек (75.) изборија продолжувања.
Во двете продолженија немаше голови, така што победникот се решаваше на пенали – гостите трипати беа неуспешни и Форест со 3:2 обезбеди пласман на „Вембли“, каде што на 29 мај ќе се судрат со Хадерсфилд. Фулам и Бурнемаут веќе се премиерлигаши со освоените први две места во Чемпионшип.
Спорт
„Црвените“ не се предаваат – победа во Саутемптон, шампионот ќе се знае во последното коло

Ливерпул на Јирген Клоп во последните години изградија имиџ на тим кој никогаш не се предава, што уште еднаш го покажаа вечерва на гостувањето на „Сент Мерис“, каде што стигнаа до тешка 2:1 победа над Саутемптон, за да осигураат шампионот на Англија да биде неизвесен до последното, 38. коло.
Манчестер сити останува фаворит да го крене трофејот, бидејќи во последното коло ја пречекува Астон вила (со поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард на клупата), додека Ливерпул игра дома со Вулверхемптон – Сити има еден поен предност пред „црвените“.
Почетокот на југот на Англија не ветуваше многу за Ливерпул – Нејтан Редмонд постигна фантастичен гол во 13. минута за водство на Саутемптон, меѓутоа, Такуми Минамино (кој лани беше позајмен фудбалер токму во Саутемптон), одговори со убав гол по асистенција на Диого Жота во 27. минута. Ливерпул имаше доминација на топката, со над 70 отсто посед, но домаќините беа сигурни во одбраната до 67. минута, кога по еден корнер, Жоел Матип ја смести топката во мрежата за големи три поени.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));
Спорт
Почина германската кошаркарска легенда Адемола Окулаџа

Адемола Окулаџа, поранешниот германски репрезенативец, починал на 46 години, објавија германските меиуми.
Окулаџа, чиј татко беше Нигериец, а мајка Гемранка, почна со кошарка во Северна Каролина, каде што беше дел од олтар-тимот во 1999 година по што се пресели во Европа, каде што играше во Алба Берлин, Барселона, Уникаха, Брозе Бамберг, Химки Валенсија. Во 1994/95 тој беше дел од тимот на Алба Берлин, кој го освои Купот на Радивое Корач.
Тој двапати играше на Светското првенство и петпати на ЕП со Германија за вкупно 172 настапа и освојување на бронзениот медал на СП во 2002 покрај Дирк Новицки.
Во 2008 Окулаџа потврди дека страда од тумор во ‘рбетниот столб, но се врати на кошарката и се пензионира во 2010 година. По ова, тој беше агент и коментатор на германската ТВ.