Спорт
Швјонтек со порака за Украина: Останете силни!

Полјачката Ига Швјонтек го зацементира својот статус на најдобра тенисерка на светот по победата над Коко Гоф во финалето на Ролан Гарос, по што во победничкиот говор даде поддршк на Украина.
Швјонтек цел турнир го играше со лента во боите на украинското знаме на својата капа и постојано зборуваше за воената состојба во Украина
„Би сакала да кажам нешто за Украина. Останете силни, војната уште е тука“, изјави светската тенисерка број 1.
After winning the French Open, Polish World No1 @iga_swiatek ended her speech with a message for Ukraine.
She has been drawing attention to the Russian invasion since day 1, bringing it up in her winning speeches and playing with a Ukrainian ribbon.
Standing ovation!
???? pic.twitter.com/pkS8QaU0qe
— Visegrád 24 (@visegrad24) June 4, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн за Дијаз подготви 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул.
Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред неколку дена, но челниците на клубот од „Енфилд“ ја отфрлија без размислување.
„Билд“ тврди дека челниците на Баерн доцна синоќа испратиле понуда од 85 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, за колумбискиот репрезентативец, кој пред две недели донесе одлука да го напушти Ливерпул.
Многумина веруваат дека оваа понуда ќе биде прифатена и дека Дијаз ќе биде нов член на Баерн од понеделник.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓокереш официјално е играч на Арсенал

Виктор Ѓокереш е новиот играч на Арсенал, 27-годишниот напаѓач денес ги помина медицинските тестови во Лондон и потпиша договор со гигантот од „Емирати“.
Најголемото воодушевување беше забележано кај Микел Артета, кој верува дека конечно доби напаѓач кој може да постигне најмалку 20 голови во една сезона.
„Воодушевени сме што го пречекуваме во клубот. Неговите голови зборуваат за него. Има толку многу квалитет, брз е, силен, со неверојатни бројки. Возбудени сме од она што може да ни го донесе. Нему и на неговото семејство му посакуваме добредојде во Арсенал“, рече Артета.
Патем, Џокерес го зеде бројот 14 во Арсенал.
Извонредниот Швеѓанец минатата сезона за Спортинг постигна 54 голови на 52 натпревари.
Арсенал за трансферот издвои 63,5 милиони евра, а дополнителни 10 милиони Спортинг може да заработи преку дополнителните бонуси.
Foto/ arsenal.com
Спорт
ПСЖ мора да го продаде Донарума

Каде ќе брани еден од најдобрите голмани во светот во новата сезона?
Како што стојат работите, тој нема да биде во Пари Сен Жермен. Како што објави „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Лекип“,бигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед се вклучиј во трката за потписот на Џиџи Донарума.
Во последните денови, се повеќе се навестува дека иднината на Донарума во Франција е сериозно доведена во прашање. Неговиот договор важи само до 30 јуни 2026 година, а преговорите за продолжување се во ќорсокак.
Пари Сен Жермен не сака да дозволи уште една ѕвезда од тимот да си замине без обештетување и се чини дека затоа одлучиле да го продадат одличниот голман ова лето.
По тој повод, „Лекип“, пишува дека Манчестер Јунајтед и Сити им се придружија на Челзи и Галатасарај, кои беа поврзувани со Донарума уште претходно.
Доколку се врати во Серија А, единствените веројатни кандидати би биле Интер и Јувентус, наведува „Фудбал Италија“.
Италијанецот беше еден од најдобрите играчи на Пари Сен Жермен минатата сезона на патот кон освојување на Лигата на шампионите.
Во исто време, ПСЖ бара негов наследник, а изборот наводно паднал на Лука Шевалие, голманот на Лил.