Спорт
Швјонтек во финалето во Париз со шанса да го израмни рекордот на Венус!

Светската тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек по вторпат се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако за само 64 минути ја декласираше Руинката Дарја Касаткина за неверојатен 34. триумф во низа.
Шампионката од Париз од 2020, сега ќе има шанса да го израмни рекордот на Американката Венс Вилијамс со најдолга победничка серија (поставен во 2000), ако го добие саботното финале против Американката Коко Гоф или Италијанката Мартина Тревизан.
21-годишната Швјонтек освои пет последователни гема од крајот на првиот сет до почетокот на вториот, освојувајќи 20 од 25 поени во тој дел против Касаткина, за која ова беше прво гренд слем полуфинале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Њукасл го „масакрираше“ Шефилд јунајтед со осум „парчиња“

И пред стартот на сезоната, Шефилд јунајтед беа меѓу првите кандидати за експресно враќање во Чемпионшип, но ниту нивните најлути ривали не очекуваа „блејдс“ да доживеат вистински потоп против Њукасл јунајтед, губејќи со 0:8 на „Брамал лејн“.
Гостите победата ја осигураа во период од 15 минути во првото полувреме со головите на Шон Лонгстаф (22.), Ден Брн (31.) и Свен Ботман (35.), но судбината на тимот на Пол Хекингботам изгледаше очајно во второто полувреме. Калам Вилсон (56.), Ентони Гордон (61.), Мигуел Алмирон (68.), Бруно Гимараеш (73.) и Александер Исак (87.) го декласираа домаќинот.
Ова е трета победа во шест кола за Њукасл (со што се израмнети со Манчестер јунајтед), додека Шефилд се на последното место со 1 поен, колку што имаат и другите два нови премиерлигаши, Барнли и Лутон.
Спорт
Два гола и една асистенција за Миовски во шкотската Премиерлига

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува да „тресе“ за Абердин во шкотската Премиерлига, откако го предводеше својот тим до 4:0 победа над Рос каунти со два гола и една асистенција за само 54 минути на теренот.
Миовски го отвори резултатот во 21. минута, во 48. минута му асистираше на Мекгрет за 3:0, за во 54. минута да го постигне и својот втор гол за фантастична победа.
Ова е само прва победа за Абердин во првите пет кола од новиот шампионат и тие се на претпоследното место на табелата со 5 освоени поени.
BM 9⃣ is our Halliburton Man of the Match 🔥#StandFree pic.twitter.com/9aCeLOquVN
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) September 24, 2023
Aberdeen are in cruise control at Pittodrie! 🎯
⏱️ 48' Jamie McGrath nets the third
⏱️ 52' Bojan Miovski makes it four#BBCFootball pic.twitter.com/hsExGMEQue— BBC Sport Scotland (@BBCSportScot) September 24, 2023
Спорт
Прва лига: Шкендија на врвот, Струга ТЛ подобра од Работнички, Гостивар го победи Вардар

Шкендија ја победи Македонија ЃП со 1:0 и сега е осамена на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Ералдо Чинари беше стрелец на победничкиот гол во 59.минута од дуелот.
Брера и Силекс ремизираа во Струмица, 1:1. Марко Ѓорѓиевски се погрижи за 0:1, а Анѓелески во 58.минута не реализира пенал за гостите. Брера успеа да израмни и да освои бод со голот на Трајков во 76.минута.
Струга Трим Лум го победи Работнички со 1:0. Бесарт Ибраими не успеа да искористи пенал, но младиот дефанзивец Идризи го постигна голот за триумф во 50.минута од мечот.
Шкупи со пресврт дојде до триумф од 2:3 на гости против Воска. Домаќините експресно поведоа преку Марушиќ, но потоа голманот Велии направи грешка што ја искористи Суад Сахити.
Дуду во 33.минута се погрижи за пресврт од 1:2, а Арби Воша зголеми на 1:3. Марушиќ од пенал намали на 2:3 во 82.минута.
Гостивар го победи Вардар на СЦ „Борис Трајковски“ во Маџари со 0:2 и го испрати на дното на табелата. Новото засилување Кенхинде со удар со глава донесе предност за гостиварци, а Гоба на крајот го потврди триумфот.
Тиквеш во Кавадарци со пресврт дојде до триумф од 2:1 против Брегалница. Штипјани до предност дојдоа во 28. минута со голот на Колин Андерсон. Сепак, по грешката на Лвалива, Спахиу израмни на 1:1 во 59. минута. Брегалница не искористи пенал преку Венегас во 69.минута, а Иван Ивановски постигна победнички гол за Тиквеш.