Спорт
Си-би-ес: Роналдо добил понуда од 216 милиони евра
Ал-Наср, клуб од Саудиска Арабија, му понудил тригодишен договор вреден 216 милиони евра на Кристијано Роналдо, тврди Си-би-ес спорт. Да потсетиме, Манчестер јунајтед го раскина договорот со Роналдо, што се очекуваше по долгиот спор меѓу славниот Португалец и англискиот премиерлигаш.
Си-би-ес наведува дека Ал-Наср долго време е заинтересиран за Роналдо и не е единствениот клуб од Блискиот Исток кој би сакал да го доведе. Интересот на клубот бил „посилен од кога било“ и поради тоа биле подготвени да му понудат околу 70 милиони евра годишно.
„Разговорите започнати во текот на летото напредуваа, но се чека одлуката на Роналдо. Доколку тој ја прифати понудата, договорот експресно ќе биде склучен“, објави Си-би-ес.
Роналдо во моментов го игра последното Светско првенство со Португалија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Факундо Мура се договорил со Интер
Аргентинскиот десен бек Факундо Мура ја продолжува својата кариера во Соединетите Американски Држави. Иако Ривер Плата исто така беше заинтересиран за него, Мура наводно се договорил со Интер од Мајами, каде што ќе им се придружи на Лионел Меси и на растечката аргентинска колонија.
Мура ќе го потпише договорот до декември 2029 година, со што ќе заврши неговиот четиригодишен престој во Расинг. Тој ја напушта својата татковина за прв пат.
Ривер Плата се обиде да го задржи Мура во Аргентина со долгорочен договор.
Преговорите со Интер Мајами накратко заглавија поради несогласувања околу условите, па играчот побара време да ги разгледа сите опции. Сепак, откако американскиот клуб испрати подобрена понуда, Мура донесе конечна одлука и пристигна во Мајами како слободен агент.
Мура го напушта Расинг по многу успешни четири години во кои ги освои Копа Судамерикана, Рекопа Судамерикана, Трофео де Кампеонес и Суперкуп Интернационал.
Тој одигра речиси 150 натпревари за клубот од Авељанеда, постигна 12 гола и забележа 15 асистенции.
За Мура, кој претходно играше за Естудијантес и Колон, ова ќе биде prv angaman vo stranstvo. Во Интер, тој им се придружува на актуелните шампиони на МЛС и бројни сонародници, меѓу кои се најголемата ѕвезда Лионел Меси, но и Родриго Де Пол, Томас Авилес и Гонзало Лухан.
Спорт
Ферстапен: Половина од тимовите би биле дисквалификувани доколку темелно се врши контрола по секоја трка
Формула 1 сè уште не влегла во сезоната 2026, а веќе се соочува со сериозни контроверзии. Во центарот на вниманието е Макс Ферстапен, четирикратниот светски шампион, кој изнесе загрижувачки тврдења за техничките контроли на болидите.
Во интервју за шведските медиуми, возачот на Ред Бул рече дека многу тимови намерно ги поместуваат границите на прописите и често избегнуваат казни само затоа што не се темелно проверени по секоја трка.
„Сите бараме ограничување. Понекогаш сè оди непречено затоа што сè не е секогаш контролирано. Ако секој автомобил беше проверен по секоја трка, половина од тимовите би биле нерегуларни“, рекол Ферстапен.
Контролите во Формула 1 ја вклучуваат тежина на автомобилот, параметри на хибридниот систем, горивото, аеродинамика и подот, но ФИА нема капацитет детално да го проверува секој автомобил секој викенд.
Неговите зборови добија дополнителна тежина поради сезоната 2025, која беше обележана со бројни дисквалификации.
Ферари остана без пласман во Кина поради технички неправилности на болидите на Шарл Леклер и Луис Хамилтон, додека Пјер Гасли и возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, доживеаја слична судбина во Лас Вегас.
Дисквалификацијата на Мекларен, според Верстапен, дополнително го искомплицира шампионатот.
„Тоа беше ран божиќен подарок за мене, што ја направи сезоната повозбудлива“, рече Холанѓанецот, кој на крајот ја загуби титулата со само два бода разлика од Норис на последната трка во Абу Даби.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лацио заинтересиран за Лазар Самарџиќ
Италијанскиот великан Лацио е заинтересиран за купување на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ.
Со решавањето на финансиските тешкотии, Лацио повторно е активен на пазарот и има намера да донесе сериозни имиња во зимскиот преоден рок.
Според „Газета дело спорт“, Маурицио Сари сака да го засили тимот со играч од средниот ред, а прв пик му е Самарџиќ.
„Сари го посочи потпишувањето на квалитетен играч од средниот ред како врвен приоритет. На тренерот му се допаѓа Лофтус-Чик, но тешко е дека може да му го „украде“ на Милан, а и неговата плата е превисока. Малку помалку комплицирано, а подеднакво привлечно за тренерот, е доведувањето на Самарџиќ од Аталанта. Клубот од Бергамо му плати на Удинезе 20 милиони евра за него и, очигледно, нема да прифатат понуди пониски од тоа“, се вели во текстот.
Лацио е осми на табелата со 23 бода и во случај на добро продолжение на сезоната, може да обезбеди пласман во европските натпреварувања, додека Аталанта е нивен конкурент со бод помалку и позиција подолу.
Лазар Самарџиќ одигра вкупно 18 натпревари оваа сезона за Аталанта во Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија, постигна три гола и забележа две асистенции.
Foto/ freerangestock

