Спорт
Силвињо доби албанско државјанство

Бразилецот Силвињо доби албанско државјанство, во знак на благодарност што со националниот тим избори на Европското првенство.
Покрај Силвињо, албанско државјанство добија и неговите помошници Италијанците Лука Лауренти и Џанлука Стесина и Аргентинецот Пабло Забалета.
Церемонијата за добивање државјанство се одржа во Лушње, град на 80 километри од главниот град Тирана.
Албанија на Европското првенство ќе игра во групата Б заедно со Италија, Хрватска и Шпанија.
Договорот на Силвињо со Албанија истекува на крајот на Европското првенство, но челниците на националниот сојуз изразија желба да ја продолжат соработката со бразилскиот селектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џиџи Буфон: Не може секој голман да го прави она што го прави Свилар

Легендарниот Џанлуиџи Буфон, еден од најдобрите голмани на сите времиња, со ентузијазам зборуваше за Миле Свилар, голманот на Рома.
Буфон не штедепше комплименти за Свилар откако Рома и Јувентус ремизираа (1:1) во Серија А.
„Зборовите кои се потрошени на него во последните две години се вистинити, тој тоа го потврдува секогаш кога ќе стапне на теренот и импресионира“, изјави славниот голман на Парма, Јувентус и ПСЖ.
Потоа откри што е она што го издвојува од останатите голмани.
„Тој прави работи што не може секој да ги направи“, рече рекордерот на Италија по бројот на настапи за националниот тим (176) за Свилар, кој собра шест одбрани во дерби колото во Серија А.
Моментално, Свилар е изедначен со Јан Сомер со 12 меча без примен гол во лигата.
Спорт
(Видео) Маестрален гол на Меси во ремито на Мајами

Лионел Меси повторно постигна гол, но тоа не беше доволно за Интер Мајами да ги освои трите бода во дуелот против Торонто во МЛС лигата.
Натпреварот заврши со резултат 1:1, со два прекрасни гола и уште еден кој му беше поништен на Меси.
Меси постигна гол во 39. минута од работ на шеснаесетникот во негов стил биеше во десниот агол на голманот. Следуваше голема радост, која беше прекината бидејќи судијата по консултација со ВАР оцени дека Аргентинак направил прекршок на стартот од акцијата.
Двата гола беа постигнати во судиското надополнување на првото полувреме. Торонто поведе по соло акцијата на Италијанецот Федерико Бернардески во втората минута од судиското надополнување.
Сепак, Меси успеа да израмни во петтата минута од судиското надополнување. Од работ на шеснаесетникот, Меси со полуволеј ја испрати топката во долниот лев агол.
Во преостанатиот дел од натпреварот Интер доминираше, имаше дури 11 удари кон голот на ривалот, но резултатот не се промени.
Спорт
(Видео) Јокиќ брилијантен, Денвер Нагетс повторно поразени

Денвер загуби од Индијана 120:125 и покрај тоа што Никола Јокиќ одигра уште еден маестралнен натпревар. Српскиот центар го забележа 32.трипл-дабл во сезоната и сега е единствен со ваков учинок во една сезона, кога станува збор за високите кошаркари. На листата го мина легендарниот Вилт Чембрлен.
Актуелниот МВП, Никола Јокиќ, натпреварот го заврши со 41 поен, 15 скока и 13 асистенции. Кристијан Браун постигна 30 поени, осум скока и четири асистенции, Расел Вестбрук 16 поени, пет скока и четири асистенции, а Мајкл Портер 15 поени, шест скока и четири асистенции.
Индијана ја предводеа Мајлс Тарнер со 24 поени и Оби Таупин, кој само вторпат сезонава беше стартер со 22 поени. Ендрју Нембхард додаде 19 поени и шест скока, а Тајрис Халибартон девет поени и 14 асистенции.
Денвер моментално е четврти на Западот со скор 47-32, додека Индијана е на истата позиција во Источната конференција со скор 47-31.
НБА, резултати:
Шарлот – Чикаго 117:131
Бруклин – Торонто 109:120
Оклахома – ЛА Лејкерс 99:126
Портланд – Сан Антонио 120:109
Кливленд – Сакраменто 113:120
Бостон – Вашингтон 124:90
Атланта – Јута 147:134
Њујорк – Феникс 112:98
Денвер – Индијана 120:125
Голден Стејт – Хјустон 96:106
Њу Орлеанс – Милвоки 107:111