Спорт
Симеоне најмногу заработува од тренерската фела
Предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне (48), е најплатениот тренер во светот на фудбалот, пишува „Франс фудбал“.
Чоло има годишна заработка од 41 милиони евра. Аргентинецот е тренер на Атлетико од 2011 година, во февруари ја продолжи соработката со клубот до 2022 година.
Второто и третото место на листата е резервирано за тренери кои во моментов се без работа Жозе Мурињо и Тиери Анри.
Мурињо во декември минатата година доби отказ во Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа во сезоната 2019/2020 тој заработил 31 милиони евра, додека Анри, кој само три месеци се задржа на клупата на Монако, инкасирал неверојатни 25,5 милиони евра.
Во Топ десет се наоѓаат уште и Пеп Гвардиола (Манчестер сити/ 24 милиони евра), Ернесто Валверде (Барселона/23), Арсен Венгер (ек-Арсенал 20,5), Фабио Канаваро (Гвангжу Евергранде/15), Масимилијано Алегри (Јувентус/13,5), Марчело Липи (репрезентација на Кина/13), Јирген Клоп (Ливерпул/13), Леонардо Жардин (Монако/13).
Межу 20 најплатени тренери во светот се и двајца што потекнуваат од Балканот, тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач (7,5 милиони евра), кој го „дели“ 16. место со Зинедин Зидан од реал и Виктор Переира од Шангај СИПГ, односно Драган Стојковиќ-Пикси (7 милиони евра) тренерот на Гунгжу РФ е на 19. место.
Top 20 paid managers in football in 2018/19 [France Football] pic.twitter.com/Klv7xg89aF
— Bayern & Die Mannschaft (@eMiaSanMia) April 1, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Модриќ: Фудбалот понекогаш е суров
Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ во солзи го дочека крајот на натпреварот против Италија (1:1). Закањи во 98.минута изедначи и ја однесе Италија во осминафиналето, додека Хрватите се пред елиминција од ЕП.
„Не знам што да ви кажам. Фудбалот понекогаш е суров. Што е, е тука. Не заслуживме да примиме ваков гол. Не знам каде судијата најде осум минути за надоплнување. Ако мора да паднеш, треба да паднеш како ние денес Не е утеха, но фудбалот е суров“, низ солзи изјави Модриќ.
„Жал ни е што не победивме за пласман во вториот круг. Теоретски можеме да поминеме, но работите никогаш не ни се поклопиле. Минатиот натпревар во 95. минута, сега во 98. минута… Се покажа дека фудбалот е суров, ќе видиме дали е време да се збогуваме, сега не е време за тие приказни“, изјави Мориќ за ХРТ.
Спорт
(Видео) Кикс на Бразил, победа на Колумбија
Бразил, еден од фаворитите на Копа Америка, потфрли во првиот натпревар. Бразилците одиграа 0:0 против Костарика. Во вториот меч во групата Д, Колумбија го победи Парагвај со 2:1.
Бразилците предводени од Рафиња, Родриго и Винисиус Жуниор во шпицот беа нервозни и деконцентрирани, крајниот резултат е показател на таквата игра.
Маркињос постигна гол за Бразил, но тој беше поништен поради минимален офсајд. По мечот, Костариканците славеа како да победиле, како самите да не очекуваат дека ќе останат непоразени.
Колумбија го победи Парагвај со 2:1 (2:0) и со тоа го зазеде лидерското место во групата.
Блескаа фудбалерите на Кристал Палас, стрелци на двата гола за Колумбија.
Даниел Муњоз ја доведе Колумбија во водство во 32. минута, а пред крајот на првото полувреме за 2:0 погоди Џеферсон Лерма.
Во продолжение Парагвај во 69. минута преку Хулио Енсисо само успеа да го ублажи поразот за конечни 2:1.
Спорт
(Видео) Закањи во 98.минута ја шокира Хрватска, Шпанија пресилна за Албанија
Актуелниот европски првак Италија на нестварен начин избори место во осминафиналето на Европското првенство. Италија извлече реми 1:1 против Хрватска со голот на Закањи во 98.минута. Хрватска е елиминирана од ЕУРО 2024, исто како и Албанија која загуби од Шпанија 0:1.
Закањи е херојот на Италија, во 98.минута акцијата на Калафиори ја заврши со брилијантен гол.
Претходно Хрватска поведе со голот на Модриќ во 55.минута. Капитенот на Хрватска влезе во историјата на ЕП, со 38 години и 239 дена стана најстар стрелец. Една минута претходно Донарума му одбрани пенал на Модриќ.
Шпанија и со „втората“ постава немаше проблеми со Албанија. Едеен гол го реши победникот. Стрелец беше Феран Торес во 13.минута.
Шпанија ја освои Б групата со три победи, Италија е втора со четири, Хрватска освои два, а Албанија еден бод.