Спорт
Симона Халеп нема да учествува на САД опен?
Шампионката од Вимблдон, Симона Халеп, ќе биде првото големо тениско име кое официјално ќе се повлече од САД опен поради загриженоста за безбедносните мерки на гренд слем турнирот, јавува романскиот „Евроспорт“.
Според овие извори, поранешната светска тенисерка број 1 решила да ја заврши сезоната 2020 со само европски турнири вклучувајќи го и „Ролан Гарос“, кој ќе се одржи неколку недели по гренд слемот во Њујорк и нема да патува на азиската турнеја.
Неодамна Халеп изрази голема загриженост за мерките што се најавени за САД опен како ограничување на бројот на членови на нејзиниот тим.
„Имам многу проблеми со тие мерки. Не само поради тоа што сме среде пандемија, туку бидејќи постои опасност од патувањето и потенцијалниот карантин“, изјави тогаш Халеп.
Се стравува дека Халеп е само една од повеќето големи тениски имиња што нема да бидат на Флешинг Медоуз. Новак Ѓоковиќ призна дека ограничувањата ќе бидат проблем, а Рафа Надал изјави дека во вакви услови е тешко да се патува на турнир. Денеска, пак, Ник Кирјос изјави дека се работи за себична одлука за одржување на турнирот поради тоа што само Американците сакаат да организираат таков турнир.
Confirmed! Halep is not playing Us Open & Asia tournaments. She will play only in Europe https://t.co/jnpUo0barK
— Elena (@elenaclaudia22) June 16, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

