Спорт
Симоне Инзаги го презеде Интер

Фудбалскиот клуб Интер го претстави новиот тренер, кој доаѓа на местото на Антонио Конте. Интер, од денес, го предводи Симоне Инзаги.
Поранешниот тренер на Лацио, ќе има тешка задача да ја одбрани шампионската титула, која Конте со неговите играчи ја братија на „Џузепе Меаца“ по 11 години.
Симоне Инзаги и пред официјалната промоција разговарал со најдобриот играч на Интер, Ромелу Лукаку и добил уверување дека тој ќе остане во клубот.
Интер и Инзаги потпишаа договор кој ќе важи до јуни 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еспањол продаден за 200 милиони евра

Фото/ EPA-EFE/ANDREU DALMAU
Фудбалскиот клуб Еспањол од Барселона наскоро ќе има нови сопственици.
Според „Марка“, станува збор за американскиот инвестициски фонд „Велосити Спорт Партнерс (ВСП)“, основан и управуван од бизнисменот Алан Пејс.
Овој фонд е и мнозински сопственик на англискиот премиерлигашки клуб Брајтон.
„Марка“ пишува дека целата трансакција изнесува 200 милиони евра, од кои 180 се инвестиции со кои новите сопственици ќе преземат 99 отсто од акциите во клубот, а дека дополнителни 20 ќе бидат издвоени како стимулација поврзана со перформансите и целите за перформанси.
„Ова е една од најголемите инвестиции во шпанскиот фудбал во последните години“, пишува „Марка“.
Конечниот договор меѓу двете страни, старите и новите сопственици, е постигнат по три месеци интензивна проверка на сите документи, договори и внатрешната структура на клубот.
Се очекува договорот да биде финализиран следната недела, со што би започнала нова ера на Еспањол, чиј прв чекор со новите сопственици би бил зајакнување на тимот за следната сезона.
Спорт
Еклстоун: Хамилтон освојуваше шампионски титули кога конкуренцијата беше послаба

Фото/ EPA/ANNA SZILAGYI
Луис Хамилтон(40) ја вози следната трка пред домашната публика. Британецот девет пати ја освои Големата награда на Велика Британија, што ниту еден друг возач не успеа да го направи. Сепак, и покрај тоа што ќе во вози на британска почва во Силверстоун, прогнозите за седумкратниот светски шампион овој викенд не се особено оптимистички.
Хамилтон се мачи во првите месеци од соработката со Ферари, прв пат откако се појави во Формула 1 во 2007 година, во воведните 11 трки нема ниту еден пласман на подиумот.
Поради ова, се појавија сомнежи дали некогаш ќе ја видиме доминантната верзија од него што некогаш ја прикажуваше, кога беше еден од најголемите таленти во историјата на овој спорт.
Последниот што тврди дека Хамилтон никогаш повеќе нема да ја освои светската титула е поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун.
„Дали ќе освои уште една титула? Не“, изјави тој за Скај Спортс.
„Мислам дека имаше среќа што беше таму во период кога… всушност, немаше премногу конкуренција, па беше малку полесно. А сега има сериозни ривали, додека во времето кога победуваше, немаше многу од нив. Победуваше кога конкуренцијата беше послаба.“
Вистина е дека соочувањето со реалноста беше тешко за сите што очекуваа чуда од комбинацијата на Ферари и најуспешниот возач во историјата. Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман со 91 поен и далеку зад колегата Шарл Леклер, кој успеа барем еднаш да заврши на подиумот.
Спорт
Мексико и САД ќе играат во финалето на Голд Купот

Фото/ EPA/JOHN G. MABANGLO
Бранителот на титулата Мексико ќе се соочи со домаќинот САД во финалето на Голд Купот, првенството на Северна и Централна Америка.
Мексиканците го победија Хондурас со 1-0 во полуфиналето, додека Американците беа подобри од Гватемала со 2-1.
Бранителот на титулата стигна до финалето благодарение на голот на Раул Хименез. Напаѓачот на Фулам погоди во 50-та минута.
Американците се пласираа во финалето благодарение на Диего Луна. Фудбалерот на Реал Солт Лејк ги постигна двата гола, во четвртата и 15-та минута. Олгер Ескобар го постигна единствениот гол за Гватемала во 80-та минута.
Финалето ќе се игра рано наутро во понеделник по македонско време, во 1:00 часот по полноќ, во Хјустон.
Голд Купот се игра од 1991 година, а во досегашните 17 изданија, Мексико победи девет пати, САД седум, а Канада еднаш.