Спорт
Симоне Инзаги пред отказ во Интер

По новиот пораз на Интер, во клубот има кризна ситуација, а следува куп дуелот со Јувентус. Италијанските медиуми веќе ја „бараат главата“ на Симоне Инзаги, а серијата лоши резултати го ставија Интер во ситуација да стравува за Лигата на шампионите.
Колку лошо игра Интер, доказ е тоа што Јувентус има само шест бода помалку, иако е казнет со одземање на 15 бода.
Во секој случај, Инзаги има уште малку време на располагање. Се шпекулира дека клучните натпревари, покрај веќе споменатиот против Јувентус во Купот на Италија, се следниот викенд и гостувањето во Салерно, а потоа и пресметката во ЛШ против Бенфика. Доколку нема подобрување, клубот нема да чека и ќе го смени Инзаги.
Нема простор за шпекулации дека големо тренерско име би можело да седне на клупата во овој момент од сезоната.
Најверојатно клубот ќе се одлучи за внатрешно решение. Естебан Камбијасо има лиценца, но Аргентинецот наводно нема да прифати да ја чува клупата за некој друг. Затоа пак Кристијан Киву е расположен да ја преземе. Романецот работи во младинската школа, има лиценца и би можел да ја заврши сезоната како тренер на сениорскиот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Монеке во Звезда

Неодамнешниот кошаркар на Басконија, Чима Монеке, ќе стане нов играч на Црвена Звезда, со која ќе потпише двегодишен договор, објавува грчкиот „Јурохупс“.
Црвено-белите на тој начин ќе се засилат на позицијата „четворка“, а се очекува наскоро и Семи Оџелеј од Валенсија да го потпише договорот.
Монеке е член на Басконија од 2023 година, а пред тоа кратко играше за Монако.
Една сезона беше и во НБА лигата, каде го носеше дресот на Сакраменто Кингс.
Едно време, во Лигата на шампионите на ФИБА 2022, кога играше за Манреза, беше прогласен за најдобар играч на тоа натпреварување.
Спорт
Плоштад Санти Казорла

Градот Овоедо на посебен начин ќе му се одолжи на Санти Казорла, 40-годишениот фудбалер, кој во саботата со Реал Овиедо по 24 години се врати во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Кога Казорла имал 16 години, клубот од неговиот роден град испадна во Сегунда, во 2003 година се беше пред банкрот и гаснење,.
Клубот успеа да опстане се пресели во Третата лига, но финансиските проблеми повторно му се заканија на клубот во 2012 година. Навивачите тогаш собираа пари, а им се приклучија и ентузијасти, поранешни фудбалери меу кои и Казорла.
Санти Казорла, потоа реши да се врати дома, одбивајќи неколку финансиски одлично понуди.
Тој ги окарактеризира финалните натпревари од плејофот како најголеми во неговата кариера, а во кариерата два пати бил европски првак со Шпанија.
Затоа, градоначалникот на Овиедо, Алфредо Кантели, одлучи името на Казорла засекогаш да биде поврзано со градот.
Плоштадот и фонтаната каде што навивачите на Овиедо обично ги слават победите повеќе нема да се нарекуваат „Плоштад Америка“, туку „Плоштад Санти Казорла“.
🔵 ¡ÚLTIMA HORA! El Alcalde de Oviedo, Alfredo Canteli, anuncia que la 'Plaza América' de Oviedo pasará a llamarse 'Plaza Santi Cazorla' pic.twitter.com/LlihTcQ9PR
— Tiempo de Juego (@tjcope) June 22, 2025
Спорт
Ансу Фати е пред трансфер во Монако

Ансу Фати, некогаш вундеркиндот на Барселона, би можел да го засили Монако ова лето.
Играчот кој важеше за најголем талент во Барселона пред Ламин Јамал да се појави на големата сцена, треба да помине медицински прегледи во текот на неделата и да потпише за клубот од Кнежевството.
Станува збор за позајмица, но Монако потоа би имал можност да го откупи договорот на Фати од каталонскиот клуб.
Со 16 години и 304 дена, Фати беше најмладиот стрелец во историјата на Барселона и е се сметаше за наследник на Меси, но потоа повредат на коленото речиси му ја уништи кариерата.
Минатата сезона, тој настапи само на шест натпревари и јасно е дека не е во плановите на тренерот Флик.
Затоа, преселбата во Монако би можела да биде можност за 23-годишниот напаѓач да ја оживее својата кариера по долг период на стагнација.